По грешка резервирав на non-refundable cancellation и сега ми стигна маил од booking дека хотелот не може да ми наплати, доколку не им пишам меил во рок од 24 часа ќе може да ми ја откажат резервацијата. За откажување се наплаќа целосниот износ. Јас пишав број од картичка за плаќање на интернет, не ни ми побара да ги пишам 3 броја одпозади нити ништо. На сметка има 950 денари. Доколку им речам да ја откажат резервацијата, дали ќе ми наплатат целосниот износ (200 euro) или дали може да одам во банка да ми ја откажат картичката т.е. дали ќе може или ќе стои како долг да има па нема да може. Може ли банката да ме гони па да мора да ги платам?Повеќе пати го имам користено booking.com за резервирање. Некогаш веднаш повлекувале пари, а повеќе пати не. Во тој случај сум плаќал во хотелот последниот ден. Тогаш ме прашуваат дали да повлечат пари од таа сметка (картицата што сум ја внел при букирањето) или ќе платам со друга картица или во кеш ќе платам. На едно место дури ми имаат нудено попуст од 5% или 10% за плаќање во кеш.
А за откажување на резервацијата, незнам точно, ама мислам дека ако во тој момент немаш пари, мислам дека ке ти стојат некако како резервирани средства и со секое наредно ставање на пари на сметката први ќе ги повлекуваат додека не ја наплатат цела сума.
Напоменувам, по грешка беше јас само сакав да резервирам, без да прочитам дека е non-refundable cancellation си резервирав
Има ли некој што знае како одат тие работи да ми каже што како понатака