Air fryer

Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Според мене ова е само една маркетиншка глупост, ер фрајер, а во суштина е конвекциска печка со вентилатор во помал размер, спрема тоа и логично е да нема некоја разлила во јадењето, 200ц се 200ц и во еднатс и во другата единствено што за традиционалната конвекциона печка ќе треба да јс загрееме 20 минути за да достигни температура додека овде дека е една рака простор ќе ја постигне температурата одма. Друга работа потрошувачката со ова е поголема иако е пример 1.5 киловат наспрема 2 или 2.3 киловати во печка бидејки собира премалку храна и мора да се користи секој ден, додека кај нормална печка ќе ја искористиш 2 пати во неделата наместо 7 пати. Исто и за миењето дека било лесно во машина за садови, па и тавата или решетката се мие во машината за садови, во мојот случај не користсм машина не сум видел мака посебна досега да измијам некоја чаша или тава :) И плус завзема додатно место на работната маса. Спрема мене не вреди да се даваат пари за ова освен ако си сам човек, немаш конвекциона во домот и сакаш да правиш мини оброци цело време.
Еве и едно добро видео за ова

Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Секако е поздрава варијанта од пржење во повеќе масло, ама ме интересира дали со ова се постигнува истиот ефект како крцкави компири, стек итн.
 
C

CoolIris

Гостин
Спрема мене не вреди да се даваат пари за ова освен ако си сам човек,
Баш ако си сам човек многу ти се исплаќа. Доаѓаш дома, само ставаш внатре тоа што ти треба, навиваш за колку време и буквално забораваш на јадењето. За 20-30 мин имаш топ оброк. Пред да го земам чудово многу ретко си готвев само за мене.

Не зафаќа ниту многу место. Навистина е практично и многу лесно за употреба и одржување. Дури и тој што не знае да готви може да се снајде со чудово.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
@CoolIris Така де тоа реков ако си сам човек се исплаќа ако сакаш да си готвиш мали оброци често, иначе е исто печка конвекциска, греач+ вентилатор во затворена просторија само маркетиншки трик не се вика конвекциона печка се вика ер фрајер :D, својствено на тоа не ни може да има разлика во јадењето, еве и закачив видео погоре @Forza Milan!!! одлучи си сам, единсвено може да види разлика некој ако досега користел стара релна/печка дома без вентилатор внатре и нормално јадењата нема да бидат толку крцкави бидејки нема циркулација на воздух, ама веќе во денешницава повеќето имаме нормални печки,замре времето на тие старите,а ако немам јас таму би ги ставил парите место во ова од аспект на повеќе простор/повеќе јадења можам да готвам истовремено внатре.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Секако е поздрава варијанта од пржење во повеќе масло, ама ме интересира дали со ова се постигнува истиот ефект како крцкави компири, стек итн.
Ние кога земавме air fryer препораката од луѓе што веќе користеле беше, земете некој поскап зашто со поефтините резулатите често се mediocre.
Земавме малку поскап и поголем Филипс air fryer со капацитет од 1.2 килограми зашо многу добри работи за Филипс прочитав.

Е сеа од тоа што читав практично позната работа е концептот но разликата ја прави вентилаторот и целата технологија за распоредување на воздухот hence правилно и целосно готвење и вкусна храна.

Јас од Филипсот сум многу задоволен. Во главно праам компири и помфрит со него, но понекад правам стек, батак, риба и слични работи и све испаѓало топ и сочно (најмногу страв ми беше дека храната ќе биде сува). Еднаш ми беа двајца другари на гости и решив да го тестирам па стаив нешо повеќе од пола кило замрзнат помфрит од кеса и плус заборавив да го промешам (обично помфрит од кеса иде 15 минути и на секои 5 минути ја отварам кутијата и го протресувам малку. Помфритот и вака испадна супер.

Така да јас ја препорачувам оваа направа :D
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Хахахах со среќа да се служи HR3655, ѕверотина е :D

Што се однесува на пржачиве, не би знаел да ти помогнам, јас се ткомам да земам долго време, ама се нешто испаѓа, и цепам варена храна, било кој околу 100е од солиден капацитет и бренд треба да е добар......
Кој би го препорачал ти, Тефалот од Нептун, малце погоре поставен, или од Делимано?

Буџет макс 200 евра.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Кој би го препорачал ти, Тефалот од Нептун, малце погоре поставен, или од Делимано?

Буџет макс 200 евра.
тефалот штом ти е буџет 200е, според спец е поголем од мојот филипс исто што го постирав од нептун
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Кој би го препорачал ти, Тефалот од Нептун, малце погоре поставен, или од Делимано?

Буџет макс 200 евра.
Ако е тој буџет онда иди на добар бренд, тие од Делимано се онака....
 
S

staycalm

Гостин
Која е оптималната количина на храна за да се приготви добро во Delimano Air Fryer Pro? Пробав со поголема количина компири (околу 500-600 грама) и крајниот резултат беше прилично лош, имаше живи имаше и препржени (често ги промешував) и премногу време им требаше за да се испржат. :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Која е оптималната количина на храна за да се приготви добро во Delimano Air Fryer Pro? Пробав со поголема количина компири (околу 500-600 грама) и крајниот резултат беше прилично лош, имаше живи имаше и препржени (често ги промешував) и премногу време им требаше за да се испржат. :D
Онаа што ќе ја собере.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Мене ме интересира „вистинскиот“ капацитет на уредиве. Малку апстрактни единици користат, 2.5 Л, 3.5 Л... нема храната во литри да ја мерам а и оние што имаат назначено кг, 0.8, 1 или 1.2 кг или 4, 5 или 6 порции се сомневам по која методологија ги пресметуваат овие бројки. Има ли некој real-life референца кој апарат за колкумина отприлика врши работа (за едно готвење)?
 
Тој јас што го имам е 7 литра или 1,2 килограми. Помфрит во него можеш да праиш многу, со едно печење асална количина за тројца здрави мажи да делкаат со ручекот :D
Од месо исто можеш да стаиш солидна количина пилешки крилца, пет-шест копани, три надкопани, стекови зависи како ќе ги исечеш можеш да наредиш два- три сигурно. Брокула или него друг зеленчук сигурно можам цела ќеса од 400 грама да ја направам со едно печење.

Моја топла препорака ти е кога ќе бараш air fryer да гледаш димензиите на корпата и да е поширока доле . Не мора и не е толку битно да е висока, побитно ти е доле да е широка за да можеш убаво да наредиш храна, зашто не е препорачливо месо да редиш едно над друго.
 
Кој модел го имаш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom