Па не е она Снеже да промовира непотребен патриотизам на српско музичко шоу.
Да се разбереме, шоуто се вика Икс Фактор АДРИА и е регионално шоу, а не српско, само се организира во Белград. Зборувањето на македонски јазик не е промовирање непотребен патриотизам, туку нешто сосема нормално со оглед на тоа дека и македонска телевизија учествува во организацијата т.е пренесувањето. Кога го најавуваат шоуто велат само на ТВ ПИНК и ТВ СИТЕЛ, така што сосема е нормално Снеже да зборува на македонски, а Калиопи бидејќи е гостин може и на кинески да зборува, тоа си е веќе нејзин избор.
Еве ја мојата стандардна анализа почнувајќи од кандидатот кој испаднал.
Харис - значи конечно. Време му беше да испадне, според мене премија е што воопшто стигна до тука. Уште стојам на тоа дека требаше Милош место него да оди на живите настапи. Иако денес имаше солиден настап со Није хјтела и песната за спас, сепак гласот му е детски. Џабе ќе испее чисто и точно, кога се осеќам како да сум на Златно славејче. И Илма е тука некаде со години, па девојката растура и дефинитивно и е местото на ова натпреварување за разлика од Ќато.
Е сега одиме...
1.
Тамара - песна која и одговараше на нејзиниот глас, но што знам, песната ко песна ми е онака лесно влага у уво, уште полесно излегува. Ми требаа неколку минути да се сетам што пееше, но пак ќе кажам солидно испеано, само мене песната не ми се свиѓа.
2.
Даниел - Најдобриот негов настап, уште плус има што пееше една од моите омилени песни ever. Прекрасно ја испеја песната, немам дури ни коментар. Се воодушевив. Крај.
3.
Лукијан - Па добро бе Емина, од сите ПРЕКРАСНИ ПЕСНИШТА на Оливер, мораше оваа да му ја даде. Безлична, монотона, песнава отпеана и од самиот Оливер е никаква, а не па од Лукијан кој е почетник. Виновникот што Лукијан се најде во оваа ситуација е Емина и само Емина. Лукијан има ѕвезда, фино и културно момче, талентирано (иако има одреден жанр кој му лежи, како и кај сите впрочем) и заслужи да остане.
4.
Илма - Илма ретко греши во пеење, песната си ја испеа точно и одлично, но по мој вкус премногу викаше и не ја долови онака како што јас сметам дека таа песна треба да се изнесе. Mercy ја изведе 1000 пати поубаво.
5.
Маид - Ок испеано, ама претходниот настап му беше подобар. Коректно, ама некако не ме допре.
6.
Алекса - Знам дека многумина не го сакаат, но одлично си ја заврши работата. Најдобар негов настап по оној со црвената кошула. Ми се допадна како ја донесе песната. Не заслужи сега да биде номиниран.
7.
Доктори - Мене ми е беа супер, ускладени, ме бендисаа. Генерално има одбивност кон нив затоа што се бој-бенд, но добро си ја завршија задачата.
8.
Александра - Втор најслаб настап, после оној со Тек је 12 сати. Досадно ја испеа, некако монотоно, безживотно. Не ми се допадна ич.