A1 телевизија

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Гледам изгледот го крадат од странски телвизии, а не земат малку да погледнат како информираат на тие телвизии. На ударни вести им е постојано црна хроника: син уби мајка, татко го силуваше 2 год. стариот син, македонски Раскољников, фетус во канализација, мајка го запали детето, синот ја исекол и запалил мајката, жената го сомелела мажот итн итн... Точно дека не е се бело кај нас, ама не сме дел од некој хорор филм у пм...
Точно заради тоа престанав да гледам ТВ (освен за спорт повремено) и се свртев кон интернетот. Не е нормално тоа што го прават, а пошто го прават одамна, нашиот мозок веќе го прифаќа како нормално. И уште си ги поделиле термините на секои 30 минути за да можат од 17 до 23 да те торпедираат со ова срање. Па добро бе мајку му, и убави работи се случуваат. Земи организирај нешто убаво за градот или за околината, треба да ги молиш телевизиите да дојдат да информираат од настанот. Скрши му го прозорот на комшијата со камен, онака ничим изазван, има 4 национални телевизии да ти дојдат а на вести ќе гледаш разно-разни ликови кои анализираат што довело до тоа да му го скршиш прозорот на комшијата, дали има скриена агенда и која е политичката позадина на случајот. Кој имал трети братучеди во едната партија и кој имал брат од другарка на жена му што се познавал со пријател на телохранителот на премиерот.

Страшно е тоа што се случува со телевизииве и имам само една препорака: гасете тоа телевизорот!!!
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578

Од истата принина не гледам А1. Како хорор филм се. Мислам дека секое утро стануваат си се молат некој некого да убие, да силува, да искасапи, за да имаат што да кажат. А каде им се вестите за добрите работи? На ТВ НОВА и ХРТ, повеќе е забава, отколку хорори, и многу им се поинтересни вестите. Луѓето сакаат позитивни работи, сакаат да се информираат за некое случување во текот на денот, да го посетат, а не да се плашат дека ако ги заболи нешто, па да отидат на лекар и А1 да ги снимаат.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102

Не гледам никаква разлика во вестите на А1 и на НоваТв,само што очигледно е дека на некои од вас ви пречи од друга причина А1.А на било кои вести има она што во тековниот ден се случило во државата и светот и тоа е тоа,никој не измислува топла вода.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Не гледам никаква разлика во вестите на А1 и на НоваТв,само што очигледно е дека на некои од вас ви пречи од друга причина А1.А на било кои вести има она што во тековниот ден се случило во државата и светот и тоа е тоа,никој не измислува топла вода.
Не е точно. Не даваат во сите вести дека умрело 4годишно девојче и дека се криви докторите. Секаде умираат деца. А само А1 смета дека докторите се криви и дека туѓата болка треба да се стави во вести за да се привлече внимание.
На Нова никогаш немало ваква вест. Или онаа бабата со скапаните нозе. Не сакала операција па и скапале нозите. Ај сеа Владата е крива. Гупости даваат секојдневно. Среќна сум што ја избришав од канали и веб страната ја тргнав од комп. За жал понекогаш на гости ќе ја видам, и единствено што даваат е некој што умрел, Како погребално се.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
МТВ има некој асални докуменарци
Стварно? Кои?

--- надополнето ---

На гости ли ја гледаше дебатата на оној од Анти-корупциска и потпретседателката на СДСМ?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Не гледам никаква разлика во вестите на А1 и на НоваТв,само што очигледно е дека на некои од вас ви пречи од друга причина А1.А на било кои вести има она што во тековниот ден се случило во државата и светот и тоа е тоа,никој не измислува топла вода.
Извини само кај нас постои педофилија, свирепи убиства и слично? На нова не баш сум сретнал на ударни вести да им се информциите од тој тип. А1 го уништува духот на народот, го прави да се плаше како божем се е смртоносно или може многу да му наштети на здравјето. За еден обичен сезонски грип се во состојба да кренат толкава паника меѓу народот што ќе помисли човек дека ХИВ вирусот почнал и по воздух да се шири... Батли политиката, тоа е бшк тема за телевизииве. Барем малку да прават селкција на информциите, а не се живо да пуштаат во етер. Па не е Македонија масовна касапница...
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Стварно? Кои?

--- надополнето ---

На гости ли ја гледаше дебатата на оној од Анти-корупциска и потпретседателката на СДСМ?
Да, додека чекав да ми сварат кафе:) Уште се чудам што се кажа...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Не гледам никаква разлика во вестите на А1 и на НоваТв,само што очигледно е дека на некои од вас ви пречи од друга причина А1.А на било кои вести има она што во тековниот ден се случило во државата и светот и тоа е тоа,никој не измислува топла вода.
Па јас за сите пишав горе, а предничат А1 и Сител во таквото информирање. Другите пошто овие ги земаат за пример, удираат на копирање. Не ми кажувај за тековните случувања, па ако се случило убиство во шабшалево, сигурно се случиле и 2-3 убави работи во шабшалево истиот ден, што не прошетаат малку со тоа камерите... Целата таа идеја да сервираат се што ни куче не може да изеде во 30 минути, ги прави одвратни за гледање, и А1, и Сител и останатите кои ги копираат... Едноставно мене не ме интересира дали некаде во државава психички пореметен татко имал син наркоман, двајцата се тепале 30 години и денес им дошол редот за вести. Сметам дека такви работи се случуваат по цел свет и не се за прикажување на национална телевизија, посебно не пред вечера. Многу повеќе луѓе би гледале вести ако после оној ударен политички блок (нека си тегне кој на каде сака), телевизиите се фокусираа на попозитивни работи кои се случуваат секојдневно. Има луѓе кои организираат убави настани и заслужуваат внимание.

А што имаме ние? 30 минути вести во кој се форсира безнадежноста, па после плачење по малата невеста, па малку лисјата паѓаат, па пак вести... бедотија...

--- надополнето ---

На гости ли ја гледаше дебатата на оној од Анти-корупциска и потпретседателката на СДСМ?
И ја не знам што сакаше да кажеш, ама немој ни случајно да почнуваш политички дискусии на темава.

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.601
Поени од реакции
8.044
ќе ве замолам политика да нема во темава нити па у други теми пошо преку глава ми е од политикава во македонија
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Aко е навистина во криза не мора да ги откупува сите турски серии,ова е претеризам,се започна со Шехерезад,нема програма кај што не се емитуваат тие турски чуда,подобро ке ги гледам шпанските серии барем јазикот ке им научам ако не друго.
Е да, многу е подобро.:pos2:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Извини само кај нас постои педофилија, свирепи убиства и слично? На нова не баш сум сретнал на ударни вести да им се информциите од тој тип. А1 го уништува духот на народот, го прави да се плаше како божем се е смртоносно или може многу да му наштети на здравјето. За еден обичен сезонски грип се во состојба да кренат толкава паника меѓу народот што ќе помисли човек дека ХИВ вирусот почнал и по воздух да се шири... Батли политиката, тоа е бшк тема за телевизииве. Барем малку да прават селкција на информциите, а не се живо да пуштаат во етер. Па не е Македонија масовна касапница...
Очигледно не си воопшто гледал НоваТв па затоа зборуваш така,а и не гледам дека секој ден се зборува за педофилија,убиства и бла бла, се зборува за она што се случува во државава,па ако ги има истите ќе ги објавуваат и не верувам дека некој со радост објавува таква вест,жално е кај нас што дојде до ситуација да граѓаните наместо да бараат помош од државните институции,се принудени да ги бараат медиумите за помош,така се што има по медиумите е по барање на самите граѓани на РМ.
Инаку разликата меѓу А1 и НоваТВ е тоа што НоваТв имаат многу повеќе пари и нивните новинари постојано негде патуваат и снимаат по цел свет е тоа го нема кај нас,а и НоваТв секојдневно Јадранка Косор ја прават партал,што не е случај кај нас.

Инаку ниту една телевизија кај нас не ги задоволува моите критериуми,може само делумно Алфа и Телма,се останато е аут,па и не ги ни гледам,ниту пак се оптоварувам што нудат и што прават,а и моето мислење за нештата не може да ми ги смени никој,а најмалку па медиумите.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.504
Поени од реакции
28.968
Колку и да викаме дека телевизијава е срање(се извинувам на израз) има некои што ја гледаат 24/7 па така е и најгледана телевизија...Јас колку што знам телевизијата е за забава и да се релаксираш малце..Повеќе се нервирам коа ке пуштам а1 од нивните хронични вести него што се опуштам!
бумеранг рулз:pos2:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Очигледно не си воопшто гледал НоваТв па затоа зборуваш така,а и не гледам дека секој ден се зборува за педофилија,убиства и бла бла, се зборува за она што се случува во државава,па ако ги има истите ќе ги објавуваат и не верувам дека некој со радост објавува таква вест,жално е кај нас што дојде до ситуација да граѓаните наместо да бараат помош од државните институции,се принудени да ги бараат медиумите за помош,така се што има по медиумите е по барање на самите граѓани на РМ.
Инаку разликата меѓу А1 и НоваТВ е тоа што НоваТв имаат многу повеќе пари и нивните новинари постојано негде патуваат и снимаат по цел свет е тоа го нема кај нас,а и НоваТв секојдневно Јадранка Косор ја прават партал,што не е случај кај нас.

Инаку ниту една телевизија кај нас не ги задоволува моите критериуми,може само делумно Алфа и Телма,се останато е аут,па и не ги ни гледам,ниту пак се оптоварувам што нудат и што прават,а и моето мислење за нештата не може да ми ги смени никој,а најмалку па медиумите.
Јас кажав, ситуацијат во Макдонија не е розова, но тоа што го прави А1 е надвор од нормалното. 100% сум сигурен дека вечерашните вести ќе им почнат со некој нов грозоморен настан или ќе повторат нешто од минатите денови. Што ми е мене и воопшто на било кого гајле што сопругот ја тепал сопругата во Белгија? Била Македонка, голема работа... Тоа е приватен проблем, нема потреба цел свет да знае... Што ни е гајле за инфицирната нога на старката која година дена одбивала да се лечи... А1 се обидува да му тури на народот во глава дека апла ништо не функционира во државата, да ги обвини лекарите и да му влее огромен страв на народов. Починало новороденче и одма лекарот се обвинува за смртта, а никој не излегува конкретно со информации кко и зошто настанала смртта! Одма се иде со напад! Менче Точи е 24/7 во Клинички центар и само чека на некој да се пожали, па макар и `да ги рти коленото`.... Ја даваат типката на телвизиј како не можела да ги прехрани децата, како социјално ја одбива, како државата н води грижа за нив, а успеала во рекордно време да роди едвај 12 деца... Ало бре, барем кога се обвинува некој и кога тоа се дава во етер за да гледа цел народ, удрете се во глава малку и размислете пред да направите глупост. И ако уште еднаш Татјана повтори дека А1 била објективна телевизија која е во интерес на народот и Македонија, тогаш стварно нешто не е во ред со нив.... Посебно, по последниот спот со најв за радикален протест и закни со немир во државата. Пу!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom