На HBO Македонија Kings Lending го превеле Кралебран
Но колку и да е добар преводот неможе да се преведе до тој степен на македонски за да има исто
delivery како што има и на англиски,
англискиот речник е многу побогат а и секогаш оргиналниот пишан збор е најдобар безразлика на кој јазик а поготово на англиски
Се зачленив само ради вакви мислења и пораки.
Англискиот речник не е побогат. Ралзличен да, ама побогат дефинитивно не. Тоа што сега е во мода де се лупаат англицизми (некој си мисли дека е попаметен поради тоа), не е ништо ново. Истото се случувало претходно со француски, германски, руски, турски, грчки и останати терминологија која била популарна во дадениот период.
Како би ги превеле вие Winterfell, Lady Stoneheart, white walkers? И она што од секогаш ме бунело - we do not sow?
Кингс Ландинг - Кралска лука (Кралево пристаниште)
Винтерфал - Зимовник (место каде што се презумува)
Леди Стоунхарт - Дамата со камено срце - Дама Камено Срце
Вајт Волкерс - Бели шетачи
Ви ду нот соу - Ние не сме сеачи - Ние не сееме
Се, ама буквално се може да се преведе квалитетно. Тоа што нашите преведувачи најдоа начин да заработат без мака (давајќи им на различни студенти да преведат различни делови на текстот, па можеш јасно да прочиташ до каде преведувал еден, и од каде превзел друг), а лекторите служат само за да им се пише дека имало лектор, тоа е веќе сосема трета рабора.
Книгите ги прочитав на српски, и не сум баш премогу задоволен и со нивниот превод (што воопшто значи Зимоврел ?? Такво нешто воопшто не постои во српскиот речник), а нити хрватскот не е нешто нарочно.
Сега ги слушам во облик на аудио (звучни) книги на англиски јазик преку мобилниот телефон.
Квалитетен превод треба да се плати и треба да се преведува подолг временски период, не може да се изработаат 1500 страни за само месец дена, бидејќи во вакви сложени случаи треба да се консултираат и поети и историчари и техничари и градежници и многу други стручњаци од различни струки, за да се дојде до задоволителен резултат, за да не биде случајот како во една книга која сега ја читам каде пишува дека авионот Аирбус А-340 има четири цилиндри (ако го прашате преведувачот на книгата што тоа значи, мислам дека ни тој нема да знае да ви одговори).
Значи се може да се преведе, ама за квалитетно да се преведе тоа треба да се плати и да се чека извесен временски период и после тоа правилно да се лекторира.[DOUBLEPOST=1395075277][/DOUBLEPOST]
серијата ми е изгледа, книгите не ми се прочитани, еднаш знам почнав да читам на нет (онлајн) ама прекинав. Сега ги симувам сите 5 книги, полека полека ќе си читам.
Почнувам tonight
Мислиш дека ќе можеш да издржиш да ги прочиташ полека.
Ако уепееш, имаш честење од мене, едноставно книгите не ти дозволуваат да ги читаш полека.
Инаку, кога ќе ги исчиташ еднаш и ќе оставиш да ти легне извесен период (кај мене беше околу два месеци), земи ги повторно на читање, и ќе бидеш изненаден колку работи се пропуштил во првото читање, или колку работи не си ги поврзал како што треба.
Верувам дека и при третото читање ќе биде нешто слично (ако се е во ред, веројатно летово за да се убие времето).