ATP тенис - општа дискусија

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Гаске вчера едвај жива глава спаси против Ниеминен а денес го прегази Симон. Чудни се ова тенисериве, понекогаш неможам да ги разберам.
Моментално се игра финалето во Куала Лумпур, Монако-Бенето 1-1 во сетови е, сега почнува третиот.
Исто се врати во вториот сет и против Димитров од 3-5,7-5 направи пресврт ,а финалево многу лесно го освоил.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.988
Поени од реакции
16.426
Новак се пласираше во 1/4 финалето на турнирот во Пекинг, денеска го совлада Берлок од Аргентина, и тоа доста убедливо со 6-1;6-3, во 1/4 финалето ќе игра против Мелцер, кој може да се рече дека е изненадување, бидејќи во 1/8 финалето го совлада Долгополов.

Исто и Мареј се пласираше во 1/4 финалето, но на турнирот во Токио, противник ќе му е Вавринка.

И за фановите на Надал, дефинитивно се враќа на терените, и тоа на егзибициониот турнир во Абу Даби, каде ќе игра против Мареј, Ѓоковиќ и Давид Ферер.
Турнирот ќе се одигра од 27 до 29 декември.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.877
Поени од реакции
116.166
Тоа ќе му биде тест на Рафа да види до каде стигнал со рехабилитацијата. Се надевам ќе биде успешен тестот и ќе се припреми комплетно и во топ форма ќе заигра на АО. :)
Иначе Јанко го победи Симон утринава во три сета, а пред само неколку дена загуби од него во полуфиналето во Банког мислам, чуден е овој Јанко мајке ми. :)
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623

Не е лоша жена му, шо да е чуден. :D Ако се погодиле двајцата расположени во моментот, многу енергија се троши. :pos:

ON Topic :

Lopez - Lu, за околу 2 часа.... ќе биде страшен меч, гледајте на СпортКлуб:)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.877
Поени од реакции
116.166
Не е лоша жена му, шо да е чуден. :D Ако се погодиле двајцата расположени во моментот, многу енергија се троши. :pos:

ON Topic :

Lopez - Lu, за околу 2 часа.... ќе биде страшен меч, гледајте на СпортКлуб:)
Море што жениште има Јанко, да му ебам глаата. :D
Лопез го победи Лу со 6-3 7-6 и се пласираше во 1/4 финалето во Пекинг.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.988
Поени од реакции
16.426
Новак моќен! :cool: 6-1;6-2 против Јирген Мелцер, австриецот не знаеше кај се наоѓа, во 1/2 финале утре од 13.30 часот ќе се сретне со Флоријан Мајер, до сега два пати има играно со него, и исто толку пати совладано.
Во другото 1/2 финале ќе се сретнат Цонга и Лопез тој меч е закажан за рано сабајле 04.30

На турнирот во Токио, оде се според планот на Мареј, па така во 1/2 финалето утре ќе игра против Раониќ, а во другиот 1/2 финален меч ќе играат Багдатис - Нишикори.

Meчевите од двата турнири ќе се пренесуваат директно на Спорт Клуб.
 
Супер, само уште да ја сменеше оваа менталнава од аватаров :D Ај не знам како ја гледаш при секое свое мислење. :pos:

Нишикори игра одлично, му предаде лекција по тенис на Робредо после изгубениот прв сет, 6-1 6-0 во продолжение. Денеска си го реши и Бердих, утре сигурно го поминува за Багдатис, а не би ме чудело и да го совлада противникот во финалето ;)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.988
Поени од реакции
16.426
Утре е денот! :vozbud: Jan Polat .. месец помина .:D Више никогаш кладба на форум, едвај издржав да ја/го гледам оваа/овој.

А за Нишикори и противникот во финалето, не знам јасно е дека во Токио победник ќе е Мареј, а за Пекинг ќе се води битка помеѓу Цонга - Ѓоковиќ, барем би требало така да е.

Од понеделник мастерсот во Шангај.:cool:
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.444
Поени од реакции
5.570
Супер, само уште да ја сменеше оваа менталнава од аватаров :D Ај не знам како ја гледаш при секое свое мислење. :pos:

Нишикори игра одлично, му предаде лекција по тенис на Робредо после изгубениот прв сет, 6-1 6-0 во продолжение. Денеска си го реши и Бердих, утре сигурно го поминува за Багдатис, а не би ме чудело и да го совлада противникот во финалето ;)
Не сум сигурен дека Кеи ке го помине Маркос толку лесно :unsure:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.988
Поени од реакции
16.426
Mареј :eek:
Новак утре ќе го игра 51 финале во кариерата, противник ќе му е Џо Вилфред Цонга, денеска за помалце од саат време го совлада Флоријан Маер, сличен меч одигра и Цонга, разликата беше што во при крај на вториот сет на 4-1 во негова полза Лопез го предаде мечот.

Во финалето во Токио ќе играат Нишикори - Раониќ.
Јапонецот беше убедлив против Багдатис, а Раониќ од првиот носител на турнирот, британецот Мареј.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom