Иако не бев во можност да ги изгледам филмовите за месец февруари, продолжуваме понатаму со предизвикот. Месец март комплетиран, се надевам дека ќе успеам понатаму да ги надокнадам филмовите и од претходниот месец.
1. Tinker, Tailor, Solder, Spy - Одличен филм, одлична актерска екипа поготово. Можда малце крајот не беше тоа барем ја што го очекував али далеку дека тоа го прави лош филм. Филм тотално спротивен на Џејмс Бонд и сличните како него филмови си шпиунажа, овдека нема гламур, туку она спротивното параноја дека некој цело време те следи. Ликот на Олдман е предобро напишан, шпиун кој е истовремено и професионално и приватно изневерен од своите во потрага да го најде одговорот. Бенедикт исто многу добро глуми во филмов.
2. The Lives of Others - Морам да признаам, бев еден од оние кој што го немаа гледано филмов. И мислам дека за најдобар филм месецов од предизвиков е токму овој. Сценатио, ликови, карактер се е на најдобро можно ниво. Многу добар филм кој ни го покажува периодот на Германија за време на Берлинскиот ѕид и како им било на луѓето кој живееле таму. Главниот лик е баш она, оригинал шваба. Трансформацијата на ликот е нешто најдобро до сега што го имам видено. Крајот е перфектен.
3. The Conversation - Филм кој што го покажува врвот на паранојот која може да ја има еден човек. Интересно е што и покрај главното дејство на филмот, режисерот ни го покажува животот кој што го живее еден човек што се бави со прислушкувања. Гледаме како паранојата на главниот лик и неговата претходна работа која тргнала на лошо го однела до тој стадиум да не може да оствари никаква врска со ниту едно човечко суштество, да живее во стан со три клучалки, без телефон. Крајот не го очекував, испадна интересен филм.
4. Three Days of the Condor - Се заебав од старт што му пристапив на филмов сериозно да го гледам, али после сцената кога имаше секс со девојката зашто примети дека е осамена поради сликите што и биле тажни реков fuck this shit, заебанција филм, не се замарам и стварно на крај филмот интересен ми испадна. Толку нелогичности, толку клишеа моменти, на моменти и смешно делува. Како на пример, професионален убиец со автоматска пушка влага во стан да го убие и типов што бил цел живот на биро успева да го убие. Како што реков, ако не се сфати сериозно филмов интересен е за гледање.
5. The Good Shepherd - Е ова е филмчиште. Знам дека Минхен е ставен како 5ти филм за гледање во предизвикот, али бидејќи го имав гледано од порано, а избегавам да репризирам филмови се решив за овој и не згрешив. Три саати трае филмов, ама мора толку да трае за да се долови и објасни се убаво што се дешава во филмов, ако трае пократко ќе бидат многу работи изнафрлени и избрзани, нешто како True Detective (малце глупо е што споредувам филм и серија, али мислам дека доколку серијата би имала повеќе епизоди за да се развлече малце дејството би била далеку подобра). Мет Дејмонд гази, улогата на Анџелина Џоли мислам дека и е малце утната, мислам дека со тие големи очи и усти не може да изгледа на депресивна жена, али маче е како и да е така да простено и е. А да, Еди Редмејн, се изненадив кога го видов. Супер филмче.