94 американски филмски награди (Оскари 2021)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2021?


  • Вкупно гласачи
    9
  • Гласањето е завршено на .
6/15 I'm Your Man / Ich bin dein Mensch - Германија

Многу убаво филмче, многу позитивно ме изненади. Прво, зашто е такво, лежерно, не замара, со тон за кој нема потреба од никакво напрегање, едноставно те внесува и пушташ да си тече слободно. И второ - Ден Стивенс! Еден од моите омилени актери, уште попријатно ме изненади кога го видов во филм на германски и тоа со толку многу дијалози, иако имам прочитано дека течно говори неколку јазици. Маестрален, како и секогаш! Филмов е толку наизглед површен и не-захтевен, а сепак толку длабок и може да отвори многу дискусии, за човековата среќа, за љубовта, за сродните души, за вештачката интелигенција, за можноста да сите бидеме среќни во љубовта и сл. Ова беше ко една од ретките епизоди на Black Mirror со среќен крај! Најдобар од кратката листа до сега! 9/10

И препорака!
Препорака и од мене, баш многу убаво филмче.. Инаку Ден Стивенс многу ми личеше во филмов на Џејмс Стјуарт, закон си беше
 
8/15 Compartment Number 6 / Hytti nro 6 - Финска

Иако фински, филмот е целосно снимен во Русија (поточно 90% во воз во Русија) и е 99% на руски. Само неколку дијалози се на фински јазик. Интересно, тивко, мало филмче со убави дијалози и не многу акција. Финска студентка по археологија во Москва ја „напушта“ чудната врска за да оди во Мурманск, каде имало некои 10 000 години стари петроглифи, само за да ги види. Поголемиот дел во филмот се случува на патот кон Мурманск, во едно купе со број 6 во возот во кој таа се среќава со Љоша - рудар, кој исто така патува во Мурманск, но нивната средба е средба на два тотално спротивни и неспоиви универзума. Сепак, филмов носи една длабока порака во себе: вистинските петроглифи ги испишуваме сами, додека патуваме низ животот. Me - like it! Се надевам и вам ќе ви се допадне! 8/10

Кога патувате некаде, не викајте да ви се придружи непознат тип со гитара - обично таквите ја расипуваат забавата. ;)
 
Го гледам исландскиов Јагне и не можам да си се изначудам, како по такви неквалитетни 50 минути и нафрлани сцени, сè уште го гледам. :vrtioci:
 
9/15 A Hero / Ghahreman - Иран

Типично Фархадиевски! Денес постојат многу добри режисери, но Фархади е дефинитивно еден од најдобрите раскажувачи на човекови драми, меѓу нив. По A Separation, ова е најдобриот негов (а сум гледал се!). Човеков зема една мала работа, бесмислена, сосема незначајна, од обичното секојдневие на малиот човек, и околу нејзе, како околу стожер гради заплети, ситуации, драми... Така и тука: човек на кој очајно му требаат пари, кој заради долг е во затвор, наоѓа торба полна со злато. Да се врати или не? Кај Фархади секогаш преовладуваат моралот и честа, но ретко кога истите носат хепи енд, како и во животот, најчесто. Не знам што друго да додадам - убав филм, дефинитивно бр. 1 кандидат за Оскар, заедно со јапонскиот Drive My Car. 9/10
 
Сношти го гледав 'A Hero'.

Му влегов без никакви очекувања, ем некое време не бев расположен за филмови, ем The Salesman и Todos Lo Saben од Фар(х)ади ми се видоа малку преценети...

Ама филмов ми го зграпчи вниманието од првата минута и ме држеше заинтересиран цел филм. Препорака и од мене. Оцена 4/5.

И годинава има доста јаки филмови во оваа категориja.
Досега изгледани 17/92 поднесени кандидати.

Мои фаворити за Оскарот се:
1. The Hand of God (Италија) 5/5
2. The Worst Person in the World (Норвешка) 4/5
3. A Hero (Иран) 4/5
4. Compartment No. 6 (Финска) 4/5
5. Drive My Car (Јапонија) 3.5/5

Лично најголем фаворит ми е Италија, ама нема да ми е криво ни доколку победи некој од овие што ми се од 2 до 5 место.

Нема да ми е мило доколку добијат номинација или победат:
6. Германија 3.5/5
7. Данска 3/5
8. Косово 3/5
9. Шпанија 3/5
10. Исланд 2.5/5

Австрија, Белгија и Мексико допрва треба да се изгледаат.
 
10/15 Flee / Flugt - Данска

Да ја видиш Данска на кратка листа за Оскар за странски, па и во номинирани е најмало изненадување од се останато, што значи голема е веројатноста и овој филм да освои номинација. Во последниве 12 години вкупно 9 пати филмовите од Данска влегле во кратката листа, дури 6 пати биле номинирани за Оскар а два филма и освоиле Оскар за најдобар странски филм. Тоа ја прави најуспешна нација во таа категорија. Повеќето од тие филмови ги имам гледано, и не можам за ни еден скоро да речам дека било незаслужено. Така и сега - не е незаслужено, но мислам дека малку се преценува филмов. Најкраток од сите на листата, прв го симнав, а последен го гледам, зашто документарец анимиран ми беше многу чудна комбинација и мислев дека ќе не можам да го издржам. Но сепак, испадна и повеќе од гледлив. Филмот е ОК всушност, убава, тажна приказна, но моментот со анимацијата сметам дека му одзеде многу од емоцијата која таа приказна може да ја пружи. Вака не ме натера да сочувствувам, бев само нем сведок на исповед на еден лик сведен на контури, на едно анимирано човече, а не на некој со душа, со сопствен глас, со вистински солзи. Не знам, јас сметам дека малку ја преувеличуваат големината на филмов. Разбирам зошто човекот сакал да остане анонимен, но имало други начини да се направи тоа, не морало да го нацртаат. Измеѓу 6 и 7 ми е, на LB го оценив со 7/10, ама 7 на стаклени нозе.
 
Да се сложиме за странскиве, ако не се сложуваме за македонскиве. :D

И мене данскиов ми беше мех, убава анимација, ама приказната не ме трогна, може зашто беше анимација.

Туку прочитав на нет дека за австрискиот пишувале мејл до Муби и им праќале скринер линк. Не знам колку е точно, не сум пробал.
 
Не знам колку е точно, не сум пробал.
Па пробај! И дај го после. :P

Инаку, не сакав да ги рангирам додека не ги гледам сите, ама ај, пошто сум на 10/15, еве еден пресек до сега:

1. Drive My Car - Јапонија - 9/10
2. A Hero - Иран - 9/10
3. I'm Your Man - Германија - 9/10
4. Compartment Number 6 - Финска - 8/10
5. Hive - Косово - 8/10
6. The Worst Person In the World - Норвешка - 8/10
7. The Hand of God - Италија - 7/10
8. Flee - Данска - 7/10
9. Lamb - Исланд - 7/10
10. Playground - Белгија - 2/10
 
11/15 Prayers for the Stolen / Noche de fuego - Мексико

Е ова испадна изненадување на годината за мене! Прекрасен филм, навистина прекрасен! Најдобар од последните 3 мексикански кои влегле во кратката листа / биле номинирани / зеле Оскар. Лани, на пример, нивниот кандидат (исто беше во кратката листа) беше толку извикан, еден од најголемите фаворити дури и за да го земе Оскарот, исто како овој - во продукција на Netflix, и многу се зборуваше за него, а не зеде ни номинација на крај зашто филмот реално беше срање у боја! Наспроти тоа, овој некако тивко се провлече, никој не ми ни спомна дека постои и дека може да испадне до толку gut-wrenching, и на крај ме остави без сон! Ова и не е само филм, јас го видов и како повик или последен крик за помош од страна на Мексико, што уште толку ми прави тегоба во желудник и ми создава морници. Тензија, тензија, тензија, тензија... на крај остануваш без здив... Не сакам ништо да пишувам веќе за да не откријам некому нешто. Она што за мене лани беше Better Days, е годинава Prayers for the Stolen.

A must see!

9/10
 
Успеав да го пуштам од линкот што ми го пратиле и гледам некој код (букви бројки) врз него. Ваљда различен е кодот на секој што го праќаат, па да не ризикуваме да попијам тужба.

Ако некој го интересира филмов, нека пише пп, ќе му кажам на кој мејл да го побара скринерот. :)
 
Успеав да го пуштам од линкот што ми го пратиле и гледам некој код (букви бројки) врз него. Ваљда различен е кодот на секој што го праќаат, па да не ризикуваме да попијам тужба.
Дали можеш да забележиш дали е залепен кодот или е како екстерен ресурс? Мислам дека знам што е, и се средуе тоа.
Прати на батко ти линк, да разгледа, па ќе ти каже. Не се зафркавај, каква црна тужба какви бакрачи.
Прати линк да не чекам меилови да ми праќаат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom