Тоа беше прво нешто што го пробав... не сум баш некој аматер кога станува збор за вакви работи. Арно ама... најдов начин да ги вратам контактите.
Имав инсталирано АЕК Именик, тоа што ти ги скенира контактите и ти кажува кој на кој оператор е... и тамо ги имав скенирано пред некое време ( не дека го користам... на претплата сум и имам бесплатно кон сите, ама ете.. ми седело во телефон
) и сега случајно разгледував нешто низ менито и ми светна во памет дека може уште ги има контактите тамо... и кога отворив, ми ги покажуваше сите контакти што ги имав скенирано претходно.. односно сите што ги имав во телефон
И така еден по еден ги препишував од тел во ворд и после ги препушував на телефон еден по еден.
-Школо за друг пат: бекап на контактите на гугл акаунт и во аутлук.