A Song of Ice and Fire

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Ако сакаш да ги купиш сите досега излезени делови (5-тиот излегува на 12-ти јули) пробај да ги нарачаш од овде. Книгите чинат околу 850 денари, а со достава излегуваат вкупно околу 1150-1200 денари, зависно од тоа во кој град во Македонија живееш.
Добар дил,морам да признаам.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
српските книги се ѓавол и половина од лагуна... а во ТРИ само еден дел имаше е тој беше два ѓавола
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
српските книги се ѓавол и половина од лагуна... а во ТРИ само еден дел имаше е тој беше два ѓавола
Не знаев дека има и на македонски.А ако веќе има редно е да се преведе и рестото.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
не е на македонски, на српски е...
 

Simple mind

Паметни баби
Член од
19 јуни 2010
Мислења
57
Поени од реакции
1
А колку време се чека да ти стигнат откако ке ги порачаш книгите? И навистина ги нема во никоја библиотека кај нас српските варијанти???
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
А колку време се чека да ти стигнат откако ке ги порачаш книгите? И навистина ги нема во никоја библиотека кај нас српските варијанти???
Јас ги нарачав на 20 јуни, а ми стигнаа на 11 јули :)
 

Simple mind

Паметни баби
Член од
19 јуни 2010
Мислења
57
Поени од реакции
1
Само уште нешто, овие што се на амазон се англиските варијанти, не српските така? Затоа што наискрено исто ми се фаќа на кој јазик ќе читам а кога треба да се бира подобро ке си вежбам англиски отколку српски.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Завршив и со Dance with dragons. После пет прочитани книги, огромни и тоа, сум уверен дека Robert е мајстор за пишаниот збор, дека одлично разложува, вади уникатни карактери, генијално поставува структура на дејствие и појма нема која е поентата на приказната. Ја поду од тупење. Претпоставувам дека и самиот не знае што ќе се случи до крајот. Онака, си типка како ќе му дојде.
Which is not necessarily bad. Така Стивен Кинг го напиша неговиот мега серијал, Dark Tower, со таа разлика дека таму скоро и да немаше толку непотребно перчење од типот "еве ја користам порно симболика и утепуам добри ликови за да бидам шизик".

И, чекај малку...Песна од лед(?) и оган?
Ако ја превеле на македонски, за што не сум се информирал, така е преведена?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Не е преведена,СЕУШТЕ:tapp:
Чекаат да излези некоја серија,или високобуџетен филм,кој ќе заработи голема популарност па после ги преведуваат книгите...
Истото се случи и со книгите од трилогијата LOTR....
Можеби најпродаваната трилогија на 20 век......
Дури откога излезе филмот,тогаш им текна дека редно време е да ги преведат книгите на Македонски јазик...:tapp:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не е преведена,СЕУШТЕ:tapp:
Чекаат да излези некоја серија,или високобуџетен филм,кој ќе заработи голема популарност па после ги преведуваат книгите...
Истото се случи и со книгите од трилогијата LOTR....
Можеби најпродаваната трилогија на 20 век......
Дури откога излезе филмот,тогаш им текна дека редно време е да ги преведат книгите на Македонски јазик...:tapp:
Џабе што им текна за LOTR. Огромен дел од оние што сакаа да ја купат книгата, пред тоа ја набавија на англиски, српски... Така ќе биде и со овој серијал. По книжарнициве го гледав преведен на српски и пред година две, покрај жанровски сродните дела на М. Муркок, Т. Вилијамс и др. Значи Србине не чекаа некој да се сети да прави серија. Истата грешка ние ја направивме и со Хари Потер, и со голем број финансиски исплатливи преводи и објавувања на книги. Преплавени сме од изданија на туѓи јазици; дури и она што во поново време се преведува е лошо завршена работа; понекогаш забележливо е дека се препечатуваат стари, веќе преведени наслови со кои се преполни нашиве библиотеки; за високите цени да не започнувам. Така нема заработка. Не се создаваат така читатели. Треба некој да се подзамисли околу издавачката политика кај нас, додека е време.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Каков превод на македонски... Јас ги имам првите две книги од „A Song Of Ice and Fire“ од Мартин преведени на српски од издавачка куќа Лагуна, http://www.laguna.rs
Ако нашите ги преведат сигурно ќе користат Google translate, буквален превод од англиски на македонски и ќе бидат смешка. Веќе престанав да купувам книги преведени на македонски баш поради нашите експерти во преведување. (големо разочарување "Автостоперски водич низ вселената"- на македонски)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.157
Поени од реакции
6.003
Ако ја преведуваат како што ги преведоа Господарот на Прстените и Хобитот, подобро да не ги преведуваат. Толку се разочарав од преводите што од тогаш веќе ништо не читам на македонски, само на англиски. И A Song of Ice and Fire ќе ги читам на англиски, ќе ги земам од еден другар кога ќе ги прочита.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Како оди порачувањето преку Амазон?
Преку Paypal?
Ај нека објасни некој шо веќе ги порачал книгите.....
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Конечно ми стана јасно зошто серијалот се вика „Песна од лед и оган“ :ROFLMAO:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.090
Поени од реакции
34.538
Песна за оганот и мразот!

Поправено! :D
Да го преведевте полошо насловот низ дискусијава, ќе ве прашав да не сте преведувачи по „занает„... преводот на нашиве издавачки куќи е често многу полош од искрената грешка горе.



Сериозно, се работи за прекрасно литературно дело.
Јас сум можеби малку необјективен затоа што сум забеган по жанрот ама Џорџ Р. Р. Мартин така прекрасно ги представува ликовите во овие дела... по мене, квалитетот на пишувањето може да се спореди со врвни дела од признаени мајстори на пишаниот збор.

Совет за сите љубители на читањето и посебно за љубителите на овој специфичен жанр... Купете си читач за електронски книги, или т.н. ебук ридер.
Нема тенчење живци со дилетантски преводи и било која литература е достапна на буквално еден клик со глувчето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom