- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.273
- Поени од реакции
- 13.004
Дечки заборавив да прашам, дали е динамичка IP адреса на Blizoo или статична? Многу луѓе велат дека и покрај тоа што неколку пати го ресетирале рутерот сепак адресата останала иста, а на нивна страна велат дека е динамичка? Па? Ваше искуство?
Истата IP адреса ја имам веќе 3 години, иако во договорот пишува дека е динамичка тоа кај Близу незначи дека се менува со рестрт на рутер/модем.
П.С. јас сум во лан зона.
Одговорот е да и не.
Не, според логиката на Интернет нештата и според општите правила и дефиниции на Интернетот, IP адресите кои ги доделува Близо на корисниците на неговиот кабелски Интернет не се динамични, туку се статични.
Истовремено - да, според дефиницијата на Близо за динамична IP адреса, IP адресите кои ги доделува Близо на корисниците на неговиот кабелски Интернет се динамични.
А која е дефиницијата на Близо за динамична IP адреса ?
Одговор: Динамична IP адреса - според Близо - е IP адреса која самиот компјутер или рутер автоматски ќе ја превземе од кабелскиот модем, за да нема потреба од нејзино рачно внесување, како што беше потребно порано кога корисникот мораше да се јави во службата за техничка поддршка на Близо за да му ги издиктираат IP адресите преку кои компјутерот или рутерот треба да се поврзе и да превзема Интернет сигнал од кабелскиот модем.
Понеразбирлива дефиниција, здравје.