85ти американски филмски награди (Оскар за 2012) - прогнози, желби, дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.111
Прво, поголемиот дел филмови прво ќе излезат на Арена отколку кај нас на кино. Се разбира дека киното си е кино е таму треба да се гледа, кој може. Второ, многу филмови не се излезени сеуште.

Во секој случај, немам ништо против темава но ќе следи друга кога ќе бидат објавени номинираните, секоја година така правиме, традиција е. Немам ништо против ти да ја отвориш, само не заборавај да ставиш анкета за Оскар за најдобар филм, или ако ете се посреќи нашиот да влезе, анкетата ќе биде за таа категорија.

За MMMM, и јас мислам дека лани беше номиниран.
Не ме сфати. Ни јас немам ништо против традицијата да се отвори тема кога ќе бидат објавени номинираните, само за тоа е уште многу рано - номинациите ќе бидат објавени на 10ти јануари 2013. Тоа е ОК, и нема никаква врска со оваа тема. Оваа ја отворив со цел да размениме мислења, линкови, информации во врска со филмовите за кои се прогнозира дека ќе бидат номинирани. Откако ќе се објават номинациите, тоа е веќе сосема друга етапа. А додека да бидат објавени номинациите јас би сакал да се обидам (тоа е моја традиција, и во последниве 4 години успевам да ја исполнам) да ги изгледам сите номинирани филмови.

А инаку, еве - од 21 филм кои ги споменав во првиот пост од темава, 9 филма не се се уште излезени во Америка, од кои два се Amour и Rust and Bone, кој ние во Македонија ќе имаме можност да гi видиме пред Американците, на Cinedays. Значи остануваат 8. Од нив - Life of Pi ќе ја има светската премиера истиот ден кога премиерно (неколку часа потоа) ќе биде прикажан во Cineplexx во Македонија.
Па остануваат уште само 7 филма кои имаат шанса да се појават на Арена побрзо отколку во кино кај нас. Но тоа не значи дека доколку не се на Арена, нема да можат да се најдат на друго место - што значи дека не е точно дека нема да можат да се видат пред да се појават на Арена. - Тоа е нештото за кое не се сложувам со тебе!
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 18:57 ---
Очекувам номинација на Ането за Лес Мис.
Јас мислам дека ќе ја има ;)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Не ме сфати.
Се те сфатив, без гајле, нема никаков проблем. Само појаснив за другите дека ова не е темата која ја практикуваме, да нема забуни.

За киното, сепак имај во предвид дека живееш во држава во која само во еден град има редовно кино и во неколку други повремено ги отвораат вратите од кино салите. Така да неблагодарно е да зборуваме дека ова е опција за повеќето луѓе на форумов, посебно не за гледање повеќе филмови годишно. Арена, Замунда, Заливот и останатите... да се живи и здрави и да потераат уште долго, иначе во тотален мрак ќе бевме сите овие години.

А киното е незаменливо, тука нема приговор.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да, рано е, но и на невидено некогаш знаејќи ја Академијата можеш да претпоставиш што ќе влезе во најтесен избор. Јас типувам дека Линколн ќе земе Оскар за најдобар филм и дека Деј Луис ќе си го земе Оскарот, што верувам нема да биде незаслужено. Од сам трејлер знаеш дека ќе биде филмиште. Очекувам и Спилберг да добие номинација за режија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Хаха, без Миланка нити темата е тема, нити Оскарите се Оскари... :)

#Ловот на добрата волја
Човекот наречен храброст :pos:

Ама врв беше кога пред 2 год ги ругаше сите филмови и пукна од радост говорот на кралот кога зеде :oops:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.111
Да, рано е, но и на невидено некогаш знаејќи ја Академијата можеш да претпоставиш што ќе влезе во најтесен избор. Јас типувам дека Линколн ќе земе Оскар за најдобар филм и дека Деј Луис ќе си го земе Оскарот, што верувам нема да биде незаслужено. Од сам трејлер знаеш дека ќе биде филмиште. Очекувам и Спилберг да добие номинација за режија.
Јас не сум толку многу убеден за Линколн. Повеќе мислам дека Argo ќе биде победникот за најдобар филм.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас не сум толку многу убеден за Линколн. Повеќе мислам дека Argo ќе биде победникот за најдобар филм.
Мејби, мејби нот. :) Двата филма се баш американски, ако ме разбираш. Прејз ди американс во таа смисла. Нема да ме чуди ако Арго земе. Ова башка ќе биде една од ретките години филмови кои се кандидати за Оскар да поминат добро на бокс офис, што е добар знак. Еве Арго благодарение на публиката, говорам за препорака од еден на друг, ептен добро пројде во кино салите. Очекувам Линколн да мине уште подобро.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.659
Поени од реакции
34.089
Човекот наречен храброст :pos:

Ама врв беше кога пред 2 год ги ругаше сите филмови и пукна од радост говорот на кралот кога зеде :oops:

ВРВ! Какоов оргазмичен крај само, како нејзин да е филмот.. Иако сите знаевме дека само тој го имаше гледано. :pos:

