A Song of Ice and Fire

rustyblades

Stiff Upper Lip
Член од
19 февруари 2007
Мислења
611
Поени од реакции
35
Пробав да го заразам цимерот со ASOAIF, и секако прво му ја пуштив серијата. Дека англискиот не му е баш јака страна, му симнав македонски превод. Колку само беше катастрофален и мене ми го расипа задоволството, иако првата епизода ја имав гледано веќе 3 пати. Винтерфел беше преведено како Зимски Венци. Д Ири беше преведен како Орелско Гнездо, а Кингс Лендинг мислам дека беше Кралски Слет. Се надевам дека преводот на книгите ќе биде подобар и дека нема да ги преведуваат имињата.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
На HBO Македонија Kings Lending го превеле Кралебран:ROFLMAO:
Но колку и да е добар преводот неможе да се преведе до тој степен на македонски за да има исто delivery како што има и на англиски, англискиот речник е многу побогат а и секогаш оргиналниот пишан збор е најдобар безразлика на кој јазик а поготово на англиски бидејки има најширок вокабулар од сите јазици на светот.
 
Последно уредено:

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Како би ги превеле вие Winterfell, Lady Stoneheart, white walkers? И она што од секогаш ме бунело - we do not sow?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Битката на Трозабецот (Trident), моменти пред да се судрат Роберт и Регар:
[DOUBLEPOST=1394733429][/DOUBLEPOST]
Како би ги превеле вие Winterfell, Lady Stoneheart, white walkers? И она што од секогаш ме бунело - we do not sow?
Тоа дека не би требало личните именки да се преведуваат, според мене, е погрешен пристап. Сметам дека треба да има пристап, кој нема буквално да преведува, туку ќе ја преведе суштината на напишаното, Белите шетачи, белите одачи, Дамата со Камено Срце или Дамата КаменоСрце.... Винтерфел е жежок костен. Хрватите го преведоа како Оштрозимље, Србите како Зимоврел, а ние..... Поима немам, ваљда преведувачите ќе најдат начин. Зимник?
Сепак, за некои лични именки и топоними, можеби подобар пристап е да не се преведуваат, но каде е границата е дискутабилно.

We do not Sow - Не сееме или Ние не сееме. Нели жнејач му беше едната титула на Белон.
 
Последно уредено:
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Бидејќи јас заглавив со читањево малку, а до сега не сретнав нешто премногу конкретно за минатото на Вестерос, ме интересира дали се што можам да прочитам за минатото на ликовите од Интернет го има во книгиве или има некоја дополнителна литература? Оти гледам дека има тајмлајн на настани, години на раѓање, умирање... а до сега низ читањево не сретнав ниту една година.
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Бидејќи јас заглавив со читањево малку, а до сега не сретнав нешто премногу конкретно за минатото на Вестерос, ме интересира дали се што можам да прочитам за минатото на ликовите од Интернет го има во книгиве или има некоја дополнителна литература? Оти гледам дека има тајмлајн на настани, години на раѓање, умирање... а до сега низ читањево не сретнав ниту една година.
Некои детали се откриваат надвор од книгите. Преку интервјуа на George и серијалот Tales of Dunk and Egg. За години не се спомнуваат, ама се спомнува на пример кога ќе започне новиот век, и според тоа можеш да се ориентираш до каде се.
Многу повеќе информации ќе дознаеме кога ќе излезе The World of Ice and Fire во октомври, и евентуално GrrMarilion.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Се плашам да отворам ASOIAF книга, на македонски.
Но, да причекаме, можда ќе бидеме изненадени.
Секако дека ќе бидеме изненадени, јас веќе сум изненаден со самото тоа што, ете, се превела книгата на македонски па од 1 април ќе ја читаме на наш јазик. Е сега, со Топер, што се однесува до нивната издавачка дејност (инаку книжарниците и вработените таму се прилично ОК), сум имал неколку непријатни искуства. Нивно беше она бедно, полно со неточни и непрецизни информации и исклучително лошо склепано издание на Британика (10 тома - го купив само првиот и појма немам каде сум го баталил). Во друга прилика, онака, од љубопитство, сакав да го видам нивното издание на „Кодот на Да Винчи“ (не сум ја читал, а и не верувам дека некогаш ќе ја прочитам и за преводот не би можел ништо да напишам), па го зедов изложениот примерок, кој треба да го рекламира изданието - кориците беа погрешно залепени, па книгата почнуваше од крајот, а текстот беше наопаку. Но за да испадне дека се` лошо пишувам, во една книга што ја купив таму најдов 10 денари...и не ги вратив...:sneaky:

А сега за книгата. Од една страна се надевам на добар превод, искрено посакувам да се случи нешто такво и секако ќе ја купам книгата т.е. 1 дел (не морале да ја делат, ама ај, изгледа мислат дека така ќе имаат поголем ќар). Од друга, премногу лоши искуства, и премногу специфични изрази во делото на Мартин ја прават книгата тешка за преведување, се бара досетливост, се бара доста креативност, големо познавање на македонскиот јазик и секако би било пожелно преведувачот (преведувачите) да се добро запознаени и со жанрот и со конкретното дело, за да се избегнат трагикомичности.

Да речеме, ако го измерат името Зимоврел, независно во чиј претходен превод е именуван така, и на македонски е сосем в ред, нема да звучи лошо, а убеден сум дека и јазично е издржано како решение. Исто така, ни Ужасник не е грда солуција, ама King's Landing e веќе предизвик, никако единствен.

Да видиме, да видиме :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Пошто знаеме дека, во принцип, нашите издавачи сакаат да напраат превод за без пари, па излегуваат бруки (како во случајот на LOTR и слично), сметам дека можда најсигурен пристап, при еден ваков комплициран потфат, би било, да не преведуваат воопшто, него директно да ги пишат сите како што се на англиски: Кингс Лендинг, Вајтвокери и слично. Овој начин е дефинитивно лош избор и така не се преведува, али можда на некој ќе му се види по добро решение, одколку да ризикуваме со досетливоста, креативноста и познавањето на материјата на некој Стојко од Турска кој преведува за без пари, а за Гејм оф Троунс не ни знаел дека има книга, све дур не го викнале за превод.

Се сложувам дека при еден правилен пристап, би биле адекватни повеќе решенија, кои директно ќе ги превземеме од Србите (или Хрватите).

Инаку Топер ги носеше изданијата на српски, од Лагуна, па ваљда им се видело исплатливо преведувањето (одкога виделе колку им се продаваат српските). Се надевам дека не заебале многу со преводот.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ајде кажете сега некои ваши теории и предвидувања. Кој мислите дека ќе го освои тронот? Чиј син е Сноу? Кој го уби Џофри? Што ќе се деси со Дани? Кој ќе умре во следната книга? Ќе и се врати ли Кал Дрого на Дани, според пророштвото на вештицата? Кој е Coldhands? Што ќе биде резултатот на судењето помеѓу Марџори и Серсеи? Ако Дани стигне да се бори за престолот, што мислите, дали народот ќе ја сака ради змејовите или ќе ја мрази ради татко и? Ќе има ли среќен крај серијалов?

Еве, јас мислам дека Дани ќе умре. Читав теории на интернет дека почнала да покажува некои моменти на лудило и ќе стане ко него. Не знам зошто, ама се си мислам дека ќе умре. Ако во некој случај стигне да се бори за престолот, се си мислам дека народот ќе се попали по змејовите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Џорџ кажа дека серијалов ќе има bittersweet крај.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Ајде кажете сега некои ваши теории и предвидувања. Кој мислите дека ќе го освои тронот? Чиј син е Сноу? Кој го уби Џофри? Што ќе се деси со Дани? Кој ќе умре во следната книга? Ќе и се врати ли Кал Дрого на Дани, според пророштвото на вештицата? Кој е Coldhands? Што ќе биде резултатот на судењето помеѓу Марџори и Серсеи? Ако Дани стигне да се бори за престолот, што мислите, дали народот ќе ја сака ради змејовите или ќе ја мрази ради татко и? Ќе има ли среќен крај серијалов?

Еве, јас мислам дека Дани ќе умре. Читав теории на интернет дека почнала да покажува некои моменти на лудило и ќе стане ко него. Не знам зошто, ама се си мислам дека ќе умре. Ако во некој случај стигне да се бори за престолот, се си мислам дека народот ќе се попали по змејовите.
Аегон Таргариен е единствениот со потенцијал повторно да го обедини островот, а приказната да не се развлече низ 10 книги. Мајка му е Мартел, значи ги има Дорн. Станис, како човек кој верува во правда, кога ќе разбере дека легитимен наследник е жив, може да се повлече од амбицијата за тронот (и онака за бунтот на брат му мислеше дека е неправеден) и да се врати во Стормс Енд. Притоа во меѓувреме да го среди северот.

Питер Бејлиш е прагматичен човек и би немал проблем да го прифати Аегон, особено ако со Варис договорат да остане лорд заштитник на Долината. Остануваат Тирел кој може да го задоволат со некој брак за ќерка му, по којзнае кој пат и Риверлендс кои можат да се добијат преку пониските лордови. Преку Тирион може да го реши и проблемот со Ланистерови. Пиратите никој не ги смета за сериозни.

Серсеи тотално е изгубена и заврши под контрола на човек кој е платеник. Цело време се плашеше од попаметни луѓе од нејзе, и на крај заврши кај најбескомпромисниот. Кјубрн на крај или ќе ја тера да направи некое „самоубиство“ или ќе ја продаде.

