85ти американски филмски награди (Оскар за 2012) - прогнози, желби, дискусија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Не е за секој, како и повеќето европски филмови што се по овие фестиваливе. Сосема разбирливо е за мене дека одреден број на луѓе го напуштиле киното вчера на премиерата. Да бидам искрен и јас размислував да го сторам истото зашто ми изгледаше на досаден, со банални дијалози + главните ликови се старци. Но не жалам што ги доседав 2та часа.​
Мислам дека немам гледано ништо од режисерот Michael Haneke, и затоа ми беше малце чудно. Нема музика, кадрите се долги и камерата не се движи многу односно си стои у место :D. Сега прочитав дека ова му бил препознатлив стил. Сепак, кинематографијата ми се допадна.​
Филмот се вика љубов и повеќето го перцепираат токму тоа во филмот но јас мислам дека фокусот сепак беше насочен кон патењето. Добро во тие години ретко што друго може да се очекува особено кога станува збор за болест. Иначе шо се работи у филмот, ептен стар брачен пар, женава се разболува и мажов се грижи за неа. Премногу е реален, има доста сцени каде што се прикажани вистинските маки на тешките болести. Глумата е феноменална, значи алал му вера на старецот едноставно мислиш дека не глуми и дека животот му е навистина таков. И бабата не беше за потцеување.​
Оценка не знам... морам да признаам и дека не го сфатив баш на крај, а и мразам така кога ќе те остават сам да си интерпретираш одредени ствари.​
Pluh, те мразат бе... :)

Немам став за филм кој не ми е гледан се разбира, но сакам само мал коментар да дадам: од трејлерот ми изгледа како крајно бавен филм и претенциозно уметнички. Филмовите кои беа во најтесен круг за најдобар странски филм минативе години беа одлични филмски остварувања, динамични, добра содржина, глума и се тоа... Оттука мислам дека иако оваа година филмов се турка како фаворит за Оскар, нема да помине, затоа што очигледно е многу поинаков тип на филм, а гласачкото тело помалку или повеќе исто.

Пак ќе речам, си правам гимнастика со умот, на невидено.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Amour дефинитивно не е најдобар филм на Ханеке, но е далеку од лош. Може пошто културално е од различно подрачје не го доживеав шокирачки како другите два негови филма што ги имам гледано. Кај нас е нормално во иста куќа еден живот да се распаѓа дур друг се раѓа па сме навикнале на старци во 80ти години и затоа не го гледаме како некој феномен.
И не, не е претенциозно уметнички, Аронофски е претенциозен, Ханеке е едноставно добар.
Се приметува дека режисеров старее па се врти на такви теми.:P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.110

Аронофски претенциозен???? o_O И двајцата се одлични, на свој начин. Но не би рекол ни за едниот ни за другиот дека се претенциозно уметнички. Иако, мене Аронофски ми се допажа повеќе - непретенциозно признавам!!! :P
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Кога сме кај Аронофски ко луд го чекам Ное :vozbud: Јас од неговите само „The Fountain“ не можев да го сварам, другите ми се предраги:cuc:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.110
Кога сме кај Аронофски ко луд го чекам Ное :vozbud: Јас од неговите само „The Fountain“ не можев да го сварам, другите ми се предраги:cuc:
The same here. Освен за The Fountain - јас го обожавам и него. Може да се примети и по мојот аватар :P
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Amour дефинитивно не е најдобар филм на Ханеке, но е далеку од лош. Може пошто културално е од различно подрачје не го доживеав шокирачки како другите два негови филма што ги имам гледано. Кај нас е нормално во иста куќа еден живот да се распаѓа дур друг се раѓа па сме навикнале на старци во 80ти години и затоа не го гледаме како некој феномен.
И не, не е претенциозно уметнички, Аронофски е претенциозен, Ханеке е едноставно добар.
Се приметува дека режисеров старее па се врти на такви теми.:P
Претенциозен во однос на она што сака да го каже или постигне преку филмот можеби. Сите негови филмови имаат некаква кауза. Уметнички претенциозен? Не би рекол. Плус "уметнички" на никој начин не може да го опише "претенцизен". Најбитниот момент кога сме кај "уметнички" е: Дали таа уметничка аура на филмот потекнува од искрена емоција која израснала и созреала во филм или е само опаковка во која е спакуван филмот? А резултатите секогаш се еднакви на личните впечатоци на публиката..
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Претенциозен во однос на она што сака да го каже или постигне преку филмот можеби. Сите негови филмови имаат некаква кауза. Уметнички претенциозен? Не би рекол. Плус "уметнички" на никој начин не може да го опише "претенцизен". Најбитниот момент кога сме кај "уметнички" е: Дали таа уметничка аура на филмот потекнува од искрена емоција која израснала и созреала во филм или е само опаковка во која е спакуван филмот? А резултатите секогаш се еднакви на личните впечатоци на публиката..
Јас тоа го пишав како коментар на постот на Иосоно погоре, само не го цитирав посебно. Јас би рекла дека уметнички претенциозен како термин можеби не постои, но уметничка аура сигурно не постои. По тоа го кажа што Иосоно, терминот го сфатив како форсирање на уметничката страна на филмот, што сега кога го пишувам и не ми има некоја смисла.:cautious: Така да или си во право или јас не знам да се изразам како што треба :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 00:21 ---
Јас тоа го пишав како коментар на постот на Иосоно погоре, само не го цитирав посебно. Јас би рекла дека уметнички претенциозен како термин можеби не постои, но уметничка аура сигурно не постои. По тоа го кажа што Иосоно, терминот го сфатив како форсирање на уметничката страна на филмот, што сега кога го пишувам и не ми има некоја смисла.:cautious: Така да или си во право или јас не знам да се изразам како што треба :)
Не ми беше крајната цел терминот. На дело не постои претенциозна уметност, а како термин можеби да. Што значи дека филмовите во суштина се делат на добри и лоши без разлика дали ќе ги наречеме уметнички претенциозни или ќе ги споредиме со кафанска певаљка која размишља да се проба на оперска сцена.:)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Les Miserable го чекам. Штом немам можност во Бродвеј да го гледам мјузиклот, барем во Кино во Скопје филмската адаптација ќе ја гледам. :pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.110
ARGO / Ben Affleck
Дефинитивно започна оскаровската трка, но филмот за кој buzz-от е најголем дека ќе добие Оскар за најдобар филм, Argo, и не ме остави толку многу без зборови. Станува збор за политички трилер, снимен според вистински настан - спасување на 6-мина американски државјани од Иран во 1980 година од страна на агент на CIA кој осмислува совршено лажна приказна дека заедно со неговата група режисери, продуценти, сценографи и друг технички персонал е појден во Иран со цел да бара локација за филм за кој има најдено се - од сценарио до продуценти, но никогаш нема да биде снимен.
Визуелно - перфектен! Одлична сценографија и костимографија, како да гледаме документарец, одлично адаптирано сценарио, одлична режија од страна на Афлек кој прераснува во извонреден режисер, одлична кинематографија, одлична актерска игра од речиси сите актери, но недостасува подетално портретирање на карактерите, па така ликовите изгледаат површни, како пластични, зошто особено во напнатиот крај, не може да се забележи многу од нивните лица освен стравот. Самата приказна исто така изгледа како да и недостасува нешто - крајот е како намерно направен со дополнителна тензија која нималку не е потребна и само го доближува филмот до предвидливите американски wannabe филмови. Отвара дополнителни прашања и можности да иранските власти можеле да преземат други механизми за сепак да не го овозможат среќното бегство.
Oscar material - дефинитивно: за режија, костимографија, сценографија, па и кинематографија, но во секој случај не за најдобар филм.
Оценка: 6/10
Argo, Beasts of the Southern Wild, Amour, Moonrise Kingdom, The Best Exotic Marigold Hotel - изгледани. Се уште го барам мојот фаворит. А зачудува што некако споро излегуваат screener или dvdrip верзии...
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
За Amour испадна снимка или послабо тоа?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.110
За Amour испадна снимка или послабо тоа?
Не сум сигурен, не сум ни побарал откако го гледав на Cinedays. Јас пак едвај ги чекам Silver Linings Playbook, Les Miserables, Django Unchained... а најмногу од се ме чуди што уште нема никаква снимка од The Master - а премиерата на филмот беше летоска.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Argo го има, и не е толку лоша копијата за гледање. А и плус, ќе се појават наскоро screener верзии. Ќе мора нели Академијата да ги гледа некако, а некој од членовите сигурно ќе прошверцува копија до пиратските сајтови.
Ако го има во не "толку лоша копија" а не е ни screener, можам да замислам каков е квалитетот поготово на аудиото....:icon_lol:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.110
Ако го има во не "толку лоша копија" а не е ни screener, можам да замислам каков е квалитетот поготово на аудиото....:icon_lol:
Да, на аудиото би му дал 4/10! Ама сепак, може да се гледа. :D
 
Член од
20 февруари 2009
Мислења
103
Поени од реакции
73
Само што го прочитав сценариото за НОЕ филмот

едитирано од модератор
 
Kajgana Shop

На врв Bottom