A Daniel Day-Lewis не се сомневам воопшто дека ќе заврши одлична работа, во топ 3 глумци ми е. :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Абе годинава некако тапа се насловиве ќе нема со што да се смееме од Интерка :)
Лани во Манибол највеќе надеж имавме, ама не зезна не го преведе - Манибол си го кажуваше. Годинава нема ни на што да се надеваме.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Шала на страна, како е преводот на Silver Linings Playbook? :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.111
Абе годинава некако тапа се насловиве ќе нема со што да се смееме од Интерка :)
Лани во Манибол највеќе надеж имавме, ама не зезна не го преведе - Манибол си го кажуваше. Годинава нема ни на што да се надеваме.
А "Django Unchained"? Предлог до Миланка - „Џанго одврзаниот“ :нинџ:
Плус, и што вели MyloXyloto - „Silver Linings Playbook“ како ќе го преведе? „Посребренетата тетратка“, или „Теткатката обложена со сребро“? :LOL: Или се надевам ќе најде некој покреативен, можеби дури и описен превод за зборот Playbook, па на крај може ќе испадне - „Бележникот со стратегии чии корици се обложени со сребро“ :pos:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Што се правите па и вие манги, ај да ве видам преведете го виде Silver Linings Playbook без да звучите смешно. :rolleyes:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.111
Што се правите па и вие манги, ај да ве видам преведете го виде Silver Linings Playbook без да звучите смешно. :rolleyes:
Па затоа не се ни обидувам :P „Сребрениот бележник“ би звучел најпристојно според мене на македонски. Иако и за тоа ме пука смеа сега :pos:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Абе мене ми треба превод дека имам канал на Јутјуб со трејлери па им ставам македонски наслови, а за овој не знам како да го ставам. Ако некој знае најблиску што е точно до приказната нека ми каже :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.111
Абе мене ми треба превод дека имам канал на Јутјуб со трејлери па им ставам македонски наслови, а за овој не знам како да го ставам. Ако некој знае најблиску што е точно до приказната нека ми каже :)
Низ другите европски држави го преведуваат некаде како - „Прирачник за оптимисти“, некаде како „Водич за среќен крај“. Можеш и „Сребрениот прирачник“ или „Прирачникот обложен со сребро“, ако сакаш буквално на македонски, ама за последниве две пак ме фаќа смеа :ROFLMAO:
--- надополнето: 16 ноември 2012 во 14:59 ---
Инаку, синоќа на Cinedays го изгледав Amour, и мора да признаам дека не ме остави рамнодушен, но сепак не знаев што да кажам по проекцијата. Не сум којзнае колку запознаен со филмографијата на Ханеке, но ова ми изгледаше како дело на извонреден режисер. Се забележува влијание и од француската, но и од германската кинематографија. Пред се би сакал тука да ги издвојам умртвувањето на дејството, до таа мера што на моменти кадрите изгледаат како слики врамени и закачени на ѕид, како нешто неподвижно, пластично, мртво... И не ретко таквите кадри траат и по десетина секунди. Гро-планот не е во којзнае колкава мера изразен, но не дека го нема. Кинематографијата е навистина извонредна - јас веднаш би го дал оскарот за кинематографија на овој филм!
Ханеке ја зема темата за љубовта и ја прикажува од еден сосема поинаков агол - лишена од контекстот на надворешниот свет, изолирана во ликовите на двајца старци кои се затворени во својот стан и до кои не допира ни звук од надвор. Споредните ликови се до таа мера занемарени, што речиси и да не се забележуваат - тие само случајно влетуваат во животот (и љубовта) на Жорж и Ен и исто толку незабележливо излегуваат од него. Ова не е едно обично холивудско опишување на љубовта, Ханеке навистина оди до крајности, најверојатно сметајќи дека вистинската, чиста љубов е токму таква - не-платонска од една страна и не-мелодраматична од друга. И не застанува со happy end, како и што никогаш љубовта и не завршува така. Ги прикажува жртвите кои партнерот мора да ги принесе, а нималку водат кон happy end. Можеби звучи брутално, а верувајте дека така и изгледа, но... се во име на љубовта!
Интересно е што тишината игра огромна улога во креирањето на целосната перцепција за филмот - во ниту еден дел на филмот нема музика во позадина, т.е. музика која не е дел од дејството, туку само изразно средство. Целата музика која ја има само малку, е музика отсвирена од страна на ликовите, т.е. музика која и самата е дел од дејството, а не изразно средство. Навистина интересен пристап, но не би знаел со сигурност да кажам што сакал Ханеке да постигне со тоа - можеби самото отсуство на музиката е негово изразно средство со кое ја покажува осаменоста пред крајот, пред смртта; можеби сака да ја апстрахира љубовта дури и од музиката, т.е. да не натера да ја видиме љубовта во нивните очи, а не да ја „слушаме“. Не знам.
Во секој случај - Amour можеби ќе биде номиниран за најдобар филм, но по ова што го видов, уште поубеден сум дека Тринтињан и Рива дефинитивно ќе изостанат од борбата за актерските награди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom