Едно од најголемите изненадувања: има многу странски филмови, во многу категории: Drive My Car, Parallel Mothers, Flee, The Worst Person in the World - сите се номинирани и во други категории, не само во категоријата интернационален филм (освен Parallel Mothers).
Flee мислам дека го скрши рекордот на нашиот Honeyland кој беше првиот странски филм номиниран во категоријата интернационален и документарен, зашто Flee е сега првиот странски филм номиниран и во тие две, и плус во анимиран филм! Значи 3 категории!
За најдобар филм реално 90% беа тие фаворитите. Единствено Nightmare Alley може да се нарече изненадување, зашто повеќе ги спомнуваа tick, tick, BOOM! и The Tragedy of Macbeth од него. Ама ептен ми е мило што е номиниран, зашто ептен ми се допадна, еден од моите фаворити е. Исто Drive My Car - очекувано беше, но сепак е за споменување, зашто ретко има странски филм номиниран и за најдобар филм. Мислам дека се на се има само десетина такви во историјата (се сеќаваме дека Parasite беше првиот странски Оскаровец, па зошто да не биде Drive My Car вториот). По оваа номинација, мислам дека веќе и не вреди да се зборува за конкуренција во интернационален филм - таму Drive My Car го зема Оскарот (сосема заслужено!)
Режија: го нема Џоел Коен
Ама изненадувањето е што го нема Дени Вилнев, кој реално беше втор фаворит за Оскар. Другите беа очекувани, освен можеби Рјусуке Хамагучи. Ама номинацијата за него тука само потврдува дека заслужено е номиниран Drive My Car за најдобар филм, и дека таму веројатно бил меѓу најдобрите 5-6.
Актерка: ја нема Лејди Гага!
Не сум го гледал House of Gucci уште, ама мислам дека никој не ја изостави одноминација во предвидувањата. Пенелопи Круз е изненадувањето, ама не којзнае колку големо, зашто туканекаде беше во предвидувањата, на 6-7 место.
Актер: овде мислам дека ги погодив сите 5. Нема никакво изненадување, сосема очекувано.
Актерка во споредна улога - Џуди Денч и Џеси Бакли за Belfast и The Lost Daughter се изненадувањата. На 10 и 11 место беа во предвидувањата, зашто за Belfast поголеми шанси и се даваа на Каитриона Балф (или како и да се чита). Не знам дали има ваков случај и претходно, за една иста улога (ист лик) во иста година да бидат номинирани 2 актерки - годинава Оливија Колман и Џеси Бакли за The Lost Daughter, кои го глумат истиот лик: едната во млади години, другата како постара.
Споредна машка улога - тука има 2 огромни изненадувања: Џеси Племонс и Џеј Кеј Симонс за The Power of the Dog и Being the Ricardos. На листата предвидувања беа првиот на шесто, а вториот дури на 11 место. Изненадување е што ги нема Бредли Купер за Licorice Pizza и особено Џаред Лето за House of Gucci.
Странски филм: Lunana
Не знам дали пишав некаде: филмов е всушност од 2019 година. Лани го пријавиле за Оскар од Бутан, ама бил дисквалификуван зашто Бутан не обезбедил комисија од филмски професионалци од Бутан одобрена од Холивуд која би го поддржала. Затоа одлучиле годинава да го предложат и оп - номинација за Оскар! Тука ОООООгромно изненадување е што отпадна A Hero од Иран - филм на двојниот Оскаровец и миленик на Академијата - Асгар Фархади.
Продукциски дизајн и Кинематографија - потполно идентични номинирани во двете категории. Тука мало изненадување е The Power of the Dog за продукциски дизајн, наместо фаворитот The French Dispatch, кој како и House of Gucci - мислам дека не зеде ни една номинација. За кинематографија, малку чудно е што го нема Belfast, ама да не бидат многу црно-бели филмови...
Визуелни ефекти - Free Guy? WTF is that? Овде мака ми е што го нема Eternals. А веројатно најголемо изненадување е што го нема The Matrix Resurrections.
Песна - нормално, ја има No Time to Die, се друго е небитно и вон конкуренција.
Анимиран филм - тука нема никакво изненадување, потполно очекувани 5 номинирани. Оскарот исто, веројатно ќе оди за Netflix и The Mitchells vs. The Machines, зашто ги собра сите можни награди на Luca и Encanto на Дизни. Изгледа трендот на woke-Дизни не им оди баш најдобро.
Шминка и фризура - а, House of Gucci сепак бил номиниран во некоја категорија. Тука нема изненадувања, потполно очекувани 5 номинирани.
Оригинално сценарио - Тука нормално, оооогромно изненадување е номинацијата за норвешкиот The Worst Person in the World.
Адаптирано сценарио - Овде нема изненадувања, сосема очекувани 5/5 номинирани.
Музика - Изненадување е што го нема The French Dispatch.
____________________________
Анкетата горе е update-увана, може да гласате за вашите фаворити годинава!