Westworld

  • Креатор на темата Креатор на темата NewForce
  • Време на започнување Време на започнување
Алооо тој у количката бе....како не го знаеш?!:eek:[DOUBLEPOST=1479841643][/DOUBLEPOST]LoL 73-та нема шанси. Тогаш уште ни интернет немало а ни Стивен Хопкинг не ни бил роден.
Знаеш дека тролањево ти е очајно, така?
 
Знаеш дека тролањево ти е очајно, така?
За жал, на форумов не ми преостанува ништо друго освен очајно тролање.:(

Си прочитал/а ти некој мој пост?
Ти личи ли уопште дека има човек на форумов што не знае кој е Стивен Хокинг?
Еве ќе ти нацртам: направив беспредметна симбиоза на презимето на главниот(?) глумец и овој умен атеист, што сите го сакаат, кој баш даде пред некој ден, изјава во врска со роботите како една од опасностите заради кои ќе сме ја изгубеле планетава.

Шала на страна, добра е серијава, моите проблеми со неа се од субјективна природа. Како што веќе кажав.
 
Последно уредено:
За жал, на форумов не ми преостанува ништо друго освен очајно тролање.:(

Си прочитал/а ти некој мој пост?
Ти личи ли уопште дека има човек на форумов што не знае кој е Стивен Хокинг?
Еве ќе ти нацртам: направив беспредметна симбиоза на презимето на главниот(?) глумец и овој умен атеист, што сите го сакаат, кој баш даде пред некој ден, изјава во врска со роботите како една од опасностите заради кои ќе сме ја изгубеле планетава.

Шала на страна, добра е серијава, моите проблеми со неа се од субјективна природа. Како што веќе кажав.
heheбашсиумен
Нималку смешен though....

Сум прочитала, релевантно е?
Day in and day out те читам кај што butthurt-аш во темана за ГоТ, ама не знаев дека си на personal mission сите теми да ги затруеш.
 
heheбашсиумен
Нималку смешен though....

Сум прочитала, релевантно е?
Day in and day out те читам кај што butthurt-аш во темана за ГоТ, ама не знаев дека си на personal mission сите теми да ги затруеш.
абе ти женско си била
(и добро сум напраил коа сум оставил таква можност кај оноа прочитал/а)

ок, у тој случај, повлекувам све што реков и се извинувам

(иначе GOT сум ја глеал поише пути од било кој овде на форумов и ми е најбоља серија)
 
Кинезов во последната епизода, направи огромна грешка според мене.
 
Јас одлучив да ја прекинам, заклучно со четвртата епизода, заради тоа што ми беше премногу репетитивна и спора + вестерн елементите секогаш ствараат одбивност кај мене. Сепак вчера ја продолжив, само благодарение на @Corvus , и тука еве, признавам, ќе се зафркнев што сакав да ја оставам на страна. Последниве две епизоди беа закон! Убаво рече @wot , серијава е нешто слично ко наративите кои им ги ставаат во главите - може да се движи во милион насоки, на сите страни, што значи - ветува многу и ќе биде далеку од предвидлива и досадна. Е сега, има моменти кои некако мојот ограничен ум ко да не може да ги сфати, ко на пример, случајов: некој гостин X доаѓа, и убива некој хост Y кој бил доволно впечатлив за X добро да го запамети. Доаѓаат овие од горе, го репарираат Y и го враќаат назад во Westworld (што до сега сто пати се случи), додека X е се уште таму. Што ако се случи X повторно да го сретне Y - ОК, он знае дека е робот и сето тоа, но бидејќи Форд и останатите во паркот сакаат се да изгледа пререално, нели во ваков случај им се урива како кула од карти целата идеја за „реалното“ во паркот? Мене тоа ми е малце глупаво - како може да се сигурни дека истиот гостин X нема да го сретне истиот домаќин Y кого веќе го убил, и како до сега не е прикажан таков момент?
 
Малце е лошо прикажано. Не ги репарираат секоја вечер хостовите. И не ги репарираат сите хостови во исто време. Главното градче кај што сите гости се симињаат од возот е најчесто репариран зошто нон стоп има убивања - али креаторите се потпираат на тоа дека нема да се задржиш во тој град поише од еден ден и ќе си фатиш авантура со некој од преживеаните хостови и да бегаш подалеу од почетниот град, каде хостовите поретко умираат и затоа си имаат подолг наратив да си извршат и поретко се репарираат.

П.с. дополнително да те збунам - серијата следи три временски линии. И како шлаг на тортата не може да веруваме во се што гледаме бидејки некои од сцените се снимани од гледна точка на хост по што може да не гледаат нешто што се испрограмирани да не го гледаат.
 
Згора на тоа, гостите имаат дозвола да седат во паркот максимум 4 недели во годината.
 
Само уште едно видео "Се што е погрешно со Westworld" фали. Не постои совршен филм или серија, не барајте влакно на јајцето.
 
Го прочитав со гласот на Anthony Hopkins. Психо е типот, го дига шоуто за 10 левела.
Jас пилотот кога го изгледав решена бев да jа баталам. Сакам sci fi, сакам AI, ама не сакам вестерни и Долорес ми е антипатична. Jа продолжив исклучиво за Хопкинс и Харис и не разочара.
До 5та епизода уште бев скептична, ама Contrapasso ме преврти. Сцената на Хопкинс со Тереза на хациендата/ресторанот уште ми jа смрзнува крвта.
 
Роберт Де Ниро и Ал Пачино во најдобрите денови, вака како Хопкинс нема да одлумат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom