A Song of Ice and Fire

Член од
16 јули 2017
Мислења
108
Поени од реакции
169
Ги прочитав сите книги во еден здив откако заврши серијата, ми остана уште Fire & Blood.
Дали ја има преведена на македонски и каде можам да ја најдам? Ако не, тогаш како е подобро да ја барам на српски или на англиски? o_O
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
Осум фрикин' години е стара песнава:

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
Дечкото ќе се занимава со тв-адаптација на некое дело на Роџер Зелазни.
:(
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
За време на интервјуто во емисијата „Добро утро Америка“, Мартин откри дека пишувањето на шестата книга добро напредува и дека се очекува и крајот.


:D yeah, sure
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.618
Поени од реакции
7.187
Изгледа со години работел на Елдер ринг па ја паузирал книгата бар така тврдеше во интервју.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Од една страна ми се допаѓа тоа што не ја искористи приликата пред шестата сезона и не ја објави книгата. Одличен маркетинг момент имаше. Сака да се држи до својот стандард. Наводно последните две книги севкупно ќе имаат повеќе од 3.000 страници. Но од друга страна едвај чекам да се докопам до оние книги. 10 години ги пишува!

Исто изјави дека книгите нема да имаат ист крај како серијата, не на ова интервју, туку претходно. Што ќе биде интересно.
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
184
Поени од реакции
742
Најискрено кажано јас веќе одамна изгубив било каква надеж дека серијалот ќе биде окончан, особено пошто очигледно на Мартин му имаат здодеано приказната и ликовите и повеќе би сакал да пишува измислена историја и да работи на други проекти.

Книгите ги прочитав првпат во 2014, и тогаш по форумите најпесимистична проценка беше дека tWoW ќе излезе до 2017. Сеа сме 4.5 години после таа дата, а уше нема абер од книгичево, а не па за aDoS :place:.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Конечно ги прочитав. Ги почнав пред 2 и нешто години, кецот беше како да читам скрипта за првата сезона, а втората и третата беа како серијата само малце попроширени и refined онака. Беа интересни, со одредени high and lows, се тераше ама не ме навлекоа премногу.

Се откажав некаде на четвртата, feast. Почетокот ми беше чуден и како непотребно да се внесуваат нови ликови, Aerys, Arianne, Hotah и слично. Некако ми беше too much јово на ново приказни. Али не бев у право пошто не требаше да гледам на тоа како у книгите да се внесуваат нови непотребни ликови, туку пошто паралелно ја следев серијата, тие ликови не беа внесени со цел све да се симплифицира.

Фатив да продолжам да ги читам коа ми искочија на Јутуб и фатив да глеам стари сцени од the good ol' days на шоуто. Па си реков коа више толку го сјебаа, дај да видам книгите дали ќе ме усреќат. And they did.

Нормално, како историчар, симболиката и пресликувањето на реални историски елементи во една огромна фантазија највише ме купи. Сметам дека стариот поседува супер комбинација на паметен и умешен лик, образован пред се, кој има нух за креација. Го знае хоророт на војната, го знае човековиот карактер особено кога е во најголемо дно, и ја знае генералната реакција на општеството во секое време и ситуација. Одлично го прикажува и светот што го има креирано е стварно инспирирачки.

При читањето на последната книга, у исто време ем нејќев да ја завршам пошто знам дека којзнае кога ќе искочи новата, а од друга страна ептен сакав за да се приклучам во истражувањето на нови теории и идеи за тоа што ќе следи. Alt Shift X е најјак.

Омилен дел од книгата, Џејми во Riverrun. Поготово поглавјата коа повтара "Osmund, Lancel, Moonboy", ептен ме потсетија на коа мене нешто ме мачи и не ми излага од глава :D

Најјак амбиент и опис се поглавјата на Давос сам коа патува низ островите и у White Harbor.

Иако од нигде искочи fAegon и Конингтон, многу сакам да видам како ќе се разреши тој дел од приказната. Претенденти често знаат да замрсат ствари во реалната историја, и ми се свиѓа што добивме таков елемент.

Главната разлика што едвај чекам да видам како ќе се развие во книгите за разлика од шоуто е Euron. Според све што прочитав, очигледно е дека се спрема сериозна апокалипса, и може да се предвиди што ќе се деси. Тешко е да се сфати како тој дел ќе заврши.

Иако ја сфаќам поентата на Quentin, искрено неговата прича ми беше убедливо најдосадна. Потребна е за да се има некоја целина, не викам не, ама не ми беше воопшто привлечна за читање. Можеби пошто почна прекасно, касно ми беше за емоционална инвестиција у ликот. Да се имаше појавувано порано или барем малце повеќе да се збореше за него, може ќе имав.

Може ќе звучи малце како blasphemy за некои, али почетокот на шоуто, иницијалната адаптација, поготово првата сезона е поинтересна од книгата. До кај Red Wedding ми се изедначуваат, али после тоа убедливо книгите преземаат и газат.

Све на све, фантастично дело, се надевам ќе дочекаме следна книга :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
на Стивен Кинг му пукнал филмот и седнал, за една недела ја напишал Виндс оф Винтер. До Божиќ, тврди, ќе ги имаме и А Дрим оф Спринг и таа последната.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom