Нова сезона почнува дечки за разлика од предходните оваа е богата со нови и повратнички серии, а богами и квалитетни, не ги изброив сите но би требало да има повеќе од 60 серии оваа сезона. Ми требаше доста време да ги исчитам описите на сите нив. Секако имам неколку фаворите меѓу повратниците, но ќе се обидам да им дадам шанси и на новаците, да го погледнам пилотот па ако ме привлече ќе продолжам да ја гледам.
Да почнеме полека, Attack on Titan се враќа - можеби и најдоброто и најисчекуваното аниме последниве неколку години.
Нов серијал од Naruto - Boruto:The Next Generation, не треба поголемо објаснување сите сме свесни за значењето на овој серијал и скоро да нема човек што не слушнал за него.
Продолжуваме со Боку но Херо Академиа(ме мрзи да мењам фонт) - мој личен фаворит, првата сезона беше супер немам зборови, се надевам ќе продолжи со исто темпо.
Нова сезона на Берсерк супер за сите фанови, јас искрено треба уште да ги изгледам првите епизоди.
Dungeon ni Deal... ова аниме го гледав сега скоро бидејќи сакам такви ала Ре:Зеро, SAO тип на аниме, Aiz Wallenstain hype.
Saenai Heroine no Sodetekata S2- продолжение на Ноитамина анимето, првата сезона беше интересна, сепак отстапува малку од типот на аниме што ги очекуваме од Ноитамина блокот, минатата сезона Кузу но Хонкаи беше светла точка.
Атом - ново аниме прекуел на Астро Бој, верувам сите сте запознати со ова.
Ју-Џи-О - 6то продолжение (искрено никогаш не сум го гледал овој серијал).
Тсуки га Киреи - секош сум ги сакал оригиналните анимеа, описот звучи занимливо.
Има уште многу кои се чинат занимливи како Шингеки но Бахамут, кои ке ги анализирам откако ќе го погледнам бар пилотот. Конечно една добра нова сезона. Еве ги сите анимеа оваа сезона па одлучете што има добро за гледање:
https://static.neregate.com/2017/02/neregate.com-Spring-2017-Anime-Chart-v2.png