Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И јас ќе фатев спортска да не му направеше брејк Делпо на 5-4 во вториот сет.Новак прв финалист на турнирот во Дубаи, со 6-3 и 7-6 го совлада Дел Потро, мечот можеби ќе траеше пократко ако Новак од 5-3 не му даде брејк топка на Дел Потро, по што овој се врати, за на крај во вториот и решавачки сет се игра тај брејк.
Моментално играат Бердих - Федерер, би требало тука по неизвесен меч да гледаме.
И мене ме зачуди, доста се плашев од Алмагро бидејќи му беше прв противник од топ15 после повредата. Одлично, како викаат, тоа што ти е вродено никој не може да ти го земе, а во Рафа е вродено она шампионското. Доста добро е ова за неговата психа, после толку долга пауза победа против топ15 тенисер, а вечер ако тепа ќе биде уште подобро, победа против топ5 тенисер и тоа не против било кого туку против Давид Ферер, можеби најдобриот земјаш после Рафа. Ќе биде интересно, од 04:00 часот почнува финалето, а моментално почнуваат Ноле-Бердих.Браво за Надал, гледам го победил сабајле Алмагро, што е за почит. Ако го совлада и Ферер во финалето утре сабајле (смешно звучи) , мислам дека формата полека, но сигурно си ја достигнува, па мастерс турнирите ќе ги дочека ако не во 100% форма, барем приближно на тоа.