Awake

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се другите полоши од пилотот подобро ич да не ја гледам, зошто сериозно пак, пилотот не е ништо спектакуларно. Веројатно е една од оние приказни која те погодила на некакво ниво па си ја преценил. Јас искрено мислам дека пилотот на Touch е многу подобар од овој, макар што Touch како серија брзо видов дека не оди никаде.

Сепак, вака како што го гледам и wot нервозен, сигурен сум дека серијата е добра. Има ли барем вистински крај? (Со оглед на тоа што е укината). Дали има некаква целина или брутално е поминат ножот?
 
Ако се другите полоши од пилотот подобро ич да не ја гледам, зошто сериозно пак, пилотот не е ништо спектакуларно. Веројатно е една од оние приказни која те погодила на некакво ниво па си ја преценил. Јас искрено мислам дека пилотот на Touch е многу подобар од овој, макар што Touch како серија брзо видов дека не оди никаде.

Сепак, вака како што го гледам и wot нервозен, сигурен сум дека серијата е добра. Има ли барем вистински крај? (Со оглед на тоа што е укината). Дали има некаква целина или брутално е поминат ножот?
Не велам дека другите се полоши, туку не се на исто ниво. Исто како што втора, трета, шеста од Lost не се како пилотот. А за тоа дали има вистински крај, вечер ќе ја гледам последната епизода, па ќе пишам овде мислење. Се надевам дека ќе завршат with a bang.
 
Не е LOST, или V, Flashforward или слични, нешто епик да се дешава во секоја епизода, али на толку драма мене доста добро ми го задржа вниманието, серија со потенцијал, квалитетна глума и риповите изгледаат толку добро, што можат да подзавидат тие од Хаус или незнам, можеби е до камерата. Мене ми беше доста интересна. Ќе пишам околу крајот.
 
Суша е за Sci-fi мистерии и пак ги укинуваат. Од сите што почнав да ги гледам само LOST и Fringe преживеаја. Затоа не ми се почнува серија, подобро да ја загледам после 2-3 сезони.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
wow... што беше ова? Ај ќе пишам утре кога ќе ги средам малку впечатоците. А и секако моментално никој ја нема гледано последнава епизода, па нема поента да анализирам.

Инаку, да повторам:
Џејсон Ајзекс - цар. Моментално најдобриот актер од американските телевизии. Тешка неправда ќе биде ако не добие Еми или Глобус за улогава.

И да ги пофалам оние кои се заслужни за фотографијата на серијата. Брилијантна игра со бои. Ептен те тера да се внесеш во серијата. Ете, пред малку кога погледнав низ прозор несвесно си помислив дека сум во црвената реалност и кога ќе си легнам....

Едит: Ги изгледав повторно последните пет минути и можам да кажам дека генерално сум задоволен од финалето. Повеќе инфо утре. Stay tuned вие 4 души на форумот кои ја пратите серијата + потенцијалниот Io Sono :)
 
Ми е жал што така заврши.
Ја прифати реалноста, ама пак заврши во илузијата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
На последнава сцена ми навреа солзи... кога ги виде и двајцата... Ах, што и да значеше крајот, Мајкл битно успеа да најде место во кое истовремено е и со син му и со жената.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Како што веќе напишав, мојата генерална оцена е дека сум задоволен од целата серија, како и од емотивното финале. Бидејќи редовно замарав на темава, не би било во ред ако не образложам. Идемо:

Пред се' да кажам дека целата епизода беше прекрасна, имаше некаков интензитет кој не те остава рамнодушен. Исто така, епизодава не штрчеше, туку одлично се вклопи во целата целина на приказната. Односно, уште од почетокот видовме дека Мајкл може успешно да балансира помеѓу двата света. Ваквиот баланс се поремети кога се откри заговорот, и колатералната штета како последица на истиот. Ми се допаѓа што заговорот го ставија, и остана до крај, во спореден план. Тој служеше само како средство кое го одолговлекува Мајкл од решавањето на вистинските прашања. Како што и' кажа на д-р Еванс: „It doesn't matter“.

Околу крајот, првото кое си го помислив кога заврши последната епизода е дека се' било сон, иако на никаков начин тоа не беше експлицитно посочено. Поради ова, нормално е дека постои простор за интерпретација. Клучен дел кој ме поттикна да размислувам во друг правец е последниот со д-р Еванс, каде таа тврди како Мајкл конечно се помирил со вистината - црвената реалност била сон, а зелената била онаа вистинската. Како и во текот на целата сезона, Мајкл не можеше да го прифати ова. Тој сака да остане и со Рекс и со Хана, и не сака од рака да испушти ниту една реалност.

Она кое јас го сметам за конечен крај на серијата е објаснувањето дека Мајкл го контролира својот ум, и поради тоа, наместо да живее паралелно во двете реалности, одбира трета опција. Ова го потврдува следниот дијалог:

Еванс: I believe you'll find that allowing yourself to invest fully in one real life is ultimately going to be a richer experience than dividing yourself between two.
Мајкл: What if I just had a dream?

Ова првпат кога го слушнав помислив дека Мајкл зборува за минатото, кога сонот му се чинел како реалност. Но, потоа се сетив на поинаква интерпретација. Познавајќи го цврстиот став на Мајкл, сметам дека Мајкл всушност сака да каже: What if I just have a new dream? Тогаш му текнува, си претставува ново решение. Наместо да создава две реалности каде и жена му и син му се живи (или да живее во една каде само еден од нив е жив), тој ги напушта и двете и создава сосема нов свет каде целата фамилија е заедно. Ја презема контролата врз сопствениот ум. Ја создава реалноста која отсекогаш ја посакувал, единствената вистинска (за него). Во пилот-епизодата рече како не сака напредок, ако тоа би значело дека повеќе нема да си ја види фамилијата заедно. На крај, Мајкл се' уште не сака напредок, без разлика дали светот во кој е осуден да живее е вистинит или не.

Но што е вистинито, а што лажно? Релативноста е клучна овде. Се' додека Мајкл чувствува дека светот во кој живее е вистинскиот, нема потреба од никакви сомнежи. Мајкл го избира она кое му е најважно, без оглед на цената. Прекрасно доловено.

Кон ова да додадам и дека сметам како едната реалност беше вистинската, а другата не. Претпоставувам дека црвената беше „сон“, пред се' поради чудните моменти со Вега и вечерата со Хана. Но, ова повлекува и неколку прашања, како на пример, како можеше Мајкл да знае што се случувало во мотелот? Дали двојната реалност е плод на волјата која произлегла од трагедијата, или пак овде е вмешан некој друг фактор, надворешен? Дали Мајкл кога-тогаш ќе биде принуден да се откаже од третата реалност? Јасно е дека серијата може да продолжи понатаму пред се' со одговарање на овие прашања, но со оглед на околностите (укинувањето), добивме најдобро што можевме. Кога Мајкл ги виде Рекс и Хана заедно, гледачот сфаќа дека се исплатеше. Емотивната поврзаност со ликовите е клучна за тоа. Понекогаш, во некои серии, протагонистите се поважни отколку дејствата и ова особено важи за Awake. Од реакцијата на Мајкл, кога си ја виде фамилијата пред него, сфативме дека ова е крајот на случајот кој тој го бараше. За нас, ова е крајот на приказната за човек со чија болка сочувствувавме цели тринаесет епизоди.

И за крај, ова не е совршеното финале кое прилега на ваква добра серија. Остава многу прашања отворени, и не дава конкретни одговори за тоа што било вистинито, а што не. Дали последната сцена е замислена, дали е вистинита, дали е нешто слично на they-went-into-the-light сегментот од една друга серија. Сепак, со оглед на тоа што копилиљата од NBC ја прекинаа серијата, сметам дека продуцентите се обидоа најдобро што можат да одговорат на најважните прашања. Најважно е што гледачите добија некаква интерпретација за она кое му се случуваше на Мајкл. Слично на него, и јас си го добив мојот closure.
 
Штета што заврши серијава. Баш ми беше убава, ќе морам утре да ја гледам пак :icon_lol:
 
mind fuck................dali site se mrtvi dali konecno zaspa..........dali se e vo negovata glava.........god damn it....ako sakate slicna serija od edna sezona glejte daybreak!
 
Мое мислење е дека уште од сообраќајката Мајкл е во кома и притоа си ги создал 2те реалности, за сега во последната епизода кога и' кажа на Еванс "What if I just had a dream" се реши наместо 2 реалности да има само една во која ќе биде и со 2цата. Мал доказ за ова е кога на крај на епизодата ги затвори очите. Ептен беше "Inception" епизодава....

Иначе, според креаторот на серијава финалево е намерно вака направено за ние самите да си можеме да одлучиме што е реално а што не е. Нешто ко Lost.
http://tvline.com/2012/05/25/awake-season-series-finale-review-questions-answered/

Заборавив да пишам, глумата на Jason Isaacs во финалево и во цела серија воопшто е FUCKING-AMAZING!!! :cuc: Типов сериозно заслужува некоја награда.
 
i zena mu i sin mu se mrtvi...zatoa na krajot i dvajcata se pojavija
 
Мое мислење е дека уште од сообраќајката Мајкл е во кома и притоа си ги создал 2те реалности, за сега во последната епизода кога и' кажа на Еванс "What if I just had a dream" се реши наместо 2 реалности да има само една во која ќе биде и со 2цата. Мал доказ за ова е кога на крај на епизодата ги затвори очите. Ептен беше "Inception" епизодава....

Иначе, според креаторот на серијава финалево е намерно вака направено за ние самите да си можеме да одлучиме што е реално а што не е. Нешто ко Lost.
http://tvline.com/2012/05/25/awake-season-series-finale-review-questions-answered/

Заборавив да пишам, глумата на Jason Isaacs во финалево и во цела серија воопшто е FUCKING-AMAZING!!! :cuc: Типов сериозно заслужува некоја награда.
Не знам дали креаторот кажува во ова интервју, ама некаде од него прочитав дека едната реалност е дефинитивно вистинита, само не кажа која. Јас мислам дека е зелената, бидејќи токму таа изгледаше пореална, особено во последната епизода. Од друга страна пак, може и да е црвената вистинита. Нели, не секогаш во живот работите испаѓаат како што треба и завршуваат со хепи енд. Можеби токму зелената реалност на крај за Мајкл беше бегство од суровата реалност. Начин да се справи со сите работи кои одеднаш му се насобраа: затворот, немоќта да ја разоткрие шефицата и најважното, распадот на до вчера совршениот брак. Крајот е отворен за интерпретација, но според мене беше добар, најдоброто нешто што можеа креаторите да го изведат во момент на неизвесност.
 
Заборавив да пишам, глумата на Jason Isaacs во финалево и во цела серија воопшто е FUCKING-AMAZING!!! :cuc: Типов сериозно заслужува некоја награда.

Oва. :cuc:

Мене најжал ми стана за жена му. Според мене, таа беше вистинската реалност. И доста себично. Сонот повеќе беше себеоправдување, демек она му вели go get her или слично, а тој уствари ја жртвуваше за да дојде до тоа што тој најмногу посакуваше. Син му е мртов, а жена му остана и без него, додека тој после просветлувањето.. what if a just had a dream.. заврши среќно во илузија.

Секоја чест за таа surreal атмосфера во финалето, на момент ме потсети дури на хорор филм.. ама не слешер, туку од тие психолошките терори. Штета што ја укинаа.
 
Ја прекинаа бе какви идиоти :(
Ни една серија што почнав да гледам у последно време не доживеа втора сезона освен Touch а баш мислев оваа има потенцијал барем за уште една.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom