ATP World Tour Finals - London 2009

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Ѓоковиќ не покажа многу добра игра на првиот меч, клучни беа грешките на Давиденко, многу лесно можеше и да загуби Ѓоковиќ.

Штета за Вердаско, покажа одлична игра, ама попушти кога беше најпотребно да остане концентриран, доста изедначен меч, со одлични поени.

Мареј почна одлично, ама во вториот сет почна да го намалува процентот на прв сервис и да греши. Федерер во вториот сет беше се подобар и подобар и успеа да направи брејк, неговата игра почна да потсетува на неговата најдобра форма оваа година.

Во третиот сет уште полоша реализација на првиот сервис на Мареј, зачинета со неколку двојни сервис грешки, а Федерер продолжи со високо ниво на игра. Можеби да не паднеше толку во играта Мареј, ќе гледавме поизедначен крај, ама Мареј никако не можеше да се врати.

Федерер игра многу подобро од Базел и Париз, ако продолжи со таква игра влегува во фаворитите за победа на турнирот.

Федерер, очекувано, го задржа првото место за крајот од годината, шансите да го загубеше беа минимални и теоретски.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
2 (втор) сет Мареј-Федерер... за мене беше најдобриот сет во оваа тениска година... феноменален тенис.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Втора победа на Федерер, која не мора да значи дека е во полуфиналето. Датиеам турниро. :blabla:

Него... играта во вториот сет маестрална, свршував додека Мареј немаше никаква опција против него...
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Доста интересно ќе биде со Содерлинг. Инаку коефициентите се 1.80 - 1.80 во мечот Надал - Давиденко. Уплаќајте се што имате на русот. :vozbud:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Содерлинг денеска беше феноменален. Прецизни и длабоки удари, одличен сервис, Ѓоковиќ немаше шанси. 80% од поените на прв сервис ги зеде Содерлинг, а 60% од вториот. И вториот сервис му беше одличен, дури имаше и неколку винери и еден ас со втор сервис, не направи ниту една двојна сервис грешка.

Само во првиот сет успеваше Ѓоковиќ да си го задржи првиот сервис иако изгледаше дека се држи на конец. На 4-5 и 0-40, Ѓоковиќ имаше голема среќа што успеа да остане во првиот сет, бидејќи Содерлинг направи неколку неизнудени грешки, па некако дотера до tie break. Тie break-от изгледаше малку поизедначен, ама Содерлинг не покажа знаци дека ќе попушти.

Во вториот сет Содерлинг беше уште подобар, Ѓоковиќ не знаеше каде се наоѓа, беше тотално прегазен. Содерлинг направи дури 3 брејка во вториот сет.

Со ваква игра, може да се каже дека Содерлинг ќе биде и фаворит за титулата. Оваа подлога одлично му одговара.
Мислам дека Давиденко нема шанси против Содерлинг, а ги изгуби и последните 2 меча.

Инаку Надал многу подобро се држеше против Содерлинг, успеа и да му направи 2 брејка, еден во првиот и еден во вториот сет.

Ѓоковиќ ќе ја бара шансата за полуфинале против Надал во петок.

Вечерва би требало да биде интересно на мечот Надал-Давиденко.
Последниот натпревар Надал одлично се држеше во првиот сет, ама падна во вториот.
Мислам дека не играше толку лошо со Содерлинг иако изгуби, па очекувам да помине многу подобро против Давиденко.
 
P

PewDiePie

Гостин
Фино го плеснаа србинот денес :tv: Туку тој Содерлинг сет нема изгубено можно е и со Давиденко да не изгуби звер е годинава :toe: Во 15 за 10 Надал да го видиме што ќе направи :helou:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.490
Федерер во вториот сет беше се подобар и подобар и успеа да направи брејк, неговата игра почна да потсетува на неговата најдобра форма оваа година.


Федерер игра многу подобро од Базел и Париз, ако продолжи со таква игра влегува во фаворитите за победа на турнирот.

Федерер, очекувано, го задржа првото место за крајот од годината, шансите да го загубеше беа минимални и теоретски.
Браво за постов одлична анализа! се слагам тотално поготово со овеј дел. Иако сум голем фан на Федерер сепак, го поштувам реалното гледање на работите и одличната анализа! уште еднаш, Браво!

Според мене освем Федерер и Дел потро друг нема шанси да го освои турниров.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Пак разочара Надал иако не беше баш неочекувано.
Катастрофален прв сет.
Слично започна и во вториот, со многу грешки, многу мала реализација на прв сервис, што овозможи Давиденко да се заканува постојано.

Почна да се буди доцна, во втората половина на вториот сет, иако правеше и по некоја неизнудена грешка, почна да игра многу подобро.

Имаше трилер завршница во tie break, пак не можеше Надал да освојува поени на свој сервис, ама успеваше да одзема поени кога беше Давиденко на сервис.
Имаше феноменални поени на крајот и од двајцата, штета што немаше уште еден сет, се покажа дека будењето на Надал дојде предоцна.

Ваквата нестабилна игра и многу грешки, веројатно ќе му донесат уште еден пораз во петок, а дури и некако да ја најде формата да го победи Ѓоковиќ, нема веќе шанси за полуфинале.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.490
Ќе ми објасни некој каков е форматот на играње на турниров точно?

Малце збунувачки ми делува..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Ќе ми објасни некој каков е форматот на играње на турниров точно?

Малце збунувачки ми делува..
Не разбирам што е збунувачко.

Две групи од по 4 тенисери. Играат секој со секого во својата група. Продолжуваат во полуфинале првите двајца од двете групи. Победниците од полуфинале одат во финале.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.490
Ок фала,ме збуни еден другар иначе така и мислев дека се игра.
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Содерлинг денеска беше феноменален. Прецизни и длабоки удари, одличен сервис, Ѓоковиќ немаше шанси. 80% од поените на прв сервис ги зеде Содерлинг, а 60% од вториот. И вториот сервис му беше одличен, дури имаше и неколку винери и еден ас со втор сервис, не направи ниту една двојна сервис грешка.

Само во првиот сет успеваше Ѓоковиќ да си го задржи првиот сервис иако изгледаше дека се држи на конец. На 4-5 и 0-40, Ѓоковиќ имаше голема среќа што успеа да остане во првиот сет, бидејќи Содерлинг направи неколку неизнудени грешки, па некако дотера до tie break. Тie break-от изгледаше малку поизедначен, ама Содерлинг не покажа знаци дека ќе попушти.

Во вториот сет Содерлинг беше уште подобар, Ѓоковиќ не знаеше каде се наоѓа, беше тотално прегазен. Содерлинг направи дури 3 брејка во вториот сет.

Со ваква игра, може да се каже дека Содерлинг ќе биде и фаворит за титулата. Оваа подлога одлично му одговара.
Мислам дека Давиденко нема шанси против Содерлинг, а ги изгуби и последните 2 меча.

Инаку Надал многу подобро се држеше против Содерлинг, успеа и да му направи 2 брејка, еден во првиот и еден во вториот сет.

Ѓоковиќ ќе ја бара шансата за полуфинале против Надал во петок.

Вечерва би требало да биде интересно на мечот Надал-Давиденко.
Последниот натпревар Надал одлично се држеше во првиот сет, ама падна во вториот.
Мислам дека не играше толку лошо со Содерлинг иако изгуби, па очекувам да помине многу подобро против Давиденко.

Не би рекла дека Содерлинг играше толку добро,колку што Ноле одигра лошо и прекратко,еве за пример да споредиме како играше против Содерлинг,а како одигра во Базел и Париз ама го разбирам до некаде,па не е ни чудо да попушти по таа одлична серија што ја имаше.Сепак неможам ни да кажам дека Содерлинг одигра лошо,иако стојам на тоа дека Ноле не играше на исто ниво како во Базел и Париз,и сега да се надеваме дека Давиденско ќе изгуби,а Ноле да го победи Надал,што е многу веројатно,гледајќи ја формата на Надал...И едно прашање:Доколку и Давиденко и Ноле забележат победи,разликата во добиени и изгубени сетови ли ќе одлучи кој ќе оди во полуфинале?Фала однапред...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom