- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 401
- Поени од реакции
- 5
Teska pobeda za Novak.
Браво за постов одлична анализа! се слагам тотално поготово со овеј дел. Иако сум голем фан на Федерер сепак, го поштувам реалното гледање на работите и одличната анализа! уште еднаш, Браво!Федерер во вториот сет беше се подобар и подобар и успеа да направи брејк, неговата игра почна да потсетува на неговата најдобра форма оваа година.
Федерер игра многу подобро од Базел и Париз, ако продолжи со таква игра влегува во фаворитите за победа на турнирот.
Федерер, очекувано, го задржа првото место за крајот од годината, шансите да го загубеше беа минимални и теоретски.
Не разбирам што е збунувачко.Ќе ми објасни некој каков е форматот на играње на турниров точно?
Малце збунувачки ми делува..
Содерлинг денеска беше феноменален. Прецизни и длабоки удари, одличен сервис, Ѓоковиќ немаше шанси. 80% од поените на прв сервис ги зеде Содерлинг, а 60% од вториот. И вториот сервис му беше одличен, дури имаше и неколку винери и еден ас со втор сервис, не направи ниту една двојна сервис грешка.
Само во првиот сет успеваше Ѓоковиќ да си го задржи првиот сервис иако изгледаше дека се држи на конец. На 4-5 и 0-40, Ѓоковиќ имаше голема среќа што успеа да остане во првиот сет, бидејќи Содерлинг направи неколку неизнудени грешки, па некако дотера до tie break. Тie break-от изгледаше малку поизедначен, ама Содерлинг не покажа знаци дека ќе попушти.
Во вториот сет Содерлинг беше уште подобар, Ѓоковиќ не знаеше каде се наоѓа, беше тотално прегазен. Содерлинг направи дури 3 брејка во вториот сет.
Со ваква игра, може да се каже дека Содерлинг ќе биде и фаворит за титулата. Оваа подлога одлично му одговара.
Мислам дека Давиденко нема шанси против Содерлинг, а ги изгуби и последните 2 меча.
Инаку Надал многу подобро се држеше против Содерлинг, успеа и да му направи 2 брејка, еден во првиот и еден во вториот сет.
Ѓоковиќ ќе ја бара шансата за полуфинале против Надал во петок.
Вечерва би требало да биде интересно на мечот Надал-Давиденко.
Последниот натпревар Надал одлично се држеше во првиот сет, ама падна во вториот.
Мислам дека не играше толку лошо со Содерлинг иако изгуби, па очекувам да помине многу подобро против Давиденко.