Вака, приказните за Данк и Ег се три новели (сега за сега) кои ги раскажуваат авантурите на витезот Данкан Високиот и неговиот штитоносец Ег, кој на оние што не ги читале овие новели им е познат како Егон Петти, кој им е прадедо на Висерис и Денерис, и прапрадедо на Џофри, Марсела и Томен Баратион. До душа, најпознат ни е како роден брат на Учи Емон од Ноќната Стража, т.е. Емон Таргеријан.
Данкан Високиот инаку покасно станува Кралски Штит и уште малку покасни и командант на Кралските Штитови.
Приказните се однесуваат на околу 100 години пред сегашните случувања (во Песни за мразот и огнит), и во тоа време Ег е околу осум години стар.
До сега има објавено три новели со имиња „Витез скитник“, „Заколнат меч“ и „Мистериозниот витез“.
По некои најави, би требало да излезат помеѓу 6 и 12 новели од овој серијал.
Следната новела од овој серијал треба да се вика „
Волчиците од Зимовник“, ама сега за сега е одложена за понатаму.
Наместо оваа новела, во збирката раскази „
Опасни жени“, Џорџ Мартин ја објави новелата „
Принцезата и кралицата, или зелените и црните“ или скратено само „Принцезата и Кралицата“, а се однесува на меѓусебната војна помеѓу Таргеријаните некаде околу 170 години пред случувањата во „Песна за мразот и огнот“. Оваа новела го покажува почетокот на распадот на Таргеријаните, кога две гранки на оваа фамилија почнуваат граѓанска војна помеѓу себе за Железниот Престол. Во оваа војна скоро сите змејови кои ги има во Везтерос се убиени, и после тоа скоро и да нема борбен змеј вреден за помен се до „денешно“ време.
„
Лошковци“ е исто така збирка на раскази, во која Мартин ја има објавено својата новела „
Принцот Лошко или Кралскиот брат“, или скратено „Принцот Лошко“, кој се одвива некаде околу 50-60 години пред „Принцезата и кралицата“, за време на нивниот дедо.
Новелите за Данкан и Ег можеде да ги најдете како е-книги и како аудио книги, додека „Принцезата и Кралицата“ сега за сега само како е-книга.
За жал, „Принцот Лошко“ сеуште не успеав да ја најдам, па ќе морам да ја чекам после 17 јуни, кога ќе стане пораспространета по мрежава.[DOUBLEPOST=1401130758][/DOUBLEPOST]П.С.
Заборавив да наведам, сите преводи се мои, и не се официјални.

