A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде да ве прашам и вас, што мислите знаејќи го Малопрсте, зошто тој ги бара таписериите од Серси ?? Што може да има на тие таписерии и која предност може да му донесат. :)
 
Можно е Loche да биде замена за Bowen Marsh кога Jon Snow е убиен. Сцената со џинот ќе беше многу подобра и импактот дека еден од неговите му зарива нож во грб е многу помоќна него овој Loche кој е паднат од небо.

Ете ги теориите што се случува со бебињата кои Craster ги остава на The Others. Останува понатаму да видиме повеќе детали но се мислам дека White Walkers немаат начин на репродукција, не се сеќавам да има спомнато женски WW, па оттука само машки бебиња кои понатаму ќе прераснат во зрели WW. Кој беше тој со "роговите", само повисок ранк во армијата на The Others или THE Great Other himself (не ми делува дека е ова второто)??

Преферирам вакви детали да дознаам прво од книгите па после да ги видам во серијава, али јебига. Јако беше бо секој случај!
 
Ете ги теориите што се случува со бебињата кои Craster ги остава на The Others. Останува понатаму да видиме повеќе детали но се мислам дека White Walkers немаат начин на репродукција, не се сеќавам да има спомнато женски WW, па оттука само машки бебиња кои понатаму ќе прераснат во зрели WW.

Па со оглед на тоа што се зомбиња, ваљда важат истите правила како за зомбињата. Нема репродукција, само тоа што ќе изедат (или во случајов допрат) претвораат во зомби.

За случувањата со Bran и north of the wall само ќе кажам дека сум изненаден, веќе она што GRR Martin го има дискутирано со режисерите за разврската на целиот серијал почнува да се имплрементира како континуитет на книгите. Ми личи како да сакаат навистина да го склопат во 7 сезони севкупно па ги убрзуваат работите. А можеби и сум во заблуда па е некој убертвист, ми се допаѓа во секој случај.

Ова мене ме збуни. Зарем во книгите Брен е заробен? Нели треба сега да го најдат тој Колдхендс? Од каде сега заробувањево?
 
Ке заебат малце работа ако го направат Loche замена за Bowen Marsh, во книгата е многу појака целата приказна, не само што ке се изгуби целиот импакт дека еден од неговите му зарива нож во грб но ке ја изменат приказната премногу.
Џон Сноу е избоден во грб поради неговите одлуки и нарушување на кодексот на Nights Watch...катастрофа ке биде ако Loche e замена за Bowen Marsh и поради тоа мислам дека HBO не би го направиле тоа, имаат веке одлична приказна околу убиството на Џон Сноу, зошто би ја заебале толку многу.[DOUBLEPOST=1398682127][/DOUBLEPOST]
Ова мене ме збуни. Зарем во книгите Брен е заробен? Нели треба сега да го најдат тој Колдхендс? Од каде сега заробувањево?
Изгледа сакаат да го направат подинамично патешествието на Брен, ке се извлечат од Craster's Keep и понатаму ке го сретнат Coldhands.
 
Последно уредено:
Ке заебат малце работа ако го направат Loche замена за Bowen Marsh, во книгата е многу појака целата приказна, не само што ке се изгуби целиот импакт дека еден од неговите му зарива нож во грб но ке ја изменат приказната премногу.
Џон Сноу е избоден во грб поради неговите одлуки и нарушување на кодексот на Nights Watch...катастрофа ке биде ако Loche e замена за Bowen Marsh и поради тоа мислам дека HBO не би го направиле тоа, имаат веке одлична приказна околу убиството на Џон Сноу зошто би ја заебале толку многу.

Абе ти си ја имал прочитано книгата, ја па онаму те цитирам :D

За 163 роовладетели кои ги распна оваа, по интернетов тоа најмногу ги мачи луѓево. Сите тоа го сметаат како една од работите со кои Дани докажува дека не ја бива.

Еве тука, во секој пост тоа е спомнато. Овде некако едино Баристан Селми направи фаца и заврши целата работа.[DOUBLEPOST=1398682739][/DOUBLEPOST]
Изгледа сакаат да го направат подинамично патешествието на Брен, ке се извлечат од Craster's Keep и понатаму ке го сретнат Coldhands.

Ма јас си викам дан е ова дејство од книга која сеуште не е објавена.
 
Последно уредено:
Можеби не сум во право дека нема женски The Others. Нели The Night's King се вљубува во една од нив, или можеби таа е само wight. Ќе дознаеме кога тогаш.

Највеќе ми сметаше што Jon Snow знае дека Bran е жив. Во книгите мисли дека е мртов што Stannis потоа го користи да го стави на ускушение и да му вети титула Lord of Winterfell, и да му го даде законски презимето Stark. Не ми текнува точно зошто му ветуваше, нешто беше со давање на замоците поред ѕидот на Stannis? Кој ја има тазе читано нека не потсети. Хмммм ептен ме измешаа со епизодава. :)
 
Абе ти си ја имал прочитано книгата, ја па онаму те цитирам :D

За 163 роовладетели кои ги распна оваа, по интернетов тоа најмногу ги мачи луѓево. Сите тоа го сметаат како една од работите со кои Дани докажува дека не ја бива.

Еве тука, во секој пост тоа е спомнато. Овде некако едино Баристан Селми направи фаца и заврши целата работа.
Можеше подипломатски да владее а не толку крваво што само уште повеке ги нафура другите робовладетели и son of the harpy.
Но хеј, таква е Дени, што да правиме :D
 
Само да не ја превземе улогата на Marsh овој Locke. Многу покомплексна е целата ситуација кога Bowen го организира атентатот, асоцира на убиството на Јулие Цезар, па и името го имаме, Ides of Marsh...:нинџ:
И секако дека упропастува многу работи тоа што Јon дозна за Bran, многу важен дел од приказната негова е тоа што одбива да биде Lord. Не знам тоа како би го извеле ако Jon знае дека браќата му се живи. Па сега најверојатно и ќе се сретнат со Bran после битката кај Craster, ако не избега овој во меѓувреме.
Иначе Tegla, Stannis му го ветуваше тоа затоа што сметаше дека на тој начин ќе го придобие северот, дека Jon како Stark ќе ги обедини и ќе ги убеди да се борат за каузата на Stan.
@Srcee Не се зомбија WW's, покомплексни суштества се, интелигентни, организирани, си имаат некоја цел. Wights се повеќе како зомбија.
 
Последно уредено:
Можеби не сум во право дека нема женски The Others. Нели The Night's King се вљубува во една од нив, или можеби таа е само wight. Ќе дознаеме кога тогаш.

Мислам дека беше WW, жена му на NK.
 
Дали на крај змејовите ќе ги палат белите шетачи со оган контролирани од бран?
 
90% од епизодава не беше или беше различна од книгите. Второто многу не ме загрижува, ама спојлери од шоуто не...чекаш чекаш и ти го плеснуваат во фаца во 4 секунди сцена.
 
Џон Сноу умира во книгите?
 
Зашто бе не ставате во вакви непријатни ситуации? :cautious:
Не знае човек како да постапи, што да ви каже, што точно сте прочитале што ве навело на такво мислење...
Па и ај иди објасни им го ова, умре, ама нема да остане мртов, а може и нема воопшто да умре, или пак ќе остане мртов, или ќе го помине остатокот од животот како Ghost, sigh....
 
Епа во топик за книгите се, ако сакаат спојлери тогаш се на вистинското место. Тука се дискутира отворено па на нивен ризик. :cool:

Инаку Jon Snow е смртно ранет при крај на книгата во сцена што завршува со клифхенгер. Таа е последна глава со него и потоа има уште една глава како епилог и завршува книгата. Не се знае исходот на ситуацијата. Дали ќе преживее, дали ќе биде воскреснат од одредена особа, дали неговиот дух ќе продолжи да живее во Ghost итн. Значи и за нас како читачи останува неразрешено иако од воведната глава се добиваат некои идеи кои фановите ги теоризираат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom