A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Што се утепав од гледање маратонски на серија, значи дека нема проблем :) Се` си е во ред кај мене во Чаир (lan зона) :)
Евентуално можеби јас сум причината за проблемот бидејќи ретко се нафаќам за гледање серии маратонски, па затоа нетот полудел :P :D
 
Ќе си го добијат во понеделник со губење корисник кој предвреме плаќа сметка. Ако, ако...нека си играат "провајдер".
 
Не си го губете времето да чекате. Вечерва нема да има нет, утре наутро веќе (ако воопшто и сработат утре наутро).
 
Не си го губете времето да чекате. Вечерва нема да има нет, утре наутро веќе (ако воопшто и сработат утре наутро).
Ааааааааааа те претркаа, сеа дојде.
 
Не си го губете времето да чекате. Вечерва нема да има нет, утре наутро веќе (ако воопшто и сработат утре наутро).
Не си го губете времето да чекате. Вечерва нема да има нет, утре наутро веќе (ако воопшто и сработат утре наутро).
dojde utrovo vo 5.30 do 10.30 sega povtorno nema ........eeeee mnogu e .......
 
Една интересна работа околу ова со Интернет дефективе на Близо.

Во ноември 2015 ми се јавија од Близо за да ми понудат обновување на договорот со нив - кој ми истекува на 31 декември 2015, и истата недела цел ден немаше Интернет, односно имаше, но многу бавен.

Оваа недела што измина, ми се јавија од Близо во понеделникот или вторникот за повторно да ми понудат обновување на договорот со преминување на стандардниот Смарт пакет - што во превод значи дека ми нудат само побрз Интернет, а се останато да остане неизменето за истата месечна претплата од 1.200 денари која ја плаќам и сега.

И еве, повторно Интернет дефект.

Секогаш кога се обидуваат да ме фатат на јадица, им се случува бумеранг ефект и им` паѓа Интернетот. :D

Се обидов да се исценкам со нив, прашувајќи ги дали ќе може да ми ги дадат каналите од Балканскиот пакет, а во замена за тоа да не ми дадат побрз Интернет, а истовремено да ми ги исклучат и Тринг каналите, но не, велат дека тоа не е изводливо со Смарт пакетот.

Ги прашав и дали ќе може да им го вратам кабелскиот рисивер за вториот LCD телевизор и да го заменам во кабелски CA модул, но тие ми рекоа дека нема да ми биде исплатливо, бидејќи ќе морам да им плаќам месечна доплата за кабелскиот CA модул за вториот LCD телевизор од 80 денари месечно, односно целосната месечна претплата ќе биде 1.280 денари.

Изгледа не ме сфаќаат сериозно, ги одбив за потпишување на нов договор во септември 2015 и во ноември 2015, па можеби ќе ме сфатат сериозно во јануари 2016 кога веќе ќе имам одврзани раце за да ги баталам.

Со моите одлучивме да чекаме да поминат празниците и дури во февруари 2016 да се префрлиме на Телекабел, освен ако во меѓувреме Близо се освестат и ни понудат нешто поасално.
 
Со моите одлучивме да чекаме да поминат празниците и дури во февруари 2016 да се префрлиме на Телекабел, освен ако во меѓувреме Близо се освестат и ни понудат нешто поасално.

Значи ти сакаш Близу лично само за тебе да креираат посебен пакет што инаку го немаат во понуда?
Епа нема што да чекаш - префрлај се уште утре на Телекабел зашто таква понуда нема да добиеш ни сега а ни во наредни 100 години :).
 
Јас мислам дека гомнава не ни пробуваат да го направат. Хеј мислам, недела е, нова година доаѓа...

Џабе ги пцујат на фб, ќе дојдат утре на работа и ќе го избришат постот со коментарите како некои пичици и никому ништо....
 
Значи ти сакаш Близу лично само за тебе да креираат посебен пакет што инаку го немаат во понуда?
Епа нема што да чекаш - префрлај се уште утре на Телекабел зашто таква понуда нема да добиеш ни сега а ни во наредни 100 години :).

Па баш спротивно - договорот што ми истекува на 31 декември 2015, беше договор токму за таква посебна понуда - Делукс пакет.

Користевме Смарт пакет веќе 1 година - од 2012 до 2013, и кон крајот на 2013 од Близо ни понудија повеќе канали за истата месечна претплата од 1.200 денари.

Факт е тоа дека можат повторно да ни понудат Делукс пакет за кристално истата месечна претплата со повеќе канали, а во замена за тоа, ќе не` имаат врзано со договор до крај на 2017 година.

Но нивната филозофија е дека многу работи се сменија во текот на изминативе 2 години - се проширија низ повеќе градови низ Македонија, ги купи Мобилком Австрија - сегашен А1 Телеком Австрија, кој е во сопственост на Карлос Слим, а истовремено е и` сопственик на Вип, па неодамна ги споија Вип и ОНЕ во една заедничка компанија и што уште друго не, па сега си мислат дека не` држат нас корисниците за тестисите и дека немаме алтернатива.

Е па во мојот случај на дебело грешат, бидејќи освен Телекабел, имам и втора алтернатива - Македонски Телеком ја прошири својата оптичка мрежа и во мојата населба во текот на 2015 година, поради што после 31 декември 2015, Близо не ме држат ни за тестисите, ни за ништо.

Не им барам премногу, да им бараш попуст од 99 денари месечно за екс-Ју канали во замена за потпишување на нов договор со времетраење од 2 години, е срамна мизерија во втора деценија на 21-ви век, но ете, Близо не сакаат ни од тие 99 денари да се откажат. Работава е дека не сакаат да частат ќебапи, но истовремено не сакаат ни коска да ти фрлат, е па на дебело се заебале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom