ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Да за Родик точно е, ги преминал Троицки и Давиденко, иако они нонстоп играле :)
 
Епа една година после пензионирањето ќе падне на 0. :) Ама јако у секој случај. :D
 
Retired a year ago and still better ranked than Troicki. :pos:
Леле за овој Троицки мислам дека можам до утре да смислувам глупости, шо да се праи кога е дрво и си заслужува ремет.
Инаку моментално почнува финалето во Марсеј, Бердих вс Цонга, ќе биде јак меч. (y)
 
Јас појма неам како Троицки е во топ 50... Па би набројал јас 20-30 играчи шо во моментов би го тепале а се 100+ на ранг.

Па кога ќе ми текне дека едно време 12ти беше :facepalm:
 
Шампиони на оваа недела
250 Марсеј - Цонга
500 Мемфис - Кеи Нишикори
250 Буенос Аирес - Давид Ферер

Од утре ќе има многу повеќе добар тенис, стартуваат две 500ки, едната е во Дубаи, каде ќе настапуваат Федерер и Ѓоковиќ, а другата 500ка е во Акапулко, каде ќе настапува Рафаел Надал.

Во Дубаи, титулата ќе има можност да ја брани Федерер, кое во ланското финале го совлада Енди Мареј, тој оваа година на овој турнир нема да учествува.
Освен овие двајца, тука ќе се и Бердих, Делпо, Типсаревиќ, Цонга..
Турнирот е на тврда подлога.

Акапулко е спротивно од турнирот во Дубаи, се игра на земја, на него како прв носител ќе е Давид Ферер, втор носител како што реков ќе е Надал, други по познати тенисери ќе се Вердаско, Алмагро, Монако. Титулата од ланската година ја брани Ферер, кој во финалето беше поуспешен од Вердаско.

Спорт Клуб од утре ќе врши преноси од Дубаи, а во текот на неделата ќе започнат со преноси и од Акапулко.
 
овие Марко и Ѓоле немаат две чисти од тенис... се договараа нешто со Новак демек еден ден заедно ќе играат за репрезентација на Дејвис Куп тие кутрите не можат да поминат квалификации за турнир 250 :pos:
 
Само да не даваат како лани Телма, само Ноле, Роџер, Енди и Рафа ги даваа кога играа, а мислам и од 1/4 финале дека почнуваа со преносите. Ако се убаво организирани тогаш супер, конечно и на една наша телевизија тениски возбудувања. Но се надевам со што помалку коментаторски грешки, претходните две недели се изнаслушав глупости на мечевите од ЛШ. Спорт Клуб има најдобри коментатори моментално, пред се тениски потковани, знаат се околу тенисот и знаат што коментираат, имаат и тениско студио пред почетокот на преносите и таму ги анализираат мечевите.
 
Ама Спорт Клуб ти е спортска телевизија, и наменета ти е само за тоа. Што не е така со МРТ. Сепак и нешто трето треба да оди на програмата.
Сега прочитав дека турнирот од Дубаи им е на промотивно дадено, значи ако има гледаност на “собраниски“ канал повеќе отколку на Спорт Клуб, ќе се потрудат да обезбедат права и за наредните турнири.
 
Браво за МТВ , ама покрај Спорт Клуб не знам кој ке гледа тенис на МТВ.
 
Браво за МТВ , ама покрај Спорт Клуб не знам кој ке гледа тенис на МТВ.
Најверојатно тие што се бунеа дека им пречи српски коментатор и тоа што си ги форсираат нивните тенисери.

Денеска може да се речи најголемото изненадување го направи Давиденко на турнирот во Дубаи, едноставно го утепа Типсаревиќ, првиот сет го доби со 6-0, во вториот можеби малце се опушти, па стигнаа да играт на разлика, 7-5 беше вториот сет.
Багдатис ќе го направеше второто изненадување денеска да беше малце попаметен и да си го искористеше брејкот што го направи во клучниот трети сет, ама ништо од победата над Делпо.
Лодра му го зеде „здравјето“ на Цонга, после триумфот во Марсеј, како да гледавме сосем друг тенисер од страна на Цонга, изгледа заморот си го направи своето, па Лодра си ја искористи приликата.
Ѓоковиќ и Троицки изиграа егзибиционен меч. Мечот лесно го доби Ѓоковиќ.

Надал ќе го има касно вечерва или рано сабајле првиот настап на турнирот во Акапулко, негов противник ќе е Аргентинецот Швартсман.
Мечот би требало да стартува во 4 часот.
 
Само да не даваат како лани Телма, само Ноле, Роџер, Енди и Рафа ги даваа кога играа, а мислам и од 1/4 финале дека почнуваа со преносите. Ако се убаво организирани тогаш супер, конечно и на една наша телевизија тениски возбудувања. Но се надевам со што помалку коментаторски грешки, претходните две недели се изнаслушав глупости на мечевите од ЛШ. Спорт Клуб има најдобри коментатори моментално, пред се тениски потковани, знаат се околу тенисот и знаат што коментираат, имаат и тениско студио пред почетокот на преносите и таму ги анализираат мечевите.

За коментаториве наши си апсолутно во право, јас не дека се фалам ама мислам дека би бил подобар од сите заедно што се однесува до тенисот, но затоа би бил лош колку сите коментатори на светов заедно кога станува збор за останатите спортови. :D :pos:
 
Не најозбилно, да зеам да коментирам 100 пати боље ќе искоментирам. За кладам дека никогаш не слушнале за Гофан, Берлок, Мелцер и ред други просечни тенисери. И да има некој од фаворитиве меч со некој од ваквите тенисери гарант ќе гугла на нет за да дознае кој е тој тенисер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom