Не ми се свиѓаше. Превише геј...
Очекував нешто интересно со оглед на тоа што имаше опфатено затвор и поствоен период по Втора светска, али еден куп фелација се изнагледав.
2.5/5
Екстремно лош филм! Веројатно режисерот се водел по: или си bully, или си bullied изреката, што ем сметам дека е максимално неточна, ем овде беше прикажано целото тоа врсничко насилство до таа мера извештачено, што навистина се прашувам кој воопшто гласал да ова се најде во кратката листа и дали навистина останатите кандидати за Оскар за интернационален филм биле полоши од ова. Се она што беше Better Days лани, не е Playground годинава. И обратно. Искрено се надевам дека ова нема да биде номинирано за Оскар, зашто е навистина само очаен обид за филм, а далеку од филм. Лоша глума (децата се цел филм со една емоција), нереални ситуации кои предизвикуваат facepalms, ни почеток, ни крај на приказната, ни ликови изградени, ни некаква поента за постапките и на децата, и на возрасните. Тотална калакурница од филм. Препорака да го прескокнете! 2/10
Колку не се сложувам со тебе. Филмот е must see и во само 70 минути кажува многу повеќе од филмови што траат по 200 и кусур минути.
Одлични беа децата, особено девојчето. Bullyingot беше реален.
Нема врска тоа што си го пишал или си bully или си bullied и не е поентата на филмот тоа.
Инаку може зашто поскоро од тебе сум излегол од школските клупи, па се сеќавам на такви случаи во моето школо каде тој што е тепан после малтретира други деца.
Баш ме интересира @Anon какво мислење ќе има за филмов. Мислам дека ќе му се допадне.
А зошто да не и другите да го погледнат?
П.С. поима немам зошто оригиналниот назив е Un Monde, далеку поодговара англискиот назив.
И кај мене не помина баш најдобро филмов. Ама нема врска тоа дека премногу геј. Кога пиша @Shawn Spencer за фелација, мелација, мислев ќе биде нешто ко Stranger by the Lake од кое што ќе ми доаѓа нагон за повраќање. Ама не, не е до толку геј ова. Повеќе го видов како филм за човечноста, за пријателството, и за германските затвори во кои и по холокаустот, жртви на истиот се уште биле затворани како криминалци. Мене ми фалеше малку повеќе позадина за ликовите, некако ми беа недоизградени. На пример, да знаевме што му се случувало на Ханс пред депортацијата, па и во логорот. Потоа, да видевме зошто Виктор е во затвор навистина (иако ја слушнавме приказната). Некако ми фалеа оправдувања за некои постапки. И крајот не ми се допадна. Можеше да заврши 15 минути порано филмов, и ќе беше 100 пати подобро. Генерално и не е лош филм, само некако очекував повеќе. 6/10

Искрено, сега веќе не го ни памтам толку филмов за да можам да спорам и дебатирам - значи толкав впечаток оставил на мене, што само ја потврдува мојата оценка. Имаше многу спорни моменти, кои во реалноста не би се случиле, од тоа што ми текнува:
таткото оставен дома за да ги чува децата, наместо да преземе нешто (да разговара со одговорните во училиштето, со родителите на децата, или кога гледа дека ништо не се менува - да ги отпише од таму децата и да ги запише во друго училиште, да викне институции, да направи нешто што побогу - секој нормален татко би го направил), он одлучува да дреме позади ограда и да ги набљудува децата, и покрај тоа што од ќерка му (!!!) е предупреден дека само полошо прави. Наставниците во училиштето со прст не мрднаа и ако гледаа дека очигледно нешто околу нив се случува - да ти излезе ученик од WC кабина каде нема мијалник туку само WC шолја, мокар до гола кожа, па макар и да си најлошиот учител на светот, барем ќе се посомневаш дека нешто се случило, а не да реагираш како робот (сум имал секакви наставници и професори за време на моето школување, но не се сеќавам дека сум имал некој кој нема да заштити дете во неволја доколку е сведок на нештото. Реков - дури и најлошиот учител!
Затоа филмов повеќе ми личеше на апологија за домашно образование (ако има нешто такво во Белгија). И пак ќе повторам - Better Days лани беше подеднакво насилен како овој, подеднакво гаден, но таму се изгледаше толку понормално отколку тука. Овде се беше извештачено, линеарно, површно, нереално. А за глумата на детето - стварно не гледам од што сте сите толку импресионирани. Па една фаца имаше од почеток до крај, ваква: . Еднаш само 2 секунди пушти солза, инаку детево ни на живо се смее, ни намртво плаче. Какви перформанси на деца актери сум гледал на филм, ова не беше ни блиску на било што од тоа. Со детето од Стела повеќе сочувствував отколку со ова.

Автоматски споено мислење:

И јас сум имал баш секакви наставници и имаше баш такви што кога ќе им се пожалиш дека некој е малтретиран ќе ти речат, ајде бе доста, само се жалите или ќе појдат само ќе му се развикаат на насилникот и утредента Јово на ново, дури и полошо ќе поминува тој што е закачан. Затоа ти викам, филмов за мене беше доста реален приказ на насилството во школо.
Таткото (не знам од кои причини не работи и кај е мајката, ама мислам не е ни битно) е најнебитната фигура во целиот филм.
Почетната сцена кога ги остава во школо и девојчето се расплачува зашто не сака да се дели од братот, покажува дека се доста поврзани. Кога ќе го видеше во дворот трчаше кон него, тој ја бркаше зашто знаеше дека ќе помине полошо. Обично такви малоумности прават насилниците ако те видат со девојче покрај тебе, одма и ти си женско петле, кукавица и слично. После цело време братот беше малтретиран, а она поради тоа не можеше да биде среќна. Помина состанокот со родителите на насилниците, ајде немало веќе да го закачаат, овој се спријатели со тоа арапчето, ама сестра му ради него ги изгуби другарките и му се налути.
На крајов детево почна да го бие арапчево, а да се дружи со насилниците, сестрата фала богу пак не можеше да се радува зашто брат и е насилник.
Не знам во кој дел од филмот требало да се насмее, за ти да кажеш еве на живо се смее или можда требаше цел филм да плаче за да осетиш емоции.
Не мора да се смее, ама да одглуми некоја емоција: да покаже страв, да покаже гнев, да покаже лутина. Таа дури и во сцените каде наводно покажуваше некаква агресија, беше ваква - .
13/15 Lunana: A Yak in the Classroom / ལུང་ནག་ན - Бутан
Годинава изгледа најдоброто го чував за крај! Уф каков филм! Филмот, всушност не нуди ништо ново, не е ни доволно оригинален, приказната не е нешто што не е веќе видено, уште кога ќе почне знаеш што ќе се случува... Значи буквално просек или дури под просек. Како таков оценката не би можела да биде реално повеќе од 6 или 7/10.
Ноооо... За мене филмов беше една временска машина која ме врати во детството. Колку и да звучи ова патетично, морам да направам паралела. Јас израснав во малечко планинско селце во срцето на Македонија, во место со околу 150-тина жители (тогаш, сега можеби има помалце и од 80) и можеби не бев до таа мера отсечен од светот како жителите на Лунана кои немаат ни струја, ни дрва за греење, а децата никогаш не виделе и не знаат што е кола (моето селце беше само 3 и пол километри или околу 30-40 минути пеш од најблиската урбана заедница, опкружено со шума од сите страни, со асфалтен пат, планинска чиста вода и нормално - имаше струја, имавме стакла на прозорците и немавме говедо во училницата! Иако и таму се уште живееја луѓе кои собираа измет од кравите (некои го сушеа за греење, други за прихрана во бавчите, ако не чувале самите крава) кои утрото поминале по селскиот пат додека говедарот (се менуваше секој ден) со извикот „терајте говедата угоре ееееееј“ не будеше и ги носеше сите крави од селото на пасиште), но во време кога технологијата не беше развиена како денес, во време кога се правеа првите чекори за излез од социјалистичкиот систем од нашата стара држава, па така, во голема мера ме потсети филмов на тоа време. Учев во комбинирана паралелка, во една училница во која беа сместени нешто повеќе од десетина ученици и од прво, и од второ, и од трето, и од четврто одделение, сите заедно, со еден учител (поточно учителка). Учителката предаваше така мајсторски што во ниту еден момент ни едно од четирите одделенија не се чувствуваше запоставено и секогаш сите нешто работеа. Кога прво одделение учеа нова буква, второ на пример имаа ликовно и цртаа нешто, трето решаваа задачи по математика а четврто изработуваа геометриска фигура по ОТП. Потоа се менуваа улогите. Се греевме со ќумбе на дрва, наесен собиравме јаболка од училишните јаболкници кои растеа во дворот на старото училиште во селото, кои со учителката ги собиравме во една помошна просторија (малечката училница во школото), и секој ден, на голем одмор одевме и си одбиравме по 1-2 јаболка кои со задоволство и сласт каква не сум почувствувал отпосле ги јадевме. Учителката ни ги сечеше и лупеше на сите ученици кои не можевме да загриземе зашто ни се менуваа млечните запчиња. Имавме иста таква, дрвена табла како во Лунана (до душа имаше многу повеќе креди кои не ги правевме сами). Постерите за во училницата ги цртавме сами. По музичко сами пеевме и „правевме музика“, зашто немаше касетофон или грамофон во училиштето за да би можеле да слушаме (CD плеерите веројатно не беа ни измислени, или ако беа, уште не беа стигнале во нашата држава). Можеби сето ова изгледа чудно за денешните генерации, за повеќето од вас и незамисливо дека можно било вакво нешто кај нас, но јас сум среќен што моите почетоци беа такви, зашто подобро образование од тоа и не може да добиев. Зашто научив дека и малкуто може да биде многу, дека скромноста е една од најголемите човечки особини и дека другарството е вистинската сила која може и планини да помести. Мојата учителка и ден денес ја сакам како втора мајка и сметам дека е најдобрата на светот...
Е, филмов ме врати во тоа време, затоа не трепнав додека го гледав и посакував никогаш да не заврши. Нормално (пак патетики, ама што да правам), си пуштив и по некоја солза. Затоа, за емотивниот трип кој го доживеав утрово, од мене една чиста ко солза 10/10. Многу ми е мило што Академијата го ставила филмов во кратката листа, уште помило ќе ми биде доколку биде номиниран за Оскар, иако знам дека тоа нема да се случи, зашто реално има многу добри филмови годинава кои се многу повеќе од Lunana, но Lunana е once in a lifetime experience! Ваквите села изумираат, ваквите приказни се се помалку во светот, затоа претпоставувам вакви филмови веќе нема да има. Поради тоа, Lunana ќе си биде изгледан уште неколкупати од мене, во тоа сум сигурен.
Изгледа не сме гледале ист филм
Многу досаден, спор филм, на што остана без здив, баш ме интересира?
Автоматски споено мислење:
Да се дообјаснам, го пуштив филмот дека го пофали. Како документарец за животот во тешка сиромаштија, во планинско село во Мексико што го контролира картел, филмот си е ОК. Ама ништо посебно нема во него, барем јас не видов. На 50-та минута домашниве станаа од пред ТВ, јас реков ќе го догледам, мора да има некој пресврт, нешто интересно што ќе го направи филмов вреден за пофалба. Ама не се случи ништо.
Филмот е многу бавен, па ми се чинеше дека нивните години што минуваат, и мене ми минаа заедно со нив ...
Очекувано беше да дојдат по Ана, веќе покажаа дека земаат девојчиња од селото.
А, да, се изнасмеав на сцените кога сите одеа на ридот да фатат сигнал на мобилните.

Исто. Три дена го гледав Noche de fuego, а два пати ме заспиваше, ама ај може ја сум бил уморен. Конечно сабајлево го догледав.
Додуша филмот започна интересно, картел, војска, девојчињава што се дружеа, ама после 20 минути како да застана во место и не се деси ништо што може да те изненади. Се знаеше што ќе се случи по тие 20 минути и тоа на крај и се случи.
Просечен филм што од мене доби и просек оцена. 3/5
Го почнав петок вечерта, ме успа после 20-25 минути, го продолжив сабота вечерта, пак едвај 25 минути изгледав и ме успа и сабајлево свежо пробуден ги догледав завршните 40-50 минути.
Ти си ме урочуела да не можам да го догледам кога сакам туку кога ти ќе го изгледаш.
Како изгледа листата на најголеми фаворити за номинација за Оскар, на една недела и нешто плус пред објавување на номинациите:
НАЈДОБАР ФИЛМ:
1. The Power of the Dog
2. Belfast
3. West Side Story
4. Dune
5. King Richard 6. Licorice Pizza
7. CODA
8. Don't Look Up 9. tick, tick... Boom!
10. The Tragedy of Macbeth
11. Being the Ricardos
12. Drive My Car 13. Nightmare Alley
14. The Lost Daughter 15. House of Gucci
16. Spider-Man: No Way Home
17. Spencer
18. The French Dispatch
19. Parallel Mothers
20. Cyrano
21. Pig
22. No Time to Die
23. C'mon C'mon
24. Passing
25. Mass
26. The Last Duel
27. Titane
28. The Worst Person in the World
29. The Hand of God
30. Annette
31. The Humans
32. Flee
33. The Green Knight
34. Eternals
35. Luca
36. Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings
37. Red Rocket
38. Last Night in Soho
39. In the Heights
40. The Eyes of Tammy Faye
...
Со БОЛД - кои 10 ќе бидат номинирани според вас, според анкетата од погоре.
Еве на еден ден до објавување на номинациите за Оскар, моите предвидувања за тоа кои ќе бидат номинирани во некои категории, и некои кои посакувам да бидат. Па да видиме утре колку ќе погодам. (Во сите категории филмовите подредени според тоа колку шанси мислам дека имаат за номинација, од тој со најголеми кон тој со најмали):
НАЈДОБАР ФИЛМ:
The Power of the Dog
Belfast
West Side Story
Dune
Licorice Pizza
King Richard
CODA
Don't Look Up
Drive My Car
tick, tick... BOOM
(сакам да биде номиниран, ама изгледа тешко: Nightmare Alley)
НАЈДОБРА РЕЖИЈА:
Jane Campion - The Power of the Dog
Denis Villeneuve - Dune
Paul Thomas Anderson - Licorice Pizza
Kenneth Branagh - Belfast
Steven Spielberg - West Side Story
(сакам да биде номиниран: Ryusuke Hamaguchi - Drive My Car)
НАЈДОБРА АКТЕРКА:
Olivia Colman - The Lost Daughter
Nicole Kidman - Being the Ricardos
Lady Gaga - House of Gucci
Jessica Chastain - The Eyes of Tammy Faye
Kristen Stewart - Spencer
НАЈДОБАР АКТЕР:
Will Smith - King Richard
Benedict Cumberbatch - The Power of the Dog
Andrew Garfield - tick, tick... Boom!
Denzel Washington - The Tragedy of Macbeth (за жал)
Javier Bardem - Being the Ricardos
(сакам да бидат номинирани, ама изгледа нема шанси: Bradley Cooper - Nightmare Alley и Joaquin Phoenix - C'mon C'mon)
АКТЕРКА ВО СПОРЕДНА УЛОГА:
Ariana DeBose - West Side Story
Kirsten Dunst - The Power of the Dog
Caitriona Balfe - Belfast
Aunjanue Ellis - King Richard
Ann Dowd - Mass
АКТЕР ВО СПОРЕДНА УЛОГА:
Kodi Smit-McPhee - The Power of the Dog
Troy Kotsur - CODA
Ciaran Hinds - Belfast
Bradley Cooper - Licorice Pizza
Jared Leto - House of Gucci
(сакам да бидат номинирани: Jamie Dornan - Belfast и Jason Isaacs - Mass)
АДАПТИРАНО СЦЕНАРИО:
The Power of the Dog
CODA
The Lost Daughter
Dune
Drive My Car
(сакам да биде номиниран и Nightmare Alley и The Last Duel)
ОРИГИНАЛНО СЦЕНАРИО:
Licorice Pizza
Belfast
Don't Look Up
Being the Ricardos
King Richard
(сакам да бидат номинирани: Mass и C'mon C'mon)
КИНЕМАТОГРАФИЈА:
Dune
The Power of the Dog
The Tragedy of Macbeth
Belfast
Nightmare Alley
(би било интересно да го видиме тука The Green Knight)
ПРОДУКЦИСКИ ДИЗАЈН:
Dune
Nightmare Alley
West Side Story
The French Dispatch
Belfast
МУЗИКА:
Dune
The Power of the Dog
The French Dispatch
Don't Look Up
Encanto
(би сакал: No Time to Die)
ПЕСНА:
No Time to Die (се останато е тотално небитно и аутсајдерско годинава)
ВИЗУЕЛНИ ЕФЕКТИ:
Dune
The Matrix Resurrections
Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings
Spider-Man: No Way Home
Godzilla vs. Kong
(би сакал: Eternals)
АНИМИРАН ФИЛМ:
The Mitchells vs the Machines
Encanto
Luca
Flee
Raya and the Last Dragon
(би сакал: Sing 2)
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФИЛМ:
Drive My Car - Јапонија
A Hero - Иран
The Worst Person in the World - Норвешка
Flee - Данска
The Hand of God - Италија
(мноооооогу, многу, многу сакам: Lunana: A Yak in the Classroom - Бутан, Prayers for the Stolen - Мексико или Compartment No. 6 - Финска наместо последните 3 од погоре)
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.