A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Фановиве го научија GRRM дека обраќа внимание на детали па премногу го анализираат секој збор. Издржана теорија е нешто како J = L + R или нешто сл.

Добро барем размислуваат луѓево па е интересно за читање.
 
Quaithe of the Shadow. Релевантен лик е за стори аркот на Daenerys, нејзините предвидувања кои се многу енигматични ќе ја прогонуваат Dany понатаму. Дел од одлуките кои ги донесе или ќе ги носи се инспирирани од тие предвидувања.

Да не замарам, прочитај си ако повеќе те интересира низ интернет зашто мислам дека Quaithe е лик кој лесно може да се пресече од серијата и на никој да не му недостасува. А дека е битна, битна е. :)

Хмм па не би рекла дека може да се пресече од серијата. Таа има поголема улога подоцна и е еден од факторите според кој многу фанови сметаат дека Калиси не ја бива за владетел. Подоцнежните книги се некако помалку со случувања (ваљда затоа и од третата книга направија две сезони), така да јас мислам треба да ја има Quaithe.[DOUBLEPOST=1400018104][/DOUBLEPOST]
Фановиве го научија GRRM дека обраќа внимание на детали па премногу го анализираат секој збор. Издржана теорија е нешто како J = L + R или нешто сл.

Добро барем размислуваат луѓево па е интересно за читање.

Да, јас уживам кога ги читам теориите. Серијата Лост го постигна тоа, а сега и овој серијал.

Лично за Мисандеи никогаш не би помислила дека се преправа. Од сцените од книгите кога Калиси и Дарио се заедно, се добива впечаток дека Мисандеи е ептен дете. Мислам дека имаше една сцена кога се чудеше зоштко Калиси офка толку гласно :D
 
Па во книгите Мисанде има осум години. ;)

Тешко дека фановите го научиле Мартин да внимава на детаљите, препрочитајте ги книгите за да видите колку детаљи сте пропуштиле, и тоа уште од првата книга, па се до крајот.

Инаку, наскоро треба да излезе уште една збирка на раскази наречена „Лошковци“ во која Мартин има еден расказ во неа со име „Принцот Лошко или кралскиот брат“. Дејството ќе се случува неколку години пред „Принцези и кралици“ за време на владеењето на Висерис 1 Таргеријан.

За жал, јас сеуште ја чекам четвртата новела од серијалот „Приказните за Данк и Ег“, „Волчицата од Винтерфал“. Некако тие ми се поинтересни од серијалов за Таргеријани. :) :)
 
Дечки ќе сакате да ме насочите кон некој линк од Амазон за да ги нарачам последните 5 книги НО доставата да не е прескапа затоа што сите досеа што ги најдов со достава (во СК сум) коштаат 2300 ден. за Mass Market Paperback а со истите пари можам да ги земам од кај нас.
 
Што мислите дека ќе се случи до крајот на сезоната од серијата? Убиството на Тајвин ќе се деси во оваа сезона или ќе го чуваат за наредна? Добар почеток на сезона би бил, ама појше би сакала сега да го видиме. Појавувањето на лејди Стоунхарт ќе се случи во епизодава сигурно, нели? Деветтата епизода обично вклучува големо изненадување, што мислите дека ќе се деси?
 
Coldhands? Плус н екоја битка кај The Wall со Mance Rayder. Со Lady Stoneheart би ја завршил сезоната.
 
Би требало да загине во деветтата епизода, а госпожа Камено срце и Ладноракиот тешко дека ќе се појават во серијава.
 
Ќе се појават 100%

Па ги исцрпија скоро сите шокинг работи а има уште мин 3 сезони. Како мислиш да задржат внимание на веќе разгалената публика која ги смета за досадни и најинтересните епизоди...
 
Што мислите дека ќе се случи до крајот на сезоната од серијата? Убиството на Тајвин ќе се деси во оваа сезона или ќе го чуваат за наредна? Добар почеток на сезона би бил, ама појше би сакала сега да го видиме. Појавувањето на лејди Стоунхарт ќе се случи во епизодава сигурно, нели? Деветтата епизода обично вклучува големо изненадување, што мислите дека ќе се деси?
мислам дека десетта ќе биди, како cliffhanger за наредна сезона
 
И јас мислам дека 100% ке се појави Стоунхарт, највероатно така ке ја завршат сезоната, последната сцена ке биде со нејзината појава, барем јас така би играл.
А за Колдхендс не сум сигурен, дали би сакале да играат со две паранормални личности...
 
Ќе се појават 100%

Па ги исцрпија скоро сите шокинг работи а има уште мин 3 сезони. Како мислиш да задржат внимание на веќе разгалената публика која ги смета за досадни и најинтересните епизоди...

Пак ќе кажам, тешко. Немаат бирано глумци за овие улоги, а на постојаните им завршија договорите, така да за оваа и следната сезона сигурно го нема нити госпожата, нити Ладноракиот.

Инаку, немојте да заборавите дека Станис сеуште не е отиден на север, Ајра е уште далеку од Бравос, уште не е создадена коалицијата против Денерис, Џон сеуште не е командант на Ноќната стража, нападот на ѕидот е сеуште далеку (најверојатно тоа и доаѓањето на Станис ќе биде во 10 епизода), така да има доволно за уште барем две сезони (и покрај ненапишаните книги. :) ).
 
Пак ќе кажам, тешко. Немаат бирано глумци за овие улоги, а на постојаните им завршија договорите, така да за оваа и следната сезона сигурно го нема нити госпожата, нити Ладноракиот.

Како бе, јас мислам дека видов негде слика од Кетлин како се спрема за снимање.
 
Можно е да грешам, не велам не, ама така си знам, :)
 
Баш ме интересира кој ќе биди виновникот за смрта на Лиза Арин..?:sneaky:
Во книгата цела вина ја презеде пејачот Marilion кој сосема случајно се најде на погрешно место во погрешно време..
Околу другите работи кои треба да ја завршат четвртата сезона..
Едноставно ги исцрпија сите детали од третата книга и според мене ќе одат паралелно со оригиналот....
Покрај смрта на Тајвин и бегството на Тирион...
Очекувам да ја прикажат сцената кога Бриен е заробена од Братсвото без знамиња,да се открие Lady Stoneheart....би требало вака да ја завршат сезоната...
Арја конечно ќе се ослободи од Кучето и ќе замини на брод за Бравос,очекувам конечно да го откачат Кучето во оваа сезона....
Е сега ситуацијата на Ѕидот ми е матна некако...иако според мене ќе одат како во книгата и ќе ја завршат и таа епизода,доаѓањето на Станис на Север,нешто шо никој не го очекуваше...
Во сите епизоди најавуваат дека Манс Рајдер доаѓа со огромна војска,но освен претходницата предводена од Тормунд не видовме ништо од Wildlings...:icon_mrgr:
А во книгата е прикажана како голема битка,ако ја прикажат на големиот екран сигурно ќе треба да посветат еден голем дел од преостанатите 3 епизоди...
Станис е најматен,во последната епизода кралицата и Мелисандре најавија дека заминуваат на пат,Станис лапна кредитче од Железната банка,мислам дека ќе не удостојат со една добра битка на Ѕидот...:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom