50 евра за плукање на улица!

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Полицаец не го почитува законот за јавна чистота, тој треба да е пример како да се однесуваме, вчера седам во паркчето кај мене и гледам џандар си пуши цигара, и ја фрли на земја, си влезе во кола и си замина. Џабе е се, за нив не важи тоа, нека не ми кажуваат "законот е еднаков за сите".
 
Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Ова е глупав закон, исто како и тој за забрана на алкохол после 19, ама се решиле нешто западни закони да воведуваат и баш најглупите и најнепотребните ги воведоа.

Има една интересна случка во врска со законов што ја слушнав деновиве...
Еден тип (другар на другарка) се симнал од автобус во Куманово и извадил еден шлајм драчевски мрсен... Му дошол џандар и му рекол:
-Шо праиш бе?
-Епа ништо, ете, се случи...
-Се случи, а?-земал џандаров залет и искорнал од петици уште побесен шлајм и му го залепил пред нозе.-А сеа?
Дечково вика: Ништо, сеа сме 1-1.
Џандаров извадил уште еден шлајм, р`кнал пак и му рекол: Сеа сме 2-1, да не сум те видел пак да ркаш. :icon_lol:

Наравоучение: ете колку е функционален законов, а богами и полицијата... :icon_lol:
болдираното ме насмеа:pos2::pos2:
иначе законов добар е ама треба да се постават и канти......низ драчево не се занимаваат џандариве многу со законов а па кај нас тука ич немаат пристап:pos2:
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
49
Поени од реакции
0
бтв со овој закон за плукање се глеа колку иаме домашно воспитание и колку сме свесни...алооо до кај стаса државава за плукање закон да се плаќа казна....дефинитивно не ни требаше овој закон
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Бајруш ќе плати 50 евра оти плукнал кога го апсеа

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] На тутунскиот бос Бајруш Сејдиу од Куманово, кој минатата недела беше уапсен за злосторничко здружување и нелегално производство на 15 тони цигари, вчера му е поднесена и прекршочна пријава за дело предвидено во Законот за јавната чистота.
Тој прекршочната пријава ја заработи оти при спроведување од полициското комбе во Судот плукна на јавна површина, за што, според Законот, е предвидена парична казна од 50 евра.
На Сејдиу останува да одлучи дали ќе ја плати казната во кеш или, пак, ќе прифати општо корисна работа во затворот во Шутка каде што моментно се наоѓа.
[/FONT]

:pos:
го очекував ова зашто плукна пред полно полицајци ама не ми е јасно зашто одма не му пишаа казна:icon_lol: но добро државата сега од него ќе земе милиони евра им дошло до 50те евра за јавна чистота како да не.

бтв со овој закон за плукање се глеа колку иаме домашно воспитание и колку сме свесни...алооо до кај стаса државава за плукање закон да се плаќа казна....дефинитивно не ни требаше овој закон
Зашто да е глуп законов?
Па мене ми се гади кога ќе видам луѓе како плукаат по улица.
На што личи тоа да плукаме кај ќе стигнеме и да фрламе се и сешто на улица?
Тука кај нас гајле ни е кај ќе фрлиме, а зашто сите кога ќе отидеме во странство сите сме фини и добри и културни. Можеме и во сопствената држава така да се однесуваме.
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
49
Поени од реакции
0
Тоа треба да имаш домