5X филмски предизвик v.2/2018

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Pathfinder

Овој го гледав дента кога цела Македонија ја закопа снег. И многу прикладно беше со сетингот, преку прозор снег, на лаптоп снег, идила. Ама не знам што да кажам за филмов, ги забораив имињата веќе не знам ни како да пишам рецензија без имињата. Не ми беше лош actually, као кажа некој погоре... тивок, мирен, coming of age, малку не ми беше гајле за лапонскава легенда, АМА имаше actual плот што беше топ. Ме потсети на Конан приказнава, посебно почетокот кога на детево му ја убиваат фамилијата пред очи, па детево тргнува во revenge rampage. Имаше убаво изграден суспенс во некои сцени, најтензична ми беше кога детето протагонист требаше од шаторот да избега накај кампот by the sea, а јас како шпански серии кога гледаат стариве ИЗЛЕЗИ СЕГА ОД ШАТОРОТ, ИЗЛЕЗИ СЕГА ОД ШАТОРОТ!, ама не излезе и го фатија. Значи добро, знам колку комично изгледа „рецензијава“, еве да скратам:
Не ми беше којзнае колку атрактивен плотот. Атрактивно ми беше сепак, како истиот беше изведен, зашто не почуствував досада додека го гледав и ме држеше, плус беше краток и компактен и не затупуваше. Му фалеше троа дијалог, ама барем немаше кринџ муабети, па се нивелира едното со другото.

6/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
утре ваљда за Агире и Дерсу Узала(мада Злате се' кажа).. моментално сум истрошен од вториот..

Дерсу :place::place::place:
Набрзина зашо ем се нема време ем почиња нова тема.

Дерсу Узала, немам што друго да додадам од тоа Злате шо пишал, еден од најдобрите филмови за пријателство, еден од најдобрите филмски ликови во Дерсу со неговата животна филозофија, скромност и чистина, совршено снимен и среден од мајсторот Куросава.. филмиште 9,5/10

Агире, гневот божји.. Слична атмосфера како во Фицкералдо само што од старт е во природа. Повторно прејаки кадри од дивата природа надополнети со амбиенталната музика, Кински пак е прејак како лудак, во позадина оди приказ на "државно уредување" во мало пакување со сличности ко кај нас :D.. 8,5/10

Deliverance јебига, ќе скршам правило али можда у кинотека ќе го глеам пак па ќе се пише..

Ајде кој е следеќи
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Јас сум следеќи.

Филмови од детството, кои ги утепале од давање на телевизија, не биле некакви серијали или со релативно еднолични глумци (Лесли Нилсен, Томибој дебелиот, Адам Сендлер, Џим Кери...), а на мене ми оставиле ептен впечаток или едноставно многу пати сум ги гледал.
Сигурно имам пропуштено некои филмови (рипнав доста комедии), можел да се направи подобар избор, но немав многу време за пребарување низ интернет (обврски) а и низ главава, но мислам дека изборов е задоволителен.

Ако напишеш на Google филмови од детството, еве го Џими на 4та страна
http://www.publicitet.mk/kultura/item/3632-raskazot-nemi-filmovi-od-dimitar-dimoski-vtoronagraden-na-konkursot-na-nova-makedonija



Да не должам, листата е следна:


GL&HF boys and girls!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Која цивилизација, кога местото беше напуштено? Само еден dochebag имаше таму, а тој како да не го интересираше неговата приказна.
Па стигнаа до асфалтен пат по кој минуваат возила. Прашање е само на време кога некое возило ќе помине и ќе ги собере или ќе стигнат до населено место.
А сцената со чуварот во напуштената рударска населба си имаше поента. Повторно ја нагласи разликата меѓу кулутурите на „цивилизираните“ и „дивите“.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Е сега не знам, може нешто утнав, ама мислам дека резултатите од Outdoor Movies се as follows:

@Zlatikevichius - 5/5
@Anon - 5/5
@Corvus - 5/5
@grande-juve - 5/5
@moongoses - 3/5

Листите се средени:
1. https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/5x-film-challenge-v2-2018-official-list/
2. https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/5x-film-challenge-kajgana/

Стиснете го црвеното копче на времепловот. Да се вратиме во детството!
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Walkabout

Да си пишам јас за филмов пред да примети Злате дека неам уште напишано :sneaky:
Јас се извинувам што пак узурпирам, ама како што може да се види од рецензијата на Pathfinder, многу ме мрзеше да пишувам тогаш, па почекав нешто поинспиративен период.
Епа вака сега, Walkabout.... филм што ми се допадна од субјективни причини, и што не ми се допадна од објективни. Имаше сцени што ме потсетија на времето кога собирав тарантули на Слан Дол. Слан Дол е инаку најсувиот дел во Македонија и претставува степа во близина на Штип. Учиме географија со Корвус! Во секој случај првата половина од филмот тој беше сетингот, кога братчево и сестричево шетаа низ австралијански степи во потрага по....искрено не знам што им беше ендпоинт at this time, не изгледаа ко да собираат тарантули. И океј, ова е во категоријата на pros на филмот, зашто ова е единствениот филм којшто се поврза со некое лично искуство, а тоа е многу голем плус за мене кога гледам вакви филмови во природа, сакам да ми враќаат спомени од некои убави искуства.
Тоа што не ми се допадна however се некои работи што вие веќе ги спомнавте, како преголемото акцентирање на сексуалниот аспект и некои необјаснети дејства и одлуки во филмот што никогаш вистински луѓе не би ги направиле. Еве ќе почнам од самиот старт на филмот... прво музиката у првите 5 минути беше како од Жикина Династија, ама тоа не е плотхол, да видиме како почнува филмот: Безимен татко со две безимени деца оди на некаков излет, и заплетот почнува одма татково по неуспешниот обид да си го убие синот, се самоубива. Чин којшто го посведочува ќерката, so far so good. Не разбирам however, зошто Ивица и Марица не тргнаа назад кон градот по патот од каде што дојдоа, зошто влегоа во дивината воопшто? Беа дојдени со кола = дојдени се по некаков пат = пат по којшто можат двете деца да тргнат назад и да начекаат некој и да му кажат што се случило. Зошто волку рано во плотот има дупки? Тргнаа, океј. И во ниеден момент ниту едно од децата не беше исплашено/истрауматизирано од фактот што 1. спијат покрај змии и 2. Таткото им се самоуби! После некое време девојчево вика Не знам зошто ама чичо кажуваше дека кога бил во пустина јадел сол, ај да јадеме сол. И јадат сол и продолжуваат и у следната сцена Марица го прашува Ивица дали сака вода, Ивица и одговара Не, не се потам уште. Еве ќе го прашаме Злате што има дете дома, дали некогаш кога го прашал дали му се пие вода, детето му одговорило дека не се поти уште. Дали сериозно режисеров на толкави нелогичности во филмов се фати да објаснува зошто у претходната сцена сол лижеле. Што не се помачи да објасни на пример како тоа децава ги нема со денови дома/на школо и никој не реагира на нивното отсуство и никој со прст не мрда да се пронајдат очигледно. Вишок сцени, nude сцени беше тоа непотребно ама некако и ќе го прогледав да немаше толку нелогичности во плотот и ликовите, ептен беше thirsty типкава, ќе претпоставам дека и режисерот нема секс регуларно if at all. И на толку sexual teasing, барем нека кулминираше филмот со interracial porn и онака ги видовме сите ко од мајка родени.

Инаку
Capture.PNG
It's 2018 Letter, we don't call them that anymore

6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Пак јас ко дежурен бранител на филмов, ама што повеќе ме „терате“ да го мислам, тоа се повеќе ми се допаѓа.
Беа дојдени со кола = дојдени се по некаков пат = пат по којшто можат двете деца да тргнат назад и да начекаат некој и да му кажат што се случило. Зошто волку рано во плотот има дупки?
Не беа дојдени по пат, возеа низ пустина, неколкупати беше тоа прикажано. Плус децата не знаеа дека ќе бидат оставени во пустина за да внимаваат на околината и да знаат да се вратат. А идејата на девојчето беше да одат на некое повисоко место да видат каде се, што има логика кога си изгубен во пустина.
Што не се помачи да објасни на пример како тоа децава ги нема со денови дома/на школо и никој не реагира на нивното отсуство и никој со прст не мрда да се пронајдат очигледно
Не знаеме дека никој не реагирал и дека не ги барале. Но тоа не беше темата на филмот, за да се прикажува реакцијата на мајката и потрагата што се организира.
Тоа што не ми се допадна however се некои работи што вие веќе ги спомнавте, како преголемото акцентирање на сексуалниот аспект
Е ова беше поентата на филмот, затоа толку го акцентираа.
Мене па ме заинтригираа хулахопките на девојчето. Како издржаа толку време низ пустина, лазење, качување по карпи и дрва и ниеден шав да не се скине. Имало квалитет на времето :)
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
2 смачкани! Само, некако сум разочаран, веројатно повеќе од себеси отколку од филмовите. Зошто пораснав, у п м? Зошто?

1 филм: Old Yeller: Го обожував филмов како мал! Колку само ми било жал за Жолтко. Кутрото куче, колку беше паметно. :( И не само овој. Ги обожував речиси сите слични Дизни и Б филмови со кои израснавме. На МТВ 1 (единствениот ТВ канал кој го имав додека растев) не даваа нови блокбастери, туку само Дизни филмови од 50-80-ти и некои Б смешни „филмови“. И пак уживавме! И искрено, очекував филмов да ми се допадне барем приближно толку колку што го сакав како мал. Ама сум остарел, изгледа. :( Досадничок ми беше, во секоја сцена барав невозможни работи, само колку да го критикувам, наместо да се опуштам и да уживам како кога бев дете. И се ми беше по малку глупаво и патетично. Ако кога сум бил мал на ова би му дал 10/10, сигурно, сега оценката падна на 7/10, и тоа најмногу заради „глумата“ на кучето. Како е издресирано, човече!

2 филм: Bedknobs and Broomsticks: Е ова е премиера за мене! Не знам како, ама мислам дека никогаш не сум го гледал филмов. Ама исто како и погоре, како дете веројатно многу би ми се допаднал, сега, ми беше многу млитав и досаден. Мислам, идејата за приказната е извонредна: 3 деца, сираци, и нивната старателка: вештерка на обука, патуваат со помош на еден маѓепсан кревет со цел да решат една загатка, поточно, да ги пронајдат зборовите на една древна магија со која ќе го запрат прогресот на Втората светска војна. И, да имаше малку повеќе авантура (налик Нарнија, на пример), да имаше патувања во непознати земји, каде ќе се среќаваа со магични суштества и митски предмети, наместо да танцуваат и пејат на досадниот Портобело пат и да играат смешен фудбал со нацртани животни на измислен остров, веројатно ќе ми беше и поинтересен. Среќа, се подоправи во вториот дел од филмот, кога вештерката ја употреби магијата врз германската војска со цел да ги истера од островот. Во првиот дел од филмот, визуелните ефекти ми беа, в најмала рака, смешни од денешна перспектива. Мислам, летањето на креветот беше најблаго кажано, очајно. Но, кога ги видов облеката и оклопите на војската и коњите како се движат, а во нив нема никој, и притоа филмов е снимен во почетокот на седумдесетите, веднаш помислив: this is something. И веднаш отворив IMDB, и знаев: филмов освоил Оскар за визуелни и специјални ефекти! И заслужено! Бил номиниран и за 4 други оскари: песна, музика, костимографија, уметничка режија. И се тоа е ОК, само да не ми беше толку здодевна, зевачка приказната. Авантура - 0, фантазија - 1, забава - 0,5. После дознав дека режисерот на филмов е режисерот на Мери Попинс, па од таму, јасно ми беше чуму играњето и пеењето. Ама, реков, мене не ми го направи меракот, и јас се досадував. Искрено, од мене добива само 6/10, и тоа само заради визуелните ефекти од вториот дел на филмот, инаку цело време бев со мисла да му дадам само една петка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
3 филм: Flight of the Navigator - за ова не сум сигурен дали сум го гледал, познат ми беше бродот и скалите, ама веројатно многу сум бил мал, па не се сеќавам баш. Ама, филмов е преубав и сега! Значи конечно, првиот кој ептен ми направи мерак: од почеток до крај. Прво, одлична мистерија, одлична научна фантастика, одлична драма, одлична комедија. Да, тука ги има елементите на сите овие жанрови и сите се прекрасно вклопени во една целина која навистина добро функционира. Мене ме остави да не трепнам. Плус, и глумата е навистина добра. Детето растури. Сара Џесика Паркер е бонбонче тука. И што друго да кажам - поубав семеен фил од овој не сум гледал со векови. Едноставно, ми го направи денот! 9/10
Инаку, @Anon ме малтретираше да му најдам филм(ови) во кои главниот, или некој од ликовите поради X причини не старее или во одреден дел од филмот престанал да старее додека другите ликови си продолжиле да си ја тераат биолошката судбина. И му направив листа со такви филмови (барем оние на кои успеав да се сетам или кои успеав да ги најдам. За тие кои се заинтересирани да ѕирнат, еве што испадна: КЛИК ТУКА. Ако ви текне на уште некој ваков, пишете во коментар во листата, или тука, или во привата порака, или пратете ми гулаб... сеедно. :D

