- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.856
- Поени од реакции
- 120.879
Не се бројат од Челенџер титулите кога кажуваат скорови и слично, затоа не му ја ни пишав. Мислам, секако дека му се брои од аспект на успех, освоени поени, пари итн, ама во официјална статистика само АТП ниво бројат (250, 500, 1000 и ГС турнири). Сеедно, одлична сезона за Бублик. Синер веројатно ќе имаше повеќе титули да не беше банот за допинг што само додава на импресивност за неговата сезона.Пет титули имаше Бублик (Хале, Швајцарија, Китсбил, Хангжу и Пиемонт, последниот 175-ка), скоро цела сезона беше играчот со најмногу титули по Алкараз. Синер тек последниве месеци се израмни со него со титулите во Виена и Париз, и сега со титулата во Торино (шеста негова сезонава), го надмина.
А инаку, од друга страна, Мусети е единствен тенисер што сезонава стигна до топ 10 и финалниот мастерс со ниту една освоена титула.
Штета за Дрејпер што има мака со повредите, добар играч е.