Бидејќи е најавено дека во наредниве две книги ќе се обрне многу повеќе внимание на шетачите, битката за тронот не би требало да има уште многу пресврти и да добива на обем. Аегон е најкраткото решение. Мислам дека и затоа Мартин го стави на средина на приказната. Да има со кого да ја пресече.

Даeнерис може само да му биде одлична жена на внукот, која само би му го засилила легитимитетот и би ја продолжила традицијата на Таргариен.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Јас не го гледам серијалов на HBO но имам 2-3 пати нешто загледано кога гледал брат ми .
Прво би сакал да читнам бар нешто од книгите ,но англискиот не ми оди,скаран сум со тој јазик ,затоа и ќе го чекам преводов на македонски и ако биде цената солидна за мој џеб би ја купил првиов дел па понатака и другите ако ми се допадне.

Сепак се надевам Топер ќе имаат добар превод на книгиве и сето тоа ќе биде добро спакувано во тврда корица/повез ,со листови кој нема да се распаднат при само листање ,ќе има објаснување и потсетување како што има во некој книги доле под текстот за некој зборови и називи.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
серијата ми е изгледа, книгите не ми се прочитани, еднаш знам почнав да читам на нет (онлајн) ама прекинав. Сега ги симувам сите 5 книги, полека полека ќе си читам.

Почнувам tonight :)
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
На HBO Македонија Kings Lending го превеле Кралебран:ROFLMAO:
Но колку и да е добар преводот неможе да се преведе до тој степен на македонски за да има исто delivery како што има и на англиски, англискиот речник е многу побогат а и секогаш оргиналниот пишан збор е најдобар безразлика на кој јазик а поготово на англиски
Се зачленив само ради вакви мислења и пораки.

Англискиот речник не е побогат. Ралзличен да, ама побогат дефинитивно не. Тоа што сега е во мода де се лупаат англицизми (некој си мисли дека е попаметен поради тоа), не е ништо ново. Истото се случувало претходно со француски, германски, руски, турски, грчки и останати терминологија која била популарна во дадениот период.


Како би ги превеле вие Winterfell, Lady Stoneheart, white walkers? И она што од секогаш ме бунело - we do not sow?
Кингс Ландинг - Кралска лука (Кралево пристаниште)
Винтерфал - Зимовник (место каде што се презумува)
Леди Стоунхарт - Дамата со камено срце - Дама Камено Срце
Вајт Волкерс - Бели шетачи
Ви ду нот соу - Ние не сме сеачи - Ние не сееме

Се, ама буквално се може да се преведе квалитетно. Тоа што нашите преведувачи најдоа начин да заработат без мака (давајќи им на различни студенти да преведат различни делови на текстот, па можеш јасно да прочиташ до каде преведувал еден, и од каде превзел друг), а лекторите служат само за да им се пише дека имало лектор, тоа е веќе сосема трета рабора.

Книгите ги прочитав на српски, и не сум баш премогу задоволен и со нивниот превод (што воопшто значи Зимоврел ?? Такво нешто воопшто не постои во српскиот речник), а нити хрватскот не е нешто нарочно.
Сега ги слушам во облик на аудио (звучни) книги на англиски јазик преку мобилниот телефон.

Квалитетен превод треба да се плати и треба да се преведува подолг временски период, не може да се изработаат 1500 страни за само месец дена, бидејќи во вакви сложени случаи треба да се консултираат и поети и историчари и техничари и градежници и многу други стручњаци од различни струки, за да се дојде до задоволителен резултат, за да не биде случајот како во една книга која сега ја читам каде пишува дека авионот Аирбус А-340 има четири цилиндри (ако го прашате преведувачот на книгата што тоа значи, мислам дека ни тој нема да знае да ви одговори).

Значи се може да се преведе, ама за квалитетно да се преведе тоа треба да се плати и да се чека извесен временски период и после тоа правилно да се лекторира.[DOUBLEPOST=1395075277][/DOUBLEPOST]
серијата ми е изгледа, книгите не ми се прочитани, еднаш знам почнав да читам на нет (онлајн) ама прекинав. Сега ги симувам сите 5 книги, полека полека ќе си читам.

Почнувам tonight :)
Мислиш дека ќе можеш да издржиш да ги прочиташ полека. :D

Ако уепееш, имаш честење од мене, едноставно книгите не ти дозволуваат да ги читаш полека. ;)

Инаку, кога ќе ги исчиташ еднаш и ќе оставиш да ти легне извесен период (кај мене беше околу два месеци), земи ги повторно на читање, и ќе бидеш изненаден колку работи се пропуштил во првото читање, или колку работи не си ги поврзал како што треба. :) :)

Верувам дека и при третото читање ќе биде нешто слично (ако се е во ред, веројатно летово за да се убие времето). :pos::pos:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom