@wot , смени во мислењето погоре ОКТОМВРИ 2016, наместо АВГУСТ, не знам како ми се испуштило.
Од октомврискиот предизвик ги поминав баш само тие три за кои и го направив предизвикот: Star Trek. Да не пишувам сега за сите посебно, јас и онака сум noob кога станува збор за Star Trek франшизата, па не можам да споредам со ништо што било снимано и прикажано претходно, а снимен и прикажан е материјал кој не може да се изгледа за цел месец ако гледаш нон стоп, без одење и во тоалет и без спиење. Star Trek одлично ме воведе во овој универзум (8/10), Into Darkness потоа малку ми беше досадничок (7/10), а новиот, Beyond (8/10), повторно одличен, иако како замерка морам да спомнам дека и не беше баш со space travel, зашто поголем дел филмот беше сместен на тлото на една планета, а не во вселената. Ми се допадна како умешно е направен еден нов тајмлајн во кој совршено се инкорпорирани и стариот, и новиов Спок, и како двата тајмлајна не си сметаат еден на друг, па постои можност ова да напредува и во иднина, да се изградат уште еден куп нови приказни и да се откријат уште еден куп нови светови. Ако Star Trek успеа да биде првиот воопшто од франшизата кој освоил Оскар, јас искрено истото му го посакувам (па и предвидувам) и на Beyond кој во секој поглед, барем за мене, беше на нивото од првиот од новиве. Немам што да додадам, едноставно мене ми беа сосема забавни филмови, и од таму и високите оценки, judge me if you like.
НОЕМВРИ 2016 - Pedro Almodóvar
Ноември е месецот на почетокот на Оскаровската трка, онака официјално, со доделувањата на првите филмски награди за годината која изминува. Ноември кај нас е и месецот на Синедејс, па годинава ќе се изнагледаме квалитетни филмови од европската и светската продукција. За да не биде по дифолт темата - Cinedays, се одлучив сепак месецов да му го посветам на идејниот творец, на креаторот на филмскиот фестивал кој за разлика од некои европски држави, кај нас успешно сѐ уште опстојува. Па како што прават и на самиот Cinedays, па и на други фестивали (годинава на Скопскиот филмски фестивал имаше цела програма посветена на Алмодовар), давајќи му признание на еден од најдобрите европски режисери на денешницата, па и воопшто, во историјата, така ќе направам и јас. Во темава веќе имавме еден филм на Алмодовар, ми се чини во септември, кој намерно го оставив за подоцна, па така, сега наместо 5X и 10X предизвици, јас ќе имам 6X и 11X.
Педро Алмодовар е шпански режисер, сценарист, продуцент и поранешен актер. Популарноста како режисер и сценарист ја доживува во таканаречената La Movida Madrileña (Мадридска сцена), контракултурно движење во Мадрид за време на шпанската транзиција по смртта на Франциско Франко во 1975 кое го претставило воскреснувањето на шпанската економија и подемот на новиот шпански идентитет. Неговите први филмови, затоа, вклучуваат теми поврзани со сексот и политичката слобода кои биле доминантни во почетокот на движењето. Во 1986, заедно со својот брат отвара сопствена продукциска компанија, El Deseo (Желба) во која се продуцирани сите негови филмови од Law of Desire (1987) до денес. Својата интернационална слава Алмодовар ја стекнува со црната комедија Women on the Verge of a Nervous Breakdown (1988), номинирана за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје. Филмовите All About My Mother (1999) и Talk to Her (2002) успеваат да се закитат и со Оскар, првиот за филм од неанглиско говорно подрачје, вториот за оригинално сценарио (откако шпанската филмска академија не го номинира за нивни претставник за Оскар за странски филм). По Talk to Her, сите негови филмови биле во конкуренција за Златна палма во Кан. Неговите филмови се карактеризираат со одредени актери кои обично секогаш се нивни декор, комплексни наративи, мелодрама, поп култура, популарни песни, хумор, силни бои и блескав декор. Желбата, страста, фамилијата и идентитетот се темите околу најчесто се плетат неговите приказни. Насекаде низ светот се смета за култен режисер. Има освоено 2 Оскара, 4 Бафта награди, 6 Европски филмски награди, 2 Златни глобуси, 9 Гоја награди, и 4 награди во Кан. Во 2001 му е доделена титула - почесен член на Американската академија на науки и уметности, и добил звање почесен доктор на науки на универзитетите Харвард (во 2009) и Оксфорд (во 2016) за неговиот придонес во уметноста. Основоположник е на филмскиот фестивал Cinedays во 2001, со идеја истиот да се одржува истовремено во сите поголеми европски градови, со цел да се слави европскиот филм низ деновите на фестивалот. За жал, фестивалот пропаднал во скоро сите европски градови, освен кај нас, каде редовно, секоја година се одржува во ноември. Токму затоа ноември му го посветив на Алмодовар.
Повторно ве повикувам да ми се придружите во предизвиков, верувајте дека не одзема многу време, а кога има некој да ме дружи, и јас сум помотивиран да го завршам до крај.
Филмовите кои ги избрав за месецов се:
1. La ley del deseo / Law of Desire (1987)
2. Todo sobre mi madre / All About My Mother (1999)
3. Hable con ella / Talk to Her (2002)
4. Volver (2006)
5. Julieta (2016)
Плус, од септември 2016:
6. Bad Education (2004)
А за extended предизвикот:
7. Mujeres al borde de un ataque de nervios / Women on the Verge of a Nervous Breakdown (1988)
8. ¡Átame! / Tie Me Up! Tie Me Down! (1989)
9. Carne trémula / Live Flesh (1997)
10. Los abrazos rotos / Broken Embraces (2009)
11. La piel que habito / The Skin I Live In (2011)
Плус, ако успеам, во што не верувам, ова се и останатите на Алмодовар:
12. Pepi, Luci, Bom y otras chicas del montón / Pepi, Luci, Bom (1980)
13. Laberinto de pasiones / Labyrinth of Passion (1982)
14. Entre tinieblas / Dark Habits (1983)
15. Que he hecho yo para merecer esto / What Have I Done to Deserve This? (1984)
16. Matador (1986)
17. Tacones lejanos / High Heels (1991)
18. Kika (1993)
19. La flor de mi secreto / The Flower of My Secret (1995)
20. Los amantes pasajeros / I'm So Excited (2013)
Ова е листа на letterboxd на која ќе може да го следите предизвикот и ако се приклучите подоцна да фатите чекор со останатите:http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/5x-film-challenge-kajgana/
А ова е листата со EXTENDED CHALLENGE-от со по 10 филма секој месец. Листата може да ја најдете овде:
http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/10x-extended-film-challenge-kajgana/
Па, happy Cinedays!