A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Па во книгите Мисанде има осум години. ;)

Тешко дека фановите го научиле Мартин да внимава на детаљите, препрочитајте ги книгите за да видите колку детаљи сте пропуштиле, и тоа уште од првата книга, па се до крајот.

Инаку, наскоро треба да излезе уште една збирка на раскази наречена „Лошковци“ во која Мартин има еден расказ во неа со име „Принцот Лошко или кралскиот брат“. Дејството ќе се случува неколку години пред „Принцези и кралици“ за време на владеењето на Висерис 1 Таргеријан.

За жал, јас сеуште ја чекам четвртата новела од серијалот „Приказните за Данк и Ег“, „Волчицата од Винтерфал“. Некако тие ми се поинтересни од серијалов за Таргеријани. :) :)
Де бе, излезена е и прочитана. Увод во таргариенскиот расцеп.
 
Ај кога ќе излезат сите овие раскази во една збирка пишете.
 
Ај кога ќе излезат сите овие раскази во една збирка пишете.
Нема најава за тие, дека заедно ќе излезат.
Само за Dunk&Egg. Нешто збореа ќе ги ставаат три по три, као сеа ќе ги бутнат триве заедно, а коа ќе се соберат нови три - ново збирно издание.
(али ништо чудно и таргариенскиве причи да ги спојат така)
 
А што е уствари тоа што го читате? Историјати нешто?
 
А што е уствари тоа што го читате? Историјати нешто?
Два раскази од форматот на Данк енд Ег.
Објавени како дел од компилации (исто ко Данк енд Ег), го раскажуваат почетокот на расцепот кај Таргаријените (од кој подоцна ќе изродат Блекфаер-проблемите низ децениите што следат), првата прича ги опишува настаните од завршницата на Денс оф д Драгонс (не книгата, туку настанот), а вториот расказ е увертирата на тоа.
Не се раскажани класично (како Данк енд Ег), ниту од POV перспектива како ASOIAF, туку тоа се наводно списи кои некој маестер беше, ги оставил од тоа време. Историјски, помалку сувопарно-енциклопедијски сведоштва за тоа како настанал расцепот.
 
Вака, приказните за Данк и Ег се три новели (сега за сега) кои ги раскажуваат авантурите на витезот Данкан Високиот и неговиот штитоносец Ег, кој на оние што не ги читале овие новели им е познат како Егон Петти, кој им е прадедо на Висерис и Денерис, и прапрадедо на Џофри, Марсела и Томен Баратион. До душа, најпознат ни е како роден брат на Учи Емон од Ноќната Стража, т.е. Емон Таргеријан.
Данкан Високиот инаку покасно станува Кралски Штит и уште малку покасни и командант на Кралските Штитови.
Приказните се однесуваат на околу 100 години пред сегашните случувања (во Песни за мразот и огнит), и во тоа време Ег е околу осум години стар.
До сега има објавено три новели со имиња „Витез скитник“, „Заколнат меч“ и „Мистериозниот витез“.
По некои најави, би требало да излезат помеѓу 6 и 12 новели од овој серијал.
Следната новела од овој серијал треба да се вика „Волчиците од Зимовник“, ама сега за сега е одложена за понатаму.

Наместо оваа новела, во збирката раскази „Опасни жени“, Џорџ Мартин ја објави новелата „Принцезата и кралицата, или зелените и црните“ или скратено само „Принцезата и Кралицата“, а се однесува на меѓусебната војна помеѓу Таргеријаните некаде околу 170 години пред случувањата во „Песна за мразот и огнот“. Оваа новела го покажува почетокот на распадот на Таргеријаните, кога две гранки на оваа фамилија почнуваат граѓанска војна помеѓу себе за Железниот Престол. Во оваа војна скоро сите змејови кои ги има во Везтерос се убиени, и после тоа скоро и да нема борбен змеј вреден за помен се до „денешно“ време.

Лошковци“ е исто така збирка на раскази, во која Мартин ја има објавено својата новела „Принцот Лошко или Кралскиот брат“, или скратено „Принцот Лошко“, кој се одвива некаде околу 50-60 години пред „Принцезата и кралицата“, за време на нивниот дедо.

Новелите за Данкан и Ег можеде да ги најдете како е-книги и како аудио книги, додека „Принцезата и Кралицата“ сега за сега само како е-книга.
За жал, „Принцот Лошко“ сеуште не успеав да ја најдам, па ќе морам да ја чекам после 17 јуни, кога ќе стане пораспространета по мрежава.[DOUBLEPOST=1401130758][/DOUBLEPOST]П.С.
Заборавив да наведам, сите преводи се мои, и не се официјални. ;):cool:
 
Последно уредено:
Вака, приказните за Данк и Ег се три новели (сега за сега) кои ги раскажуваат авантурите на витезот Данкан Високиот и неговиот штитоносец Ег, кој на оние што не ги читале овие новели им е познат како Егон Петти, кој им е прадедо на Висерис и Денерис, и прапрадедо на Џофри, Марсела и Томен Баратион.
Ја не знам ни една нишка од семејното дрво на Ланистери и Таргариени, што се преклопува. Од каде оваа поврзаност?
За жал, „Принцот Лошко“ сеуште не успеав да ја најдам, па ќе морам да ја чекам после 17 јуни, кога ќе стане пораспространета по мрежава.
;)
Rogues, ти реков дека одамна ја има за симињање.Ја ја имам читано нешто после Нова Година.
За несреќа баш завчера ги избришав и Принцес енд д Куин и Роугс.
За среќа ги имав у рисајкл бин, па ги ресторирав (epub формат се).
Да ти пратам некако?


Инаку освен све ова што зборевме, како што имам кажано во некој поранешен пост, има и краток извадок за инвазијата на Егон (тоа од WoIaF)
 
Ја не знам ни една нишка од семејното дрво на Ланистери и Таргариени, што се преклопува. Од каде оваа поврзаност?

Па добро де, официјално се од куќата на Баратионови. ;)

Rogues, ти реков дека одамна ја има за симињање.Ја ја имам читано нешто после Нова Година.
За несреќа баш завчера ги избришав и Принцес енд д Куин и Роугс.
За среќа ги имав у рисајкл бин, па ги ресторирав (epub формат се).
Да ти пратам некако?

Па јас не реков дека не си ја читал, само дека јас не успеав да ја најдам. Ако можеш, прати ми ги Роугс, останатите ги имам. :)
Пушти ми ја на е-маил.

Инаку освен све ова што зборевме, како што имам кажано во некој поранешен пост, има и краток извадок за инвазијата на Егон (тоа од WoIaF)

Има уште нешто од „Светот на мразот и огнот“, ама и тоа не се финални верзии. И таа книга официјално би требало излезе од печат оваа година, некаде при крајот на октомври.[DOUBLEPOST=1401194289][/DOUBLEPOST]Стигна, фала !!!!! :vozbud::vozbud:
 
Последно уредено:
На сите ни е јасно дека Бринден злогласниот Hand of the king, од времето на Данк енд Ег, е three eyed raven-от на Брен. Така?
Исто и тоа дека Меги д Фрог, е баба и на Џејн Вестрлинг. Така?
 
На нас што сме ги читале остатокот од текстовите, да. :D :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom