Апсурдите на атеизмот

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
И пак повторувам, доминантна религија е во светот е Христијанството, значи светот како што го познаваме денес е резултат на тоа што луѓето воглавно го почитуваат Христијанското учење, па ако нешто не е во ред, за тоа е крива Библијата....

Не,светот како што го познаваме денес е резултат на тоа што луѓето вонглавно НЕ го почитуваат Христијанското учење.Тоа што некој ќе се роди или живее во христијанска земја,не значи дека ќе оди по стапките на истата.А бидејќи е многу добро познато дека малкумина чекорат по тој пат,факт е дека не го почитуваат истото.И за тоа каков е светот,не се криви ни самите луѓе,туку гревот во нив......
 
Ти си глуп. Тоа не е случајно. Затоа, во вистински свет ти ќе имаш помалку деца, нема да ги пренесеш твоите фалични гени за да не донесеш на свет уште повеќе глупи луѓе. Ох, но со ова зло модерно општество тоа не е можно. Дебилите лутаат далеку.
 
quote=Bada Bing!;1457953]Ти си глуп. Тоа не е случајно. Затоа, во вистински свет ти ќе имаш помалку деца, нема да ги пренесеш твоите фалични гени за да не донесеш на свет уште повеќе глупи луѓе. Ох, но со ова зло модерно општество тоа не е можно. Дебилите лутаат далеку.

[/QUOTE]

WOWWWW!!!!И мислиш дека со ова што го кажа,стана многу паметен??:vozbud:Јас мислам дека и не е случајно што освен со навреди и иронии,незнаеш да решиш еден проблем!Твоја работа,брат,од тебе не ни очекувам нешто поразлично,таа да опушти се,и збори си се што ти лежи на душата!Прочитав,а сега исто како да не сум прочитал...:helou:
 
Сега не со насилство. Али така се проширувало кога веќе се објавило дека Христијанството е официјална религија. Тие луѓе не ја прифатиле од што им се свиѓала, него од што морале. Од тука и причините зошто имам ногу пагански верувања вплетени.
Најпрво до признавањето/дозволувањето на христијанството едно 3 века, не постои сличен начин на ненасилно ширење на било која идеологија во светот. После нејзиното прифаќање Христијанството нема ниту едно поголемо досие за некакво злосторство. Христијанството има правило, секој треба да си има простор за своето верување. Ниту ние ќе им се плеткаме на другите, но не смее ни другите да идат во наш простор освен во случај на договро на реципроцитет. Тоа правило било почитувано. Христијанството нема досие за направени злосторства но има прогонувања и повлекувања почитувајќи го горното правило. После отцепувањето на римокатолицизмот и нивното се подлабоко навлегување во погрешна духовност тие го посрамотоја христијанството, така што сега најчесто обвинувања кои православните ги добиваат се поврзани со дела на тимокатолиците и протестантите. После Наполеон и врзувањето на верата со нацијата и православните направија слични гревови, посебно последните со српските војувања во Хрватска, посебно Босна, а и Косово. Веројатно православните ќе прават поголеми слични пресии демек да го бранат Православието поради влезот на етнофилетизмот во Верата. Сепак ако ова се спореди со било која друга вера или било која друга идеологија ќе се види дека Христијанството има најчиста форма на проширување. Зборувам за Православното Христијанство. Впрочем Христијанството е единствената идеологија која не се бори за освојување на физички простор, дури не толку за освојување на нечиј ум, туку се бори за освојување на срцето.

Едно е искажување мислење, а друго е мешање у политика за да се уведуваат закони против тоа. Тука се крши слободната воља на човекот.
Православната Црква си има свое учење кое ДОБРОВОЛНО го прифатиле мнозинството луѓе во Македонија. Соодветно на тоа таа е ДОЛЖНА поради нив да го застапува тоа учење во општеството, исто како што е должна една партија да ја спроведе програмата за која гласале граѓаните. Значи тука нема ништо присилно туку се е легитимно. Другата страна барањето Црквата да не го осудува абортусот, хомосексуалноста, лажните вредности и слично претставува ЗАМОЛЧУВАЊЕ на Црквата од малцинството неверници да наметне свои вредности на живеење над мнозинството верници.

Дали хипокритичност е вистинскиот збор, ме прашуваш....па не ми го разбра постот како што треба. Иди препрочитај и ќе ти светне.
Јас ти објаснив дека нема хипокритичност. Ти обвини но не ја објасни хипокритичноста.

Извини, ама и мене тоа у што ти веруваш ми е каша попара од персијски, сумерски и египетски митови.
Да типично е за лицата кои тргнале по спиритуализам такви карактеристики да му придодаваат на чистото Христијанство. Ама една единствена реченица се негира. Каде се елементите на тие типично спиритуални верувања во практикувањето на денешното Христијанството?

Брат, не сите христијани проповедаат ова. Со ова фактички ја се слагам....до некаде (само заради спомнување на Адам и Ева и Ѓаволот)
Сестро во ова се крие тоа што ти претходно, а и сега си се плашела од Бога, ѓаволот и осудувањето. Ти реков на погрешна христијанска духовност си била учена. А прости им на другите христијани кои најчесто грешат поради неспособноста за правилно да артикулираат. За нив погледни во нивните срца.

1. Не сум истата. Со поврзување со целата природа во мене се роди и друг вид сетило - на светото баш во природата и универзумот. Не се плашам дека правам грев ако не го казнувам физичкото тело со целибат, пример. Не зборам за уживање во земниот живот на начин на којшто би била злобник и без обзир кон други луѓе.
Знам дека не си истата! Ама независно од другите, независно од светот, независно од надворешноста, сама за себе, сметаш дека тогаш беше повредна или сега имаш поголема вредност?

2. Повеќе сакана сум сега, откако го прифатив овој земен живот како убаво и нужно искуство, а не како нешто што треба што побрзо да помине за да отидам во другиот свет конечно.
А дали ти се верни во сакањето, тоа не пропуштај да го одговориш? Ама искрено ако можете short1?
 
Па тоа е доказ дека немаме никаков создавател, дека сами се снаоѓаме, дека никој (за кој наводно се тврди дека не сака) не ни покажал како да живееме...
И пак повторувам, доминантна религија е во светот е Христијанството, значи светот како што го познаваме денес е резултат на тоа што луѓето воглавно го почитуваат Христијанското учење, па ако нешто не е во ред, за тоа е крива Библијата....
Според Христовите зборови, христијаните беа и ќе останат „мало стадо“. Во Македонија на пописот како верници се изјаснија над 90% од населението, ама колку мина од нив го исполнуваат канонското правило кое формално ги признава за христијани, а тоа е причест. Колкумина во Македонија се причестуваат. Да ги прашаме во Македонија колку мина го знаат Символот на Верата. Тоа е исто како возрасен Македонец да не ја знае химната на Македонија. Сите тие христијански земји и народи се само номинално христијански. Бројот на верници беше и остана „мало стадо“. Но и номинално христијанскиот свет е сепак подобар од комунистичкиот, фашистичкиот, исламскиот, демократскиот...

Тоа ми кажува дека во светот има се помалку земјоделци, и затоа нема потреба од правење по 5 деца. А тоа што не ги воспитуваат, тоа значи дека родителите се повеќе преокупирани како да заработат пари за да купат храна, место да минуваат време со своите деца.
Ако учеше Политичка економија тогаш ќе знаеше дека како што се развива технологија не му се намалува на човекот работата туку му се зголемува интензитетот на работа и има се поголема потреба од работна сила. Ако нема потреба од земјоделци, има потреба од информатичари, дизајнери, инжењери, архитекти и тн. Во развиените земји како и во земјите во развој се јави криза од недостаток на работна сила која го кочи развојот на човештвото. Од просторните и материјалните ресурси од планетета не се искористени ни 5%. Планетава комотно одеднаш може да ги храни не само овие 6 милијарди туку и сите кои досега живееле, да се живи одеднаш.

Што сакаш да кажеш со ова не знам, може е некоја стапица, ама ај...
Да, така е, треба да ни се открие, ама него го нема....

2А (индивидуално личносно) Дали тука ние ти велиме дека еве нам лично Тој ни се јавил.

2Б (кон целото човештво) Дали една Вера не тврди дека Тој дојде и ни се откри систематски вршејќи дела за да даде докази дека Тој е Бог.

1. Власт над материјата (со лебот и рибите)
2. Власт над природата (со бурата)
3. Власт над телото (со исцелувањата од болестите)
4. Власт на информациите (со познавање на нешта кои физички не можел да ги знае, примерите со Натаниел, Закхеј...)
5. Власт над духовите (со излекувањата на душевно болните изгонувајќи ги духовите)
6. Власт над грешноста какво право немал и не смеел ни да се осмели да си земе ниеден друг пророк (простуваше гревови и ги докажуваше со оздравување)
7. ВЛАСТ НАД ЖИВОТОТ (со воскреснувањата од мртвите, пример Јаировата ќерка но најмногу со Неговото Воскреснување).

Дали на овој свет има таква Вера која тврди дека Бог лично дошол и и се открил? Одговори за да продолжиме. Ова ќе биде многу кусо уште 1 точка само.

п.с.
Ај бе пишувајте помали коментари, само најважното, не ми е цел ден за пред компјутер седење...
На другите теми на форумот може да се забавува човек и да се зеза со по 1-2 реченици. Ова се сериозни теми и бараат подолги постови. Колку и да се скратува пак не може да се сведе на 2 реченици. Ако се пропушти нешто, соговорникот низ тој отвор ќе се обиде да најде дупка за из/одговор. А целта е да се убедиме, инаку глупаво е да денгубиме и да се зезаме за ваква тема.
 
Што е толку нејасно овде?

Природата не може да се одвои од законите кои ја држат.
Законите не можат да се замислат без разум.
Разумот не може да се замисли без живот.
Животот не може да се замисли како нешто случајно и минливо.

Браво, феноменално брат.

Ако некој е способен за резонирање нека го следи редоследот:

Законите ја држат природата, а законите не се хаотични, тие воведуваат/држат ред, разумност, а која би и била целта на разумноста освен да ја одржува природата, т.е. животот во природата. Тоа докажува дека ниту тие закони, ниту разумот, ниту нивната цел одржувањето на животот во природа се случајни и минливи.

Wow,
Може авторско право за да го ширам натаму.
 
Според Христовите зборови, христијаните беа и ќе останат „мало стадо“. Во Македонија на пописот како верници се изјаснија над 90% од населението, ама колку мина од нив го исполнуваат канонското правило кое формално ги признава за христијани, а тоа е причест. Колкумина во Македонија се причестуваат. Да ги прашаме во Македонија колку мина го знаат Символот на Верата. Тоа е исто како возрасен Македонец да не ја знае химната на Македонија. Сите тие христијански земји и народи се само номинално христијански. Бројот на верници беше и остана „мало стадо“. Но и номинално христијанскиот свет е сепак подобар од комунистичкиот, фашистичкиот, исламскиот, демократскиот...

Ако учеше Политичка економија тогаш ќе знаеше дека како што се развива технологија не му се намалува на човекот работата туку му се зголемува интензитетот на работа и има се поголема потреба од работна сила. Ако нема потреба од земјоделци, има потреба од информатичари, дизајнери, инжењери, архитекти и тн. Во развиените земји како и во земјите во развој се јави криза од недостаток на работна сила која го кочи развојот на човештвото. Од просторните и материјалните ресурси од планетета не се искористени ни 5%. Планетава комотно одеднаш може да ги храни не само овие 6 милијарди туку и сите кои досега живееле, да се живи одеднаш.

2А (индивидуално личносно) Дали тука ние ти велиме дека еве нам лично Тој ни се јавил.

2Б (кон целото човештво) Дали една Вера не тврди дека Тој дојде и ни се откри систематски вршејќи дела за да даде докази дека Тој е Бог.

1. Власт над материјата (со лебот и рибите)
2. Власт над природата (со бурата)
3. Власт над телото (со исцелувањата од болестите)
4. Власт на информациите (со познавање на нешта кои физички не можел да ги знае, примерите со Натаниел, Закхеј...)
5. Власт над духовите (со излекувањата на душевно болните изгонувајќи ги духовите)
6. Власт над грешноста какво право немал и не смеел ни да се осмели да си земе ниеден друг пророк (простуваше гревови и ги докажуваше со оздравување)
7. ВЛАСТ НАД ЖИВОТОТ (со воскреснувањата од мртвите, пример Јаировата ќерка но најмногу со Неговото Воскреснување).

Дали на овој свет има таква Вера која тврди дека Бог лично дошол и и се открил? Одговори за да продолжиме. Ова ќе биде многу кусо уште 1 точка само.

На другите теми на форумот може да се забавува човек и да се зеза со по 1-2 реченици. Ова се сериозни теми и бараат подолги постови. Колку и да се скратува пак не може да се сведе на 2 реченици. Ако се пропушти нешто, соговорникот низ тој отвор ќе се обиде да најде дупка за из/одговор. А целта е да се убедиме, инаку глупаво е да денгубиме и да се зезаме за ваква тема.

:bravo:

Веќе насетувам дека некој ќе ми рече: „еве го, овој навива...„
 
Не,светот како што го познаваме денес е резултат на тоа што луѓето вонглавно НЕ го почитуваат Христијанското учење.Тоа што некој ќе се роди или живее во христијанска земја,не значи дека ќе оди по стапките на истата.А бидејќи е многу добро познато дека малкумина чекорат по тој пат,факт е дека не го почитуваат истото.И за тоа каков е светот,не се криви ни самите луѓе,туку гревот во нив......
Па кој е крив за тоа? Црквата, можеби? Или атеистите?

Ништо на светот не е случајно.....па ни нашиот живот и постоење........без разлика на тоа дали некој може или не тоа да го разбере.

Така е, ништо не е случајно! Но се додека ние не ја дознаеме причината за нашето постоењето, можеме да ја нарекуваме случајност.

Според Христовите зборови, христијаните беа и ќе останат „мало стадо“. Во Македонија на пописот како верници се изјаснија над 90% од населението, ама колку мина од нив го исполнуваат канонското правило кое формално ги признава за христијани, а тоа е причест. Колкумина во Македонија се причестуваат. Да ги прашаме во Македонија колку мина го знаат Символот на Верата. Тоа е исто како возрасен Македонец да не ја знае химната на Македонија. Сите тие христијански земји и народи се само номинално христијански. Бројот на верници беше и остана „мало стадо“. Но и номинално христијанскиот свет е сепак подобар од комунистичкиот, фашистичкиот, исламскиот, демократскиот...

Па тие од секогаш и биле номинално христијански! Да кажеш дека си христијанин значи исто ко да кажеш дека припаѓаш на таа (некоја) држава! Тоа е апсурд во што вие верниците верувате дека навистина постои нешто позади! Секој човек додека му е тешко се моли и ја почитува библијата, ама ако добие многу пари или некоја многу убава жена, одма ќе ја заборави библијата и молитвите. Тоа е основна човечка особина, која ја има и кај животните (кој чувал мачки сигурно знае, додека кучињата се поблагодарни, ама зависи од стопанот како го дресирал). Се вика неблагодарност. И не ги ставај религиите со ист ранг на општествени уредувања! Религиите се дел од уредувањето, не може да бидат на исто ниво со него.

п.с.
А што мислиш за феудалното уредување, односно за феудалното уредување на Византија? Тоа уредувањето во кое луѓето морале да црнчат на нивите на благородниците за ништо, каде што биле третирани како робови...

Ако учеше Политичка економија тогаш ќе знаеше дека како што се развива технологија не му се намалува на човекот работата туку му се зголемува интензитетот на работа и има се поголема потреба од работна сила. Ако нема потреба од земјоделци, има потреба од информатичари, дизајнери, инжењери, архитекти и тн. Во развиените земји како и во земјите во развој се јави криза од недостаток на работна сила која го кочи развојот на човештвото. Од просторните и материјалните ресурси од планетета не се искористени ни 5%. Планетава комотно одеднаш може да ги храни не само овие 6 милијарди туку и сите кои досега живееле, да се живи одеднаш.

Не ми треба политичка екомонија за да го објаснам ова. Ако си сиромав земјоделец и имаш своја нива, да кажеме некаде во 19 век кога немало трактори и комбајни, место цел живот да плаќаш на соселаните за орање и жнеење, ќе си направиш 5 деца, и тие ќе ти работат. Денес, работиш во некоја фирма, ама таа не е твоја, газдата те нервира, сметаш дека не си доволно платен, па се прашуваш зошто да имаш 5 деца, кога и 1 е доволно! + се зголемил итензитетот на работата, па немаш време да ги одгледуваш сите 5 деца. Додуша, немаш време ни за 1! Нема веќе домаќинки, нема кој да ги воспитува децата, и жените одат на работа, затоа што секаде има работа, а работа има секаде затоа што има 6 милијарди луѓе, секој си има некоја потреба итн, не е сега темата зошто не се прават по 5 деца.

