Booking.com

  • Креатор на темата Креатор на темата Usko
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќе пати го имам користено booking.com за резервирање. Некогаш веднаш повлекувале пари, а повеќе пати не. Во тој случај сум плаќал во хотелот последниот ден. Тогаш ме прашуваат дали да повлечат пари од таа сметка (картицата што сум ја внел при букирањето) или ќе платам со друга картица или во кеш ќе платам. На едно место дури ми имаат нудено попуст од 5% или 10% за плаќање во кеш.

А за откажување на резервацијата, незнам точно, ама мислам дека ако во тој момент немаш пари, мислам дека ке ти стојат некако како резервирани средства и со секое наредно ставање на пари на сметката први ќе ги повлекуваат додека не ја наплатат цела сума.

По грешка резервирав на non-refundable cancellation и сега ми стигна маил од booking дека хотелот не може да ми наплати, доколку не им пишам меил во рок од 24 часа ќе може да ми ја откажат резервацијата. За откажување се наплаќа целосниот износ. Јас пишав број од картичка за плаќање на интернет, не ни ми побара да ги пишам 3 броја одпозади нити ништо. На сметка има 950 денари. Доколку им речам да ја откажат резервацијата, дали ќе ми наплатат целосниот износ (200 euro) или дали може да одам во банка да ми ја откажат картичката т.е. дали ќе може или ќе стои како долг да има па нема да може. Може ли банката да ме гони па да мора да ги платам?
Напоменувам, по грешка беше јас само сакав да резервирам, без да прочитам дека е non-refundable cancellation си резервирав :(
Има ли некој што знае како одат тие работи да ми каже што како понатака
 
izvadi si nova karticka i izvadi gi site pari(950denari) sto gi imas na momentalnata i zatvori ja
 
Еднаш имам го имам користено сервисов, во шпиц на сезона најдов хотелче со една слободна соба, ептен ми беше шубе пошто не се плаќаше ништо однапред ама кога стигнавме немаше никаков проблем, собата беше таа т.е. најдобрата во хотелот. Ми наплатија кога си одевме иако јас морав да го потсетам менаџерот дека не сме платиле а не ни памтеше колку денови сме биле ама не ризикував :-)
 
Направив резервација на хотел преку booking пред 2 недели "pay when you stay, no deposit required". Денес ми ги резервирале средствата од картица со образложение дека се refundable. Една пријателка ми кажа дека и се случило истото платила во хотел и потоа чекала уште 2 недели да и ги ослободат средствата. Има ли некој вакво искуство?
 
Малку касно ти одговарам но се надевам дека го реши досега случајот.
Ако не...пиши им и објасни им, ќе добиеш одгово за многу кратко време.
Јас имам резервирано под истите услови кои ги наведе 3 различни апартмани кои ми се во игра(со истата картичка) па еве со неа си работам нормално, нема резервиран износ. Види пак да не пишува дека одредена сума резервираат/наплаќаат(обично како трета ставка е кај условите)
Јас лично немам вакво искуство ама познавам луѓе на кои им се случило истото. Парите им ги ртезервираа, тие кога отидоа таму платија во кеш а картицата им беше одблокирана по некој ден.
 
Ме изнервираа многу денес.

Им ги имам користено услугите и ептен ги поштувам што имаат многу соби кои можеш да ги платиш кога ќе стигнеш и све то. У главном, резервирав денес соба, арно ама сум немал пари на картичката моја и ми стигна мејл дека ми е одбиена и дека имам 24 часа да внесам друга картичка на којашто има пари. Арно ама, таа бек-ап картичка ми е Maestro, а на букинг нема опција воопшто Маестро да одбереш, додека пак, хотелот во којшто сакам да престојувам работи и со Маестро.

А исто така не ми е јасно, зошто воопшто да морам да имам пари на картичката ако и онака би платил кога ќе стигнам таму!
 
Има негде на странава контакт инфо од газдите на апартманите?
Бендисав еден апартман во Барселона и сакам да го букирам за 3 дена ама нигде нема контакт инфо, сакам нешто да го прашам газдата (првпат букирам на странава).
http://www.booking.com/hotel/es/hos...YSDNiBW5vcmVmaJMBiAEBmAExuAEEyAEE2AED6AEB-AEC
 
Можеш да прашаш откога ќе букираш, не даваат мејлови и контакт адреси пред букирањето оти се губи смисолот на booking.com и провизијата која ја земаат ако ти си се договориш со газдата директно. На пример, за апартман во Грција кој го резервирав директно со сопственикот преку неговиот сајт, без банка да му платам само на чесен збор добив за јули цена од 60еур/ноќевање додека на букинг.ком стои за истиот период 90 еур/ноќ, за истиот апартман.
 
Ме изнервираа многу денес.

Им ги имам користено услугите и ептен ги поштувам што имаат многу соби кои можеш да ги платиш кога ќе стигнеш и све то. У главном, резервирав денес соба, арно ама сум немал пари на картичката моја и ми стигна мејл дека ми е одбиена и дека имам 24 часа да внесам друга картичка на којашто има пари. Арно ама, таа бек-ап картичка ми е Maestro, а на букинг нема опција воопшто Маестро да одбереш, додека пак, хотелот во којшто сакам да престојувам работи и со Маестро.

А исто така не ми е јасно, зошто воопшто да морам да имам пари на картичката ако и онака би платил кога ќе стигнам таму!

Ти пиши дека картичката ти е гаранција, пример ако откажиш неколку сати или денови пред checkin ќе ти наплатат одредена сума. Друга опција ти е да откажиш преку букинг и да си ресервираш дирекно преку хотелот. Но скоро насекаде ќе ти бараат гаранција.
 
E zavrsiv so ova odamna, fala u sekoj slucaj.

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 
Како функционира ова booking-ов? Нигде не ми побара број од сметка. А за откажување на аранжманот вика дека се плаќа 80 евра. Јас ако не отидам како ќе ми ги земат тие пари? И од кај да бидам сигурен дека кога ќе отидам собата нема да биде зафатена?
 
Ако еднаш си внесол број на сметка од истиот акаунт, сајтот го меморира и при откажување после рокот од таа сметка ќе си повлечи пари. Ако ти е нов профилот и ова ти е прво букирање, а не ти побарал број на сметка да внесеш тогаш навистина не знам зошто.
Инаку обично на букинг резервираш и после во хостелот и сл., каде што си сместен плаќаш непосредно било во кеш или со картичка.
Со резервацијата на букинг собата сигурно нема да биде зафатена. Кога во Источна Европа сѐ функционира како што треба преку букинг, тогаш ако одиш на запад верувам посредено и попрофесионално е. :)
 
И јас да си прашам, ист проблем како циге, прво резервирање преку сајтов и не ми зедоа инфо за кредитна картичка, а букирањето ми е non-refundable. Не дека нема да појдам јас во резервираниот термин па ми е страв дека ќе ме тужат, но зошто би функционирало ова вака? Има некој исто искуство?
 
Јас резервирав за во Белград и иако требаше да се плати за резервацијаат никој ништо не ми побара па кога отидов, платив на лице место во кеш. Вајда на тие што издаваат им се исплати да ризикуваат да не дојдеш ама да им дадеш кешче на рака, за да не плаќаат вајда даноци и провизии
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom