Не знам дали некој изгледал нешто од филмовиве,
@grande-juve гледам гледал нешто од тие кои ги избрал, но останативе? Јас изгледав 4, по овој редослед:
1.
Intimacy - одлично филмче! Јас го репризирам по трет пат, и морам да признаам дека ми беше подеднакво интересен како и првиот пат. Ми се допаѓа тоа што од сите кои ги гледав, има најпривлечна приказна - разведен тип (Марк Риланс) се вплеткува во секс афера со жена на која не ѝ го знае името, но сепак таа не испушта среда без да дојде кај него по секс. Збрките настануваат кога кај него ќе почнат да се развиваат чувства и ќе сака да дознае нешто повеќе за неа. Направен е според романот со исто име на Ханиф Курејши (еден од моите омилени автори), освојувач на Златна мечка во Берлин и е одличен филм на неколку нивоа. 7/10 од мене, но и препорака секој да го изгледа.
2.
9 Songs - многу лош! Само рандом нафрлани секс сцени, подеднакво експлицитни како и во Love на Гаспар Ное (да, да, со ејакулации, чуда, врагови), надополнети со живи настапи на некои бендови кои не можев да ги поврзам со ништо во филмот. Никаква приказна, премалку време за да се поврзеш со ликовите, воопшто недопадливи реплики... се е некако рандом во филмов. 2/10
3.
Ken Park - е ова ме изненади, да бидам искрен! Филм за животот на неколку тинејџери во дисфункционални семејства: со инцестуозни татковци - педофили и хомосексуалци, со ретардирани мајки кои се е**т со дечковците на ќерките и притоа се споредуваат со нив, со мрднати верски фанатици кои не дозволуваат сопствената ќерка да допре маж пред свадбата итн. Малку морничав, бизарен, гнасен, депресивен и вознемирувачки филм, но далеку од лош, според мене. Ова е на границата помеѓу уметност и ѓубре, според многумина, и многу лесно може да биде оквалификувано како било што од горенаведеното. Режисеров сигурно бил педофил - психопат штом успеал да сними вакви грозотии. Во секој случај, вреди да се погледне, па кој ќе го преживее, ќе раскажува. 5/10
4.
In the Realm of the Senses - култен филм од 1976! Бил забранет речиси секаде. Режисерот дури не можел да ја заврши постпродукцијата во Јапонија, па го довршувал во полиберална Франција, ако не се лажам. Ова е првиот не-порнографски филм кој вклучува приказ на пенис, фелацио и пенетрација. Многу, многу, многу секс! Речиси колку во сите 4 од погоре заедно, но иако е снимен според вистински настан, исто како и првиот пат кога гo гледав, не го сфатив крајот, т.е. не ја сфатив одлуката на главниот лик на крајот. И затоа ми се допадна помалку од Intimacy - 6/10 од мене.
Ми остана уште еден само. Веројатно ќе го довршам неделава, па од наредната - нова тема, овојпат НЕ мој предлог.