4 филм: Airborne - ова е еден од оние филмови кои сум ги гледал минимум двоцифрен број пати. За оние на кои не им е познат насловот, на МТВ го прикажуваа како Летачи на тркала, па може ќе се сетите. Овде, и да сакале, не можеле да направат повеќе клишеа од што има: кул дечко од кул место се сели во крш место поради сплет на околности (тука малку неразјаснети: родителите му викаат - не можеме да те земеме со нас во Австралија заради образованието, затоа ќе одиш кај тетка ти во Синсинати. Као демек во Австралија немаат училишта и сите се глупи, тупи и необразовани). И во новото живеалиште тој лик е неприфатен од средината, bullied, сите го мразат и сл. Ама тој останува кул, и се заљубува во љубовта на фраерот од новото место (до душа тука беше сестрата, за да не биде толку антагонистички настроен), исто и таа во него. Па после тука има и некој sidekick кој ја отежнува работата на сите, и кој обично прави глупости и е смешен лик (во случајов ко од цртан филм излезен). Но херојов после ќе направи нешто со што ќе ја стекне довербата на ликовите од новото место, ќе го прифатат како дел од нив и се ќе си биде ОК, и сите среќно ќе си живеат. Минимум 10 вакви филмови знам, и тоа само од деведесетите. Но, who cares. И по толку клишеа, и по толку пати гледање, ова се уште ми беше ептен забавно филмче. Крајот, особено (последните петнаесетина минути и трката од ридот), толку адреналин има во него и толку е убав што те остава да не трепнеш. Можам да си ги пуштам овие 15 минути одново и одново цел живот и пак да не ми се здосадат никогаш. Плус, позитивно е што кога и да го гледам, филмов ме враќа во омилената деценија од мојот живот, деведесетите, кога јас растев и се школував. И враќа некоја топлина, некои убавини. Од облеката: преовладува џинс, до фризурите (кремчињата кај машките и девојчињата, и патецот у-раздељак-те-љубим, a la Ник/Арон Картер од '90, style), преку музиката и бој бендовите, па се до обетките/пирсовите на левото уво кај машките (никогаш сум немал, ми беше гадно, ама потсетува на тоа време, и сега ми е убаво. Да си дупнам уво, а?) Дури мислам дека филмов имал влијание кон поп-културата од тоа време, можеби само кај нас, зашто секоја втора недела го даваа на МТВ 1, па затоа секој втор кул-дечко личеше на Мичел Гусен, пред се со обетката на левото уво и патецот на средина. Значи ОК, сфативте, филмов ми е guilty pleasure, и не се срамам од тоа. 8/10 од мене.
Инаку, сакав да видам кај се актерите, од сите овие филмови кои ги гледаме. Сара Џесика Паркер од Navigator и Џек Блек од Airborne до душа сите ги знаеме. Ама овој главниов лик, Мичел, т.е. Шејн МекДермот некако непознат ми делуваше, па го прогуглав и се изненадив дека освен во овој филм и уште во 2-3 серии не глумел никаде другде. Помислив прво да не му се случило нешто, кога што ќе видам - наместо да биде популарен актер, одлучил да се занимава со продажба на недвижности и уште го работел истото. Смотко! Еве како изгледа денес:
[DOUBLEPOST=1520626471][/DOUBLEPOST]И
5 филм: Rookie of the Year - уште еден филм кој сум го гледал повеќепати, ама знаев дека нема да ми се допадне, зашто мислам дека речиси никогаш и не ми се допаѓал. Причини:
1. Никогаш не ги научив правилата на бејзбол, па така пола филм блеев ко теле во шарена врата;
2. Малиов ми беше многу кул во American Pie како Кевин, многу го сакав. Ама колку што го сакав таму, толку тука ми е иритантен;
3. Сфаќам дека е семеен филм и дека сакале да можат да го гледаат сите, ама во тој случај не требало да вметнуваат воопшто псовки, а не да ги кратат на пола со цензура. Првиот пат беше интересно тоа, вториот ОК, третиот пат почна да ме нервира, четвртиот ептен ми згази на нерви, а секој нареден ми беше utterly stupid;
4. Тоа што требаше да биде смешно, не беше;
5. Клишеа на сите страни, ама овојпат не ми беше забавно како Airborne, па не можев да поминам преку нив.
И има уште, ама не можам веќе да набројувам, ми ја сфативте поентата, филмов не ми се допадна. Пак. Само 5/10, ете, за идејата. Доста е.

@Zlatikevichius заврши со предизвикот за март 2018, уште на 9 март 2018. Останатите 20 дена, ќе трча кон други предизвици. 5:0 за мене. Се одјавувам, и ви ја фрлам ракавицата. Lazy asses!
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Airborne

Да можам објективно да го оценам би го напраил пепел, добро не пепел, сепак има и добри страни, би му дал едно петче од 10.
Но не можам да си го хејтам филмот што сум ви го предложил и филм од моето детство.
Највивидно се сеќавав секако на последната сцена со трката кога ќе се испотепаат сите и кога Мичел ќе го направи неверојатниот скок за победа и ќе ја залапа цурата.
Исто така добро се сеќавав и на сцената во стаклената градина кај шо ќе си шеткаат и овој ќе ги гаѓа цвеќињата и ќе влезе у ребел моуд ќе фати со ролерките да вози таму.
Тоа со хокејот на почеотокот тотално сум го заборавил или никогаш не сум го гледал од почеток филмот :P
Сет Грин беше кул, испаничен и трапав целиот.
7/10
Мичел убер кул рол модел али малце ми забегуваше со тоа сурфањето и филозофијата.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Flight of the Navigator

Убедливо мојот најдобар филм од детството и тоа никогаш нема да се смени. Не дека и е воопшто возможно :P
Филмот си го репризирав и пред 3 години, и сега, и повторно ми е неверојатно добар.
Си се изнаплаков во многу сцени, чисто од носталгија, чисто од поврзување со Interstellar, чисто карактерно.

И објективно (иако не верувам дека е тоа многу возможно во случајов) би му дал повторно 10/10.

Она што најмногу ми се допаѓа во овој филм, и ете и до ден денес забележувам дека ми се допаѓа во филмови е, sci-fi но sci-fi фокусиран повеќе на драма, семејство, другарство, љубов... онака, некако да е поблиску до тебе, до гледачот. Не дека другите sci-fi не го можат тоа, но кај другите sci-fi повеќе е акција, победување на лошите итн. Филмот уште на почетокот ти привлекува заинтересираност и внимание со сцената кога им лета киров над глава. Интересното дејство веднаш почнува откако детето ќе падне во шумата, а тоа се само 10 минути од филмот. Значи, нема дрн дрн јариња, уште една работа што многу ми се допаѓа.
И сега гледачот е во wtf момент, зошто детето не пораснало, што се случило итн.
И, го имаме нај пренајкул НЛО-то некогаш направено во филм. Детето го тестираат во болница на компјутери и забележуваат дека во неговата глава има „траги“ од НЛО-то и се одлучуваат подлабоко да влезат во неговата глава.
Кога, што да видат! Во неговата глава постојат информации за една планета 560 светлосни години оддалечена од нашиот свет а детето стигнало до неа за 2 саати! И, „дознаваме“ што му давало енергија на НЛО-то но на некој тотално неразбирлив јазик и всушност никогаш нема да дознаеме.
Ех, колку само сакам да има продолжение од филмот или да се дообјаснат повеќето работи или да се видат тие други светови и галаксии или да има продолжение, да, да има продолжение!
Нашиот протагонист се запознава со слатката Сара Џесика Паркер, која ќе се приврзе за него и ќе му помогне да избега од научниците.
По бегството, ќе го запознае својот најдобар другар, кој е една арогантна високо интелигентна вештачка интелигенција и ќе се впуштат во неверојатни авантури!
Ќе летнат 32 километри во висина.
Ќе имитираат крави.
Ќе му покаже life forms од други светови.
Ќе му дозволи да го контролира НЛО-то.
Ќе слушаат музика. Ќе ги слушаат beach boys

И тука доаѓаме до саундтракот, кој е прекрасен. Би издвоил две нумери кои се пуштаат во правите моменти.
Кога бега со РАЛФ
Кога ќе ги пуштат огнометите

Еве, уште од мал сум знаел да забележувам врвен дијалог



На крајот, A.I-то успешно ќе направи тајм травел и Дејвид ќе биде вратен во своето време, и воедно одпоздравен од небото од својот најдобар другар кој можеби некогаш и некаде повторно ќе го сретне.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Old Yeller

Ех, ова е филм што треба да се гледа само во детството. Малку наивничок и „тепачките“ што се дешаваа ептен некако вештачки ми беа вклучени во филмот, иако беа мноооогу реални. Браво, како ги снимале, алал да им е.
Old Yeller е херојче, победи мечка, крава, стадо (?) диви свињи, волк со беснило... но мораше да биде усмртен.
Ама си имаше наследник :)

7/10
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Flight of the Navigator

Филмов значиии! Не ми е јасно како нема поголем recognition, предобар е. Нели, крши мал милион темпорални парадокси ама не е толку битно тоа, зашто за деца е филмов, не се запознаени тие со тоа и воглавно не се замараат кој парадокс бил прекршен и зошто. Кога ќе пораснат ќе гледаат Predestination и ќе научат се што им треба за тоа. Филмов мора да го испофалам за тоа колку брзо ми помина, што вика Злате не трепнав, не оти што има некаков suspense туку многу брзо се гледа стварно. Јас у еден момент требаше да паузирам и мислев као 15 минути се поминати од филмот.... глеам уште пола саат до крај има, њат?! Кога помина филмов си викам... Ликовите ептен лајкабл, посебно Макс :love: Најјак лик у филмот да ти биде спејсшип бе, wicked. И секако врвните one-liners, ене го Анон стаил веќе еден од нив.

David: It's getting dark. That's not right.
Max: No, it's left!


Легендарен хумор. Што да се каже повеќе. Ми се свиѓаше што немаше некои си негативци класични, ќе се согласиме дека насовците не можеме да ги окарактеризираме како лоши, зашто технички само си ја работеа работата и тоа ептен кул работа. Ама многу ми беше смешно на почетокот коа Фарадеј дојде кај Дејвид да го бара за во НАСА и татково му вика Ако Дејвид не сака да оди - нема да оди! Абе дааааа! Така е тоа. Ај може децава ќе проголтаат... мене пресмешно ми беше. Инаку ептен ми се свиѓаше филмов дури и пак би го гледала можеби, не сама, ама за друштво сигурно би го репризирала, е сега..... не можев да му дадам повисока оценка зашто ептен некаков третокласен вајб ми има, ама пак лајкд ит.

7/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Bedknobs and Broomsticks

Филм кој меша повеќе жанрови, чепка повеќе теми, и го прави тоа одлично според мене.
Како бајка ми е филмот, многу си го сакам. Како мал секако најмногу се сеќавав на делот со цртаните ликови кога играат фудбал. И колку сум се плашел кога ќе ги брка лавот...
Не знам што е работата со некои членови овде а и пошироко на кои не им се допаѓа некоја наводна прва половина од филмот, мене ми беше супер од почеток до крај.
Еден од малкуте филмови во кои уживам кога има музика. Цело време се сеќавав дека има некоја сцена во библиотека или нешто слично, многу добра, и кога почнаа да ја пеат Eglantine Eglantine сфатив дека тоа е уствари делот што ми ја направил сцената многу добра.
Глумата е супер, децата се супер, песните се супер, ефектите се супер... сите различни дриблања на животните во натпреварот по фудбал беа супер.

9/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Rookie of the Year

Ех, Хенри со раката. Накај просечно филмче со голем збир на мали пропусти.
Тој мрднатиот што требаше да го тренира највеќе го памтев а најмалку скрин тајм имаше.
Исто она кога им викаше чикен чикен чикен, нани нани нани најсвежо ми беше во сеќавање.

Недовршена приказна со девојчето, со степ фадров...

6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom