Точно така!Секогаш кога барам хотел, првин проверувам на booking, а кога ке го изберам хотелот, секогаш проверувам дали хотелот има своја интернет страна, зашто некогаш може да се начека за 10-тина посто поевтини цени таму![]()
Повеќе пати го имам користено booking.com за резервирање. Некогаш веднаш повлекувале пари, а повеќе пати не. Во тој случај сум плаќал во хотелот последниот ден. Тогаш ме прашуваат дали да повлечат пари од таа сметка (картицата што сум ја внел при букирањето) или ќе платам со друга картица или во кеш ќе платам. На едно место дури ми имаат нудено попуст од 5% или 10% за плаќање во кеш.Пред некој ден резервирав соба и ми побара податоци за картица да внесам, па ги внесов од Visa дебитна што имам, ама празна е, нема пари на неа. Очигледно оти не требаше уплаќање на депозит.
Е сега, ме интересира како ќе биде плаќањето таму кога ќе стасам, дали мора со истата картица да платам? И друго нешто, гледам дека за откажување на резервацијата после некој си рок таму, наплаќаат одредена сума. Што би наплатиле од кај мене, во случај да откажам, кога ми е празна картицата?
Booking.com ти е најголемиот сервис во светот за резервација на хотели и ти прашуваш кој ќе ти гарантира?! Исто како кога порачуваш книга од Амазон и да прашаш кој ми гарантира дека навистина ќе добијам тоа што сум го платил. Сигурно е 100% плаќањето, имаш и многу добра грижа за корисници. Еднаш ми резервираа пари на сметката (не ги наплатија) ги контактирав да видам што е работата, тие веднаш ги контактирале во хотелот и ми ги одблокираа парите, иако требаше да си стојат резервирани како гаранција за резервацијата.Разгледував хотели на booking.com и решив да букирам, внесов податоци, и кога требаше да внесам број од кредитна картичка си помислив а кој и како ќе ми гарантира за тие 700 евра. Дали е можно кога ќе стигнам таму да ми речат дека јас немам резервирано ниту платено. Дали е можно да бидам измамен? Како ќе имам јас доказ дека сум платил?