2А (индивидуално личносно) Дали тука ние ти велиме дека еве нам лично Тој ни се јавил.

2Б (кон целото човештво) Дали една Вера не тврди дека Тој дојде и ни се откри систематски вршејќи дела за да даде докази дека Тој е Бог.

1. Власт над материјата (со лебот и рибите)
2. Власт над природата (со бурата)
3. Власт над телото (со исцелувањата од болестите)
4. Власт на информациите (со познавање на нешта кои физички не можел да ги знае, примерите со Натаниел, Закхеј...)
5. Власт над духовите (со излекувањата на душевно болните изгонувајќи ги духовите)
6. Власт над грешноста какво право немал и не смеел ни да се осмели да си земе ниеден друг пророк (простуваше гревови и ги докажуваше со оздравување)
7. ВЛАСТ НАД ЖИВОТОТ (со воскреснувањата од мртвите, пример Јаировата ќерка но најмногу со Неговото Воскреснување).

Дали на овој свет има таква Вера која тврди дека Бог лично дошол и и се открил? Одговори за да продолжиме. Ова ќе биде многу кусо уште 1 точка само.

На другите теми на форумот може да се забавува човек и да се зеза со по 1-2 реченици. Ова се сериозни теми и бараат подолги постови. Колку и да се скратува пак не може да се сведе на 2 реченици. Ако се пропушти нешто, соговорникот низ тој отвор ќе се обиде да најде дупка за из/одговор. А целта е да се убедиме, инаку глупаво е да денгубиме и да се зезаме за ваква тема.

2)а. Не, не ми велите дека се појавил (иако Радост е допрена :baeh:),
2)б. Не, има една религија која наводно вели дека тој го пратил синот свој, ама па дозволил да го распнат на крст и да се пече на сонце 3 дена без вода и храна.

Ниеден настан не е потврден, колку што знам јас Исус не е ни вистинска историска личност, ништо не се случило од тие 7 работи.

Не, нема таква религија која вели дека Бог се симнал од небото.

Абе Сардаукар, не знам јас за тебе, ама јас само што завршив со матурата, имам време колку сакам, надвор е пекол.... Иако се согласувам со тебе дека ова е посериозно од некој други подфоруми, не е ептен толку сериозно. Интернет форумите се за забава и губење време, не се за посветување на животот на нив. И слободно пропуштај некои работи, 2 ќе билдаме постови :helou:
 
Најпрво до признавањето/дозволувањето на христијанството едно 3 века, не постои сличен начин на ненасилно ширење на било која идеологија во светот. После нејзиното прифаќање Христијанството нема ниту едно поголемо досие за некакво злосторство. Христијанството има правило, секој треба да си има простор за своето верување. Ниту ние ќе им се плеткаме на другите, но не смее ни другите да идат во наш простор освен во случај на договро на реципроцитет. Тоа правило било почитувано. Христијанството нема досие за направени злосторства но има прогонувања и повлекувања почитувајќи го горното правило. После отцепувањето на римокатолицизмот и нивното се подлабоко навлегување во погрешна духовност тие го посрамотоја христијанството, така што сега најчесто обвинувања кои православните ги добиваат се поврзани со дела на тимокатолиците и протестантите. После Наполеон и врзувањето на верата со нацијата и православните направија слични гревови, посебно последните со српските војувања во Хрватска, посебно Босна, а и Косово. Веројатно православните ќе прават поголеми слични пресии демек да го бранат Православието поради влезот на етнофилетизмот во Верата. Сепак ако ова се спореди со било која друга вера или било која друга идеологија ќе се види дека Христијанството има најчиста форма на проширување. Зборувам за Православното Христијанство. Впрочем Христијанството е единствената идеологија која не се бори за освојување на физички простор, дури не толку за освојување на нечиј ум, туку се бори за освојување на срцето.

excuses, excuses.....сигурна сум си слушнал за Шарламејн? Он е одговорен за проширување на христијанството со меч низ Европа. А што, луѓето откако ја прифатиле оваа вера не смеат да се предомислат и да ја сменат, па затоа биле прогонувани? Ама ајде ти се молам. Многу теории и убедувања завиткани во розе. Denial to the fullest

Православната Црква си има свое учење кое ДОБРОВОЛНО го прифатиле мнозинството луѓе во Македонија. Соодветно на тоа таа е ДОЛЖНА поради нив да го застапува тоа учење во општеството, исто како што е должна една партија да ја спроведе програмата за која гласале граѓаните. Значи тука нема ништо присилно туку се е легитимно. Другата страна барањето Црквата да не го осудува абортусот, хомосексуалноста, лажните вредности и слично претставува ЗАМОЛЧУВАЊЕ на Црквата од малцинството неверници да наметне свои вредности на живеење над мнозинството верници.

