Не,светот како што го познаваме денес е резултат на тоа што луѓето вонглавно НЕ го почитуваат Христијанското учење.Тоа што некој ќе се роди или живее во христијанска земја,не значи дека ќе оди по стапките на истата.А бидејќи е многу добро познато дека малкумина чекорат по тој пат,факт е дека не го почитуваат истото.И за тоа каков е светот,не се криви ни самите луѓе,туку гревот во нив......
Па кој е крив за тоа? Црквата, можеби? Или атеистите?
Ништо на светот не е случајно.....па ни нашиот живот и постоење........без разлика на тоа дали некој може или не тоа да го разбере.
Така е, ништо не е случајно! Но се додека ние не ја дознаеме причината за нашето постоењето, можеме да ја нарекуваме случајност.
Според Христовите зборови, христијаните беа и ќе останат „мало стадо“. Во Македонија на пописот како верници се изјаснија над 90% од населението, ама колку мина од нив го исполнуваат канонското правило кое формално ги признава за христијани, а тоа е причест. Колкумина во Македонија се причестуваат. Да ги прашаме во Македонија колку мина го знаат Символот на Верата. Тоа е исто како возрасен Македонец да не ја знае химната на Македонија. Сите тие христијански земји и народи се само номинално христијански. Бројот на верници беше и остана „мало стадо“. Но и номинално христијанскиот свет е сепак подобар од комунистичкиот, фашистичкиот, исламскиот, демократскиот...
Па тие од секогаш и биле номинално христијански! Да кажеш дека си христијанин значи исто ко да кажеш дека припаѓаш на таа (некоја) држава! Тоа е апсурд во што вие верниците верувате дека навистина постои нешто позади! Секој човек додека му е тешко се моли и ја почитува библијата, ама ако добие многу пари или некоја многу убава жена, одма ќе ја заборави библијата и молитвите. Тоа е основна човечка особина, која ја има и кај животните (кој чувал мачки сигурно знае, додека кучињата се поблагодарни, ама зависи од стопанот како го дресирал). Се вика неблагодарност. И не ги ставај религиите со ист ранг на општествени уредувања! Религиите се дел од уредувањето, не може да бидат на исто ниво со него.
п.с.
А што мислиш за феудалното уредување, односно за феудалното уредување на Византија? Тоа уредувањето во кое луѓето морале да црнчат на нивите на благородниците за ништо, каде што биле третирани како робови...
Ако учеше Политичка економија тогаш ќе знаеше дека како што се развива технологија не му се намалува на човекот работата туку му се зголемува интензитетот на работа и има се поголема потреба од работна сила. Ако нема потреба од земјоделци, има потреба од информатичари, дизајнери, инжењери, архитекти и тн. Во развиените земји како и во земјите во развој се јави криза од недостаток на работна сила која го кочи развојот на човештвото. Од просторните и материјалните ресурси од планетета не се искористени ни 5%. Планетава комотно одеднаш може да ги храни не само овие 6 милијарди туку и сите кои досега живееле, да се живи одеднаш.
Не ми треба политичка екомонија за да го објаснам ова. Ако си сиромав земјоделец и имаш своја нива, да кажеме некаде во 19 век кога немало трактори и комбајни, место цел живот да плаќаш на соселаните за орање и жнеење, ќе си направиш 5 деца, и тие ќе ти работат. Денес, работиш во некоја фирма, ама таа не е твоја, газдата те нервира, сметаш дека не си доволно платен, па се прашуваш зошто да имаш 5 деца, кога и 1 е доволно! + се зголемил итензитетот на работата, па немаш време да ги одгледуваш сите 5 деца. Додуша, немаш време ни за 1! Нема веќе домаќинки, нема кој да ги воспитува децата, и жените одат на работа, затоа што секаде има работа, а работа има секаде затоа што има 6 милијарди луѓе, секој си има некоја потреба итн, не е сега темата зошто не се прават по 5 деца.
2А (индивидуално личносно) Дали тука ние ти велиме дека еве нам лично Тој ни се јавил.
2Б (кон целото човештво) Дали една Вера не тврди дека Тој дојде и ни се откри систематски вршејќи дела за да даде докази дека Тој е Бог.
1. Власт над материјата (со лебот и рибите)
2. Власт над природата (со бурата)
3. Власт над телото (со исцелувањата од болестите)
4. Власт на информациите (со познавање на нешта кои физички не можел да ги знае, примерите со Натаниел, Закхеј...)
5. Власт над духовите (со излекувањата на душевно болните изгонувајќи ги духовите)
6. Власт над грешноста какво право немал и не смеел ни да се осмели да си земе ниеден друг пророк (простуваше гревови и ги докажуваше со оздравување)
7. ВЛАСТ НАД ЖИВОТОТ (со воскреснувањата од мртвите, пример Јаировата ќерка но најмногу со Неговото Воскреснување).
Дали на овој свет има таква Вера која тврди дека Бог лично дошол и и се открил? Одговори за да продолжиме. Ова ќе биде многу кусо уште 1 точка само.
На другите теми на форумот може да се забавува човек и да се зеза со по 1-2 реченици. Ова се сериозни теми и бараат подолги постови. Колку и да се скратува пак не може да се сведе на 2 реченици. Ако се пропушти нешто, соговорникот низ тој отвор ќе се обиде да најде дупка за из/одговор. А целта е да се убедиме, инаку глупаво е да денгубиме и да се зезаме за ваква тема.
2)а. Не, не ми велите дека се појавил (иако Радост е допрена :baeh

,
2)б. Не, има една религија која наводно вели дека тој го пратил синот свој, ама па дозволил да го распнат на крст и да се пече на сонце 3 дена без вода и храна.
Ниеден настан не е потврден, колку што знам јас Исус не е ни вистинска историска личност, ништо не се случило од тие 7 работи.
Не, нема таква религија која вели дека Бог се симнал од небото.
Абе Сардаукар, не знам јас за тебе, ама јас само што завршив со матурата, имам време колку сакам, надвор е пекол.... Иако се согласувам со тебе дека ова е посериозно од некој други подфоруми, не е ептен толку сериозно. Интернет форумите се за забава и губење време, не се за посветување на животот на нив. И слободно пропуштај некои работи, 2 ќе билдаме постови :helou: