Australian Open 2015 I 19 Јануари - 1 Февруари I

  • Креатор на темата Креатор на темата Red John
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои АО 2015?


  • Вкупно гласачи
    27
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Го измрда со миксањето... Кутриов не знаеше каде у првиот сет...
 
Го измрда со миксањето... Кутриов не знаеше каде у првиот сет...

Енди е мајстор за миксање, посебно против "послаби" противници или против сервери. Ќе му акни еден топ спин форхенд, па рамен бекхенд, па слајс, па топ спин бекхенд и ќе му изнуди грешка.
 
Се гледаше младоста денес кај Киргиос, на сечените топки, секогаш Киргиос ке нападнеше прв од неизградена позиција а овој сурово го казнуваше тоа.
 
Мареј не изигра ништо посебно денес, барем од вториот сет натаму кога почнав да го пратам, не знам зошто коментаторите на Еуроспорт толку се палат на Мареј, ја величеа неговата игра како не знам што, а тој само пимплаше и префрлаше без некоја агресивност, со ваква игра против Бердих може да сонува само победа
 
Не е дека не ви држат вода муабетите, можеби стварно ќе биде така, но не се знае ништо со Рафа, не му е прв пат ова после повреда да не игра добро. Доста пати до сега бил отпишуван па знаеме каков се враќал. Реков јас дека одличен резултат е и 1/4 финале овде, ипак човекот правеше операција на слепо црево пред два месеца, така да не е баш лесно враќањето од операции и чуда. Мареј една година не можеше да се состави сам со себе после операцијата, е сеа језда беше на грб, доста позаебана работа, али ми ја сфаќате поентата. Мене ме радува што кај Рафа имаше желба и жар, како само мајсторски играше на меч топките. :cuc: Затоа и навивам за него, затоа што е ебено мажиште и мудоња, не се плаши да потегне кога е најпотребно.

Јас како негов фан верувам во него и ова не му го зимам за никакво зло, кажав погоре од кои причини. Сега нека оди малку на пауза и да се спрема лека полека за Мастерсите во Америка, а најбитно од се за сезоната на земја. Андер, ти реков јас дека Бердих е моментално втор играч во светот според формата, и воопшто не ме чуди што Надал изгуби вчера. Криво ми е само што си ја прекина серијата против него, од 2006 немаше загубено меч. Валверде и Томаш очигледно одлично соработуваат и тоа се гледа по игрите на Бердих сезонава.

Вечер има два фантастични меча, мора да се испратат и двата!! Ако пројдат Кеи и Ноле, во 1/2 финалето ќе играат 4ца играчи со најдобра форма моментално и играчи што апсолутно заслужено се наоѓаат таму.
 
Не најискрено, ако по некое осмо светско чудо се деси ова да го добие Надал, Бердих одма може у пензија да иде и да не фати никогаш рекет во рака.
Епа не се деси чудо и се спакува миленикот твој.
Спрдај се сеа.
Ноле чемпион :D
 
Во текот на целиот турнир некако накај Мареј ме влече победникот. Ќе видиме сепак сабајле Ноле како ќе изигра со Раониќ. И другото четвртфинале вечер треба да е одлично, се надевам оти ќе дремнам малце до 4 ипол, па да ја гледам и таа.

За Рафа конкрено очекував да му биде ептен заебано со Бердих, ама не вака да го измлатат. Мислам дека андер е ептен во право со муабетот од погоре, Надал многу често знаел да се префорсира во текот на кариерата, а знаеме дека се си има цена. :)
 
Јас сепак гледам огромна промена кај Бердих, :) ако приметивте некако е смирен, не е толку хиперактивен, друг човек е...
:) Сега откако го победи Надал сигурно дека ќе има огромна мотивација и мислам дека ќе го исплеска Мареј.

Типувам на Бердих, иако ја нема онаа инсирација на еден шампион.. Сепак мислам дека вреди да му дадам шанса и да биде мој фаворит на турниров.
 
Бердих е еден од најконстантните играчи кои немаат освоено гренд слем досега. Од 05.07.2010 па до ден денес е во топ 10, има земено 20 милиони долари prize money досега, скоро редовно стига до 4 рунда/четврт финале на грендслеми, и тоа имам заприметено најчесто убедливо со по 3:0 за на крај да изгуби од досегашните освојувачи на грендслеми кои знаеме кој се, се бројат на прсти. Мене Тиесто 2.0 лично ми е премногу антипатичен и има арогантна фаца али факт е дека е страшен играч. Ако ја надмини таа бариерата против врвните играчи можеби може и до гренд слем годинава. Победа против Надал е одличен старт ако планира такво нешто.
 
Бердих е еден од најконстантните играчи кои немаат освоено гренд слем досега. Од 05.07.2010 па до ден денес е во топ 10, има земено 20 милиони долари prize money досега, скоро редовно стига до 4 рунда/четврт финале на грендслеми, и тоа имам заприметено најчесто убедливо со по 3:0 за на крај да изгуби од досегашните освојувачи на грендслеми кои знаеме кој се, се бројат на прсти. Мене Тиесто 2.0 лично ми е премногу антипатичен и има арогантна фаца али факт е дека е страшен играч. Ако ја надмини таа бариерата против врвните играчи можеби може и до гренд слем годинава. Победа против Надал е одличен старт ако планира такво нешто.
Како не. 29 години не изградил психа сега ќе гради...
 
Како не. 29 години не изградил психа сега ќе гради...
И не е само прашање на психа. Сепак во негова ера се погодија Надал, Федерер, Ноле па и Мареј ајде. Сите четири all-time greats, посебно првите три. Посебно вториот. :D
 
И не е само прашање на психа. Сепак во негова ера се погодија Надал, Федерер, Ноле па и Мареј ајде. Сите четири all-time greats, посебно првите три. Посебно вториот. :D
Нема врска тоа. Да бил колку толку голем немал да губи 17 во низа. Томас не игра лошо, едноставно се губи против големи имиња. Пиче
 
Нема врска тоа. Да бил колку толку голем немал да губи 17 во низа. Томас не игра лошо, едноставно се губи против најголеми имиња. Пиче
Значи не знам како да ти објаснам за да ме сфатиш. Ај вака. Го имаш Ибрахимович. Прејак играч упичку матер, ама кој го ебе кога ги имаш Меси и Роналдо во иста ера со него. Капираш?

Не е крив чоекот, не можат сите да бидат најголеми во спортот. Но, дека може да освои барем еден гренд слем - може.
 
Вавринка-Нишикори
Според мене, како што кажав и порано, овде конците во своја рака ги има Вавринка, Нишикори нема некој посебно јак сервис, а посебно вториот сервис може да се каже дека му е слаба точка, а Вавринка е доста агресивен на втор сервис на противниците, клуч според мене во овој меч ќе биде процентот на уфрлен прв сервис на Вавринка, сум гледал мечеви каде Вавринка завршувал гемови на свој сервис во Федерер стил за 60ина секунди и мечеви во кои процентот на уфрлен прв сервис му бил под 40-45%, ако Вавринка уфрла над 60-65% прв сервис ќе биде доста близу до победа, мислам дека Нишикори е поставен за благ фаворит овде пред се поради импресивната победа против Ферер, ама Ферер и Вавринка се разлика небо и земја во стилот на игра, плус Ферер му лежи на Нишикори, а и Ферер мислам дека не беше 100% подготвен физички во тој меч, за кладење мислам дека е најдобро да се избегне мечов на конечен тип, за над 3.5 сета има солидни 1.40 коеф и мислам дека ќе помине лесно
 
Не е крив чоекот, не можат сите да бидат најголеми во спортот. Но, дека може да освои барем еден гренд слем - може.
Па и тој отприлика истото ти го вика :D
Изгубил 17 пати по ред oд Надал, против Ѓоковиќ има исто едно 14-15 порази, против Федерер има неколку победи на Грен Слем и тоа големи победи. Со Мареј мислам дека дури има позитивен скор.

Не може тоа да е случајно, aли дека може да има турнир сличен на тој на Чилич на УС Опен, може.

Малку плус мотивација за Бердих е што ако успее да освои ќе се качи на трето место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom