A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
1796513_691693227519746_1458451859_n.jpg

лепотанот :love:
 
Леле вториот трејлер, како што рече Алекс што ќе мислат дека Дени го нападнала Кингс Лендинг, сега па после ова ќе мислат и дека е на тронот :pos: видете на видеото, делува како Тирион нејзе да и го носат во окови и потоа веднаш следува Дени со "I will do what the Queens do. I will rule." :vozbud: Да ги немав читано книгите бог зна што ќе мислев после трејлерот.
 
Од трејлерот ми изгледа дека ќе имаме повеќе CGI сезонава! Meereen :drk:

Може нема да има епизода со таков импакт како Red Wedding но дефинитивно ќе биде поинтересна сезона севкупно. Супер трејлер, многу рано дигаат хајп кој ќе чека до април. :icon_lol:

Coldhands на крајот или обичен White Walker? Не треба да биде во наметка или нешто само рацете и лицето да му се гледаат? Може не е он ама носи црн chain mail, хммм.
 
Леле вториот трејлер, како што рече Алекс што ќе мислат дека Дени го нападнала Кингс Лендинг, сега па после ова ќе мислат и дека е на тронот :pos: видете на видеото, делува како Тирион нејзе да и го носат во окови и потоа веднаш следува Дени со "I will do what the Queens do. I will rule." :vozbud: Да ги немав читано книгите бог зна што ќе мислев после трејлерот.
кога ќе се отвори темата во серии кога ќе пукнат шпекулации демек дени ги пали ланистерови, џофри ќе биде запален бла бла.
едвај чекам да се отвори темата да си читкам пошо ќе биде trough the roof :D
 
Па уште и на крајот од статијата пишува единствено да веруваме на зборот на GRRM.
Како да не пишува во неговото писмо на крајот од A Feast For Crows дека A Dance with Dragons ќе излезе следната година.
А наместо тоа, 6 години чекање.
Кога ќе ми текне дека пред 10-тина години мислев дека многу време поминува измеѓу Harry Potter книгите.

Ова за 2015 и очекувано е, освен за најголемите оптимисти, кои што се надеваа на крајот на оваа година да излезе книгата.
Само пак не знам дали 2018 за излегувањето на ADoS е реалистично очекување. Постојано го пишувам истото кога ќе има ваква вест, дека најголем проблем би ми било серијата да ја заврши приказната побрзо од книгите.
Ама сакам да верувам дека знаат што прават (особено George), и веројатно последната книга ќе ја добиеме некој месец пред почетокот на последната претпоследната сезона. Затоа што сигурно и во таа сезона ќе има обработено добар дел од ADoS.
Ама ова wishfull thinking. Само тоа останува. И читање на се што постои за ASoIaF на интернетов. Even freaking Tumblr.
 
Единствено оправдање за каснењево на книгиве гледам во тоа да не искачаат спојлери за серииве, друго ништо не би можело да оправда.
 
По некоја логика, книгите се изворот на материјалот и треба први да излезат. Сакам први да излезат. Ако тоа не успее и ако серијата го стигне ондак нека иде серијата во спин оф или алтернативна завршница и онака ја менуваат серијата во однос на книгите.

Авторот треба да седне и да го загрее столчето (вака ми викаа дома кога требаше да учам :rolleyes:) а не да гледа NFL и да пишива небитни кратки приказни.
 
нормално чим самиот Мартин тврди дека максимум пишува 400-500 страни во годината
очекувам во лето господово 2015, меѓувреме ќе се читка dunk and egg :D
 
Јас не читам ништо од TWOW додека не излезе цела книга.
 
Ако сакате нешто слично на овој серијал и од овој жанр, можеби ќе ве заинтересира серијалот The Riyria Revelations на Michael J. Sullivan. Јас сум на почеток на првата книга The crown conspiracy и ми се допаѓа.
 
Вчера више не можев да издржам и ги прочитав првите две Dunk&Egg, на компјутер, на англиски (нешта што никогаш не ги правам).
Интересни работи се дознаваат. На пример, дознав кој е троокион гавран, лордот што живее у симбиоза со чувардрвата у нивните корени.[DOUBLEPOST=1394192006][/DOUBLEPOST]
Па уште и на крајот од статијата пишува единствено да веруваме на зборот на GRRM.
Мех, зборот на Мартин, за овие работи, се покажал како доста релативна работа, досега повеќе пати. Сепак разбирам, он не може да знае кога ќе заврши. Уметноста не се реализира на ист начин како остатокот од работите, активностите, затоа што е плод на внатрешни суптилни пориви, наречени инспирација, додека за сите други работи потребна е само воља. Во случајот на уметноста, таа не е доволна. Секако, тука има и многу хедонизам, неодговорност и други по приземни причини за незавршување на делата.



Само пак не знам дали 2018 за излегувањето на ADoS е реалистично очекување.
not bloody likely
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom