Awake

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Серијата е слаба. Празни разговори, без поента. Лошо глумење. И не знам дали е до снимката која ја спуштив, ама има многу темна атмосфера и без бои. Забележав дека кај жена му е потопли бои, а кај син му е потемно и поладни бои. Ама сепак е до снимката, на јутуб не е толку бледо.
Не ми се допаѓа како поголемиот дел од зборувањето е шепотење.

Ја гледам и втората епизода, мило ми е што има помалку драма и некако ја преориентирале серијата како криминална. Ама пак не би ја препорачал и не би ја оправдал високата оценка на имдб. Ќе ги гледам и следните епизоди, ама не сум многу приврзан. Сепак две епизоди се малку.

Ако мислиш на разговорите со психијатрите, за мене имаат и тоа како поента. Така се запознаваме подобро со приказната и тоа е одлично средство да видиме што и како размислува главниот лик. Дефинитивно поарно вака со разговори, отколку со нарација.

Снимката е совршенство, пробај симни епизода во HD па ќе смениш мислење. За шепотењето има лек, ќе попуштиш волумето или ќе си ставиш превод.
 
Разговорите со психијатрите ми се омилени. Зборував за разговорите меѓу актерите, посебно во првата епизода со учителката по тенис на син му и со детективите. Во втората се поправиле.
Изгледа навикнат сум на комедии каде секој збор во разговорот има значење, посебно сега бидејќи ја прегледував Arrested Development и изгледа затоа овде сценариото ми изгледа бледо.
 
Таа сцена баш ми имаше смисла бидејќи очигледно имаше хемија помеѓу Мајкл и учителката. Од овде се отвори прашањето: дали ако во no-wife реалноста си најде жена, тоа би значело дека ја изневерува жената во другата реалност.
 
Излезе 3-тата епизода по торентиве. После крајот на втората епизода добив нова надеш за серијава.
 
Третата епизода излезе уште минатата недела. Утре излегува четвртата.
 
Ги изгледав првите три епизоди, серијава е одлична.
 
Изгледав пилотот > си се капарисав со уште една серија за гледање...
 
Само јас ли не ја бендисав серијава? Сафра ме фати гледајќи ја прва епизода. Ќе заглави серијава во ќорсокак. На што планираат да ги навлечат гледачите? Зар некој сериозно би гледал серија од 3,4 сезони со цел да открие што е реалност, а што фантазија? Ова е живо дриблаље на гледач кое глава сечам дека ќе стане здодевно. И тоа најмногу зашто нема дејствие, туку случки од кои треба да погодите дали одговорот е под А или Б.
 
Мене првата епизода ми се виде интересна, затоа и ја отворив темава. Втората и третата пројдоа некако. Четвртата неможев да ја догледам, ја исклучив на пола.
 
Јас пак ги симнав сите три кои беа излезени во моментот. И после првата одма ги избришав останатите. Едноставно ми нема никаква поента да ја гледам.

Значи точни ми се претпоставките, вергла во круг серијава?
 
На крајот на втората епизода (или третата, незнам, заборавив) даваат нешто што отвара доста прашања за што уствари се случува со Мајкл. Почнува и тој да ја искористува ситуацијата во која се наоѓа за полесно решавање на случаите на работа. Но некако, како и во сите други нови серии почна да ме нервира тоа што секоја епизода е според некој шаблон и знаеме што можеме да очекуваме од следната. Во секоја епизода на почетокот започнува нешто и до крајот на епизодата се решава се и готово. Не те остава нестрплив, во исчекување на новата епизода.Едноставно со новиве серии имаат добри замисли, но за да се исполни серијата со епизоди снимаат по одреден шаблон и ја развлекуваат приказната на која ќе и дојде крајот после неколку сезони и голем број епизоди со исти дејства кои се повторуваат цело време. Баш како што рече, верглаат во круг.
 
Само јас ли не ја бендисав серијава? Сафра ме фати гледајќи ја прва епизода. Ќе заглави серијава во ќорсокак. На што планираат да ги навлечат гледачите? Зар некој сериозно би гледал серија од 3,4 сезони со цел да открие што е реалност, а што фантазија? Ова е живо дриблаље на гледач кое глава сечам дека ќе стане здодевно. И тоа најмногу зашто нема дејствие, туку случки од кои треба да погодите дали одговорот е под А или Б.
Мислам дека не е ни замислата да се открие што е реалност, а што не. Барем мене не ми е тоа битно, а чисто се сомневам дека на крај ќе испадне како едната реалност е вистинска, а другата лажна. За разлика од повеќето мистични серии, Awake не ја гледам со цел да дознаам што ќе испадне на крајот, туку бидејќи I'm enjoying the ride (не знаев како поинаку да се изразам и затоа го цитирам wot). Лично мене ме навлече поинаквиот концепт на серијата со двете реалности и што ја обработува темата: what if. Нешто слично на Sliding Doors (btw, лош филм со лоша глумица). Друга работа поради која ми се допаѓа серијата е што глумата е феноменална а и фотографијата е ептен квалитетна. Ги изгледав четирите епизоди и до сега сум ептен задоволен.

Мој совет: погледни ја втората епизода, бидејќи на крајот се наѕира нешто како the bigger picture од серијата. Ако и од неа те фати сафра, слободно батали ја цела серија:)

Можам уште да пишувам, ама морам да се гасам бидејќи печам компири :)
 
Oh no you didn't R. ! :D

Јасно е дека серијава нема простор за многу сезони.
Опциите и’ се ограничени. Или една од опциите е вистинска, или Мајкл е тој што настрадал во сообраќајката (во ова ме разубедува разговорот меѓу надредената на Бритен и типот на крајот на втора/трета епизода).

Ама мене ми се допаѓа досегашново, глумата и атмосферата се феноменални. Паралелните реалности, начинот на кој Мајкл се справува со новата ситуација, борбата што ја водат психијатрите за да го убедат дека нивната реалност е онаа вистинската, како и позадинската приказна во која се решаваат случаи преку испреплетените реалности се засега доволни да ми задржат внимание.
И да, и Jason Isaacs... THE Jason Isaacs. :D
 
Мислам дека не е ни замислата да се открие што е реалност, а што не. Барем мене не ми е тоа битно, а чисто се сомневам дека на крај ќе испадне како едната реалност е вистинска, а другата лажна. За разлика од повеќето мистични серии, Awake не ја гледам со цел да дознаам што ќе испадне на крајот, туку бидејќи I'm enjoying the ride (не знаев како поинаку да се изразам и затоа го цитирам wot). Лично мене ме навлече поинаквиот концепт на серијата со двете реалности и што ја обработува темата: what if. Нешто слично на Sliding Doors (btw, лош филм со лоша глумица). Друга работа поради која ми се допаѓа серијата е што глумата е феноменална а и фотографијата е ептен квалитетна. Ги изгледав четирите епизоди и до сега сум ептен задоволен.

Мој совет: погледни ја втората епизода, бидејќи на крајот се наѕира нешто како the bigger picture од серијата. Ако и од неа те фати сафра, слободно батали ја цела серија:)

Можам уште да пишувам, ама морам да се гасам бидејќи печам компири :)

Јас искрено не ги можам ваквите серии. Како што кажа Донев погоре, потребно ми е дејство да ме влече. Ова за мене е чист дриблинг. И типувам на тоа дека после една сезона ќе ви се смачи од серијава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom