Завршив и со Dance with dragons. После пет прочитани книги, огромни и тоа, сум уверен дека Robert е мајстор за пишаниот збор, дека одлично разложува, вади уникатни карактери, генијално поставува структура на дејствие и појма нема која е поентата на приказната. Ја поду од тупење. Претпоставувам дека и самиот не знае што ќе се случи до крајот. Онака, си типка како ќе му дојде.
Which is not necessarily bad. Така Стивен Кинг го напиша неговиот мега серијал, Dark Tower, со таа разлика дека таму скоро и да немаше толку непотребно перчење од типот "еве ја користам порно симболика и утепуам добри ликови за да бидам шизик".
И, чекај малку...Песна од лед(?) и оган?
Ако ја превеле на македонски, за што не сум се информирал, така е преведена?