Не споредувај Црква со Влада, те молам. Во денешно време двете се одвоени, со добра причина. Дури и во една мала Македонија не се сите православци. Така да, Црквите низ цела планета треба рацете да си ги тргнат од политика

Јас ти објаснив дека нема хипокритичност. Ти обвини но не ја објасни хипокритичноста.

Тебе стварно ти треба све на тацна? Е, па вака - верувате во ангели и дека Исус воскреснал од мртви, а од друга страна ако некој друг каже дека видел ангел чувар го правите будала. Не е ова хипокритичност?

Да типично е за лицата кои тргнале по спиритуализам такви карактеристики да му придодаваат на чистото Христијанство. Ама една единствена реченица се негира. Каде се елементите на тие типично спиритуални верувања во практикувањето на денешното Христијанството?

амммм....коледе? Оганот на Бадник? Вапцање јајца? Исус умрел и воскреснал по 3 дена = Митра исто. Ное и поплавата = Гилгамеш. Богородица и Исус = Исис и Хорус. Ова на кратко само

Знам дека не си истата! Ама независно од другите, независно од светот, независно од надворешноста, сама за себе, сметаш дека тогаш беше повредна или сега имаш поголема вредност?

А дали ти се верни во сакањето, тоа не пропуштај да го одговориш? Ама искрено ако можете short1?

Не се омаловажувам себе да кажам дека во некој момент од мојот живот сум била помалку или повеќе важна. Ако имам ја 4 деца и 1 едно од нив е ненормално лошо и непослушно, зар помалку ќе го сакам од оние што ме слушаат и почитуваат? Не. Пак ги сакам сите исто. Разбираш?

И кога кажав дека сум сега повеќе сакана - тоа си се сакам сама себе повеќе, не на лош начин секако. Верна во сакањето? Мислиш спрема Бог? Да, сум. На различен начин од други луѓе секако, ама тоа не е битно.
 
Radost , свесен си за контрадикциите кои се застапени во изобилие во Библијата , ако си , што мислиш за истите , и трето , како го толкуваш следново : '' Господ е Мртов '' , знаеш од кого потекнува . . .
 
Па кој е крив за тоа? Црквата, можеби? Или атеистите?

Така е, ништо не е случајно! Но се додека ние не ја дознаеме причината за нашето постоењето, можеме да ја нарекуваме случајност.

Па,незнам,ако таквите пореметувања на општеството,настануваат од непочитување на Христијанството,тогаш да,тоа се оние кои,нормално,не веруваат во Бога(атеистите).Иако,има и исклучоци.Некои луѓе,не веруваат,но барем почитуваат некакви си морални вредности.Гревот што го прават,го прават за себе, и тој индиректно влијае врз целосната состојба во општеството.Истово не значи дека живеат правилно,но пак не значи дека живеат потпирајќи се на она што светот,како најлошо нешто,им го нуди.Исус рекол: „Кој не е против вас,тој е со вас„.Има разлика од неверници кои не плукаат по верата,и онакви чие задоволство претставува истото.
Другите пак,се од оние кои се лажат дека веруваат,односно сите оние секти....Отиди до Карпош на пример,и изброј ги секташките куќи!Ќе те здоболи глава!Од таквите „ЛАЖНИ ПРОРОЦИ И УЧИТЕЛИ“,најмногу треба да се бега.....Тоа се болни луѓе,кои најчесто даваат помош на сиромасите по улиците,а за возврат бараат присуство на нивните изопачени ритуали.Делат проспекти,се прокламираат како следбеници на Бога,а длабоко во себе му служат на Мамона.И на крај,се оние кои свесно му служат на Мамона.Сатанисти,кои уживаат во таа изопачена служба.Најчесто,тие истите го завршуваат животот кога тие сакаат,односно,се собираат во една соба десетина души,и вршат заедничко самоубиство.Е за таквите,нема што да кажам....:toe:
Тешко нив,знам дека не им е лесно...:pos2:

Не е случајно твоето постоење.....За тебе ќе остане СЛУЧАЈНОСТ,до оној момент кога ќе ја разбереш ПРИЧИНАТА ,која ќе ти ги ископа очите уште малку.Се е пред тебе,само кога ќе го здогледаш?
 
Па,незнам,ако таквите пореметувања на општеството,настануваат од непочитување на Христијанството,тогаш да,тоа се оние кои,нормално,не веруваат во Бога(атеистите).Иако,има и исклучоци.Некои луѓе,не веруваат,но барем почитуваат некакви си морални вредности.Гревот што го прават,го прават за себе, и тој индиректно влијае врз целосната состојба во општеството.Истово не значи дека живеат правилно,но пак не значи дека живеат потпирајќи се на она што светот,како најлошо нешто,им го нуди.Исус рекол: „Кој не е против вас,тој е со вас„.Има разлика од неверници кои не плукаат по верата,и онакви чие задоволство претставува истото.
Другите пак,се од оние кои се лажат дека веруваат,односно сите оние секти....Отиди до Карпош на пример,и изброј ги секташките куќи!Ќе те здоболи глава!Од таквите „ЛАЖНИ ПРОРОЦИ И УЧИТЕЛИ“,најмногу треба да се бега.....Тоа се болни луѓе,кои најчесто даваат помош на сиромасите по улиците,а за возврат бараат присуство на нивните изопачени ритуали.Делат проспекти,се прокламираат како следбеници на Бога,а длабоко во себе му служат на Мамона.И на крај,се оние кои свесно му служат на Мамона.Сатанисти,кои уживаат во таа изопачена служба.Најчесто,тие истите го завршуваат животот кога тие сакаат,односно,се собираат во една соба десетина души,и вршат заедничко самоубиство.Е за таквите,нема што да кажам....:toe:
Тешко нив,знам дека не им е лесно...:pos2:

Па баш најголемите пореметувачи на општеството зборуваат и ги прават своите дела во името на христијанството! Нивна животна цел е да ги “навратат луѓето кон корените“. Атеистите ви се само оправдување! И доста со таа демагогија дека само атеистите се неморални, злобни и криви за сите злодела на светот и треба да се казнат, додека поп да силува мали дечиња е нормална работа, луѓе живи да се спалуваат на клада исто така, итн, тоа не ти пали тука!

И на основа на што пресуди дека се лажни? На тоа што сакаат да им ги соберат верниците на православната црква, па ќе има помалку пари за вас?
 
-Па,тоа се токму оние за кои ти пишував 10реда,дека ЛАЖНО,запамти го проповедаат Христијанството!Го лажат народот дека во име на Бога прават се,а плукаат врз Неговото Име.
-За ова нема да коментирам,прочитај го мојот претходен пост повторно,пред да кажеш нешто.
-И,ова за поповите,прави разлика за која црква си го слушнал.За православната тоа не се случило.Да не можеби зборуваш за Христијанството на Запад(католицизам)?Изјасни се поубаво,и не зборувај за нешта за кои не си сигурен,или ги прокламираш како вистинити од РЕКЛА-КАЗАЛА.А,ова за потпалувањето,немора да ми кажеш,одма се гледа дека станува збор за белег по кој се препознава католицизмот,така да не гледам причина зошто би ми го кажувал ова мене.
-По што пресудив?Делата кои ги вршат,односно дела спротивни на Божјото Учење.Ај,за 15мин.иди на Адвентистичка црква,ќе прочиташ зошто,да не пишувам по 100пати.
 
Radost , свесен си за контрадикциите кои се застапени во изобилие во Библијата , ако си , што мислиш за истите , и трето , како го толкуваш следново : '' Господ е Мртов '' , знаеш од кого потекнува . . .

Посочи некоја Библиска контрадикција, живо ме интересира која би можела да биде...
А после тоа, посочи и како може Бог да си биде сам на себе контрадикторен?
А тоа дека е Бог мртов, тоа е позната работа, кажана од Ниче, безбожник и егзистенционалист, што по автоматизам значи дека неговата философска определба е незнабожечка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom