Конечно ги прочитав. Ги почнав пред 2 и нешто години, кецот беше како да читам скрипта за првата сезона, а втората и третата беа како серијата само малце попроширени и refined онака. Беа интересни, со одредени high and lows, се тераше ама не ме навлекоа премногу.
Се откажав некаде на четвртата, feast. Почетокот ми беше чуден и како непотребно да се внесуваат нови ликови, Aerys, Arianne, Hotah и слично. Некако ми беше too much јово на ново приказни. Али не бев у право пошто не требаше да гледам на тоа како у книгите да се внесуваат нови непотребни ликови, туку пошто паралелно ја следев серијата, тие ликови не беа внесени со цел све да се симплифицира.
Фатив да продолжам да ги читам коа ми искочија на Јутуб и фатив да глеам стари сцени од the good ol' days на шоуто. Па си реков коа више толку го сјебаа, дај да видам книгите дали ќе ме усреќат. And they did.
Нормално, како историчар, симболиката и пресликувањето на реални историски елементи во една огромна фантазија највише ме купи. Сметам дека стариот поседува супер комбинација на паметен и умешен лик, образован пред се, кој има нух за креација. Го знае хоророт на војната, го знае човековиот карактер особено кога е во најголемо дно, и ја знае генералната реакција на општеството во секое време и ситуација. Одлично го прикажува и светот што го има креирано е стварно инспирирачки.
При читањето на последната книга, у исто време ем нејќев да ја завршам пошто знам дека којзнае кога ќе искочи новата, а од друга страна ептен сакав за да се приклучам во истражувањето на нови теории и идеи за тоа што ќе следи. Alt Shift X е најјак.
Омилен дел од книгата, Џејми во Riverrun. Поготово поглавјата коа повтара "Osmund, Lancel, Moonboy", ептен ме потсетија на коа мене нешто ме мачи и не ми излага од глава
Најјак амбиент и опис се поглавјата на Давос сам коа патува низ островите и у White Harbor.
Иако од нигде искочи fAegon и Конингтон, многу сакам да видам како ќе се разреши тој дел од приказната. Претенденти често знаат да замрсат ствари во реалната историја, и ми се свиѓа што добивме таков елемент.
Главната разлика што едвај чекам да видам како ќе се развие во книгите за разлика од шоуто е Euron. Според све што прочитав, очигледно е дека се спрема сериозна апокалипса, и може да се предвиди што ќе се деси. Тешко е да се сфати како тој дел ќе заврши.
Иако ја сфаќам поентата на Quentin, искрено неговата прича ми беше убедливо најдосадна. Потребна е за да се има некоја целина, не викам не, ама не ми беше воопшто привлечна за читање. Можеби пошто почна прекасно, касно ми беше за емоционална инвестиција у ликот. Да се имаше појавувано порано или барем малце повеќе да се збореше за него, може ќе имав.
Може ќе звучи малце како blasphemy за некои, али почетокот на шоуто, иницијалната адаптација, поготово првата сезона е поинтересна од книгата. До кај Red Wedding ми се изедначуваат, али после тоа убедливо книгите преземаат и газат.
Све на све, фантастично дело, се надевам ќе дочекаме следна книга
