До некаде е така. Но сепак, зборуваме за квалитет: приказната, актерите, камерата, звукот, режијата... Во споредба со американските или британските, овие другите во главно изгледаат бедно. Кажи ми дека скоро секоја серија не е копија на некоја предходна? Двајца луди млади
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
имаат еден куп непријатели кои не им даваат да бидат среќни и они се борат на сите едно 256 епизоди дури не им преседне на гледачите од гледање и тогаш завршува со хепиенд а негативците добиваат по глава... Мислам истата серија во 100 паковања е пристигната во нашиов етер, од Робиња Исаура па наваму
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Да не зборуваме за гардеробата, за сите оние моми кои стануваат супер нашминкани и дотерани на сабајле, за дневните соби во кои никогаш нема телевизор и тн...
Енивеј, шпанските сапуници беа предмет на исмејување и во Friends имаше некои многу добри сцени на таа тема. Од друга страна, американските серии се разновидни, ги има од сите жанрови, т.е. за сечиј вкус, дури и во најголемата криза на идеи нешто се случува. Поквалитетни се од секој аспект не се ни блиску до споредба.
Според мене, ОК е тоа што повозрасните генерации гледаат зошто им е поблиско тоа до домашните серии кои некогаш ги гледале, а кои повеќе не се прават. Кај помладите може да има позитивен ефект во совладувањето на шпанскиот јазик, и тоа е ок. Иначе по квалитет, овие серии се мизерни. Не мислам дека се работи за перење мозок пошто ништо не се постигнува со таквите, туку за загадување на етерот со кич, лош вкус, нешто како турбо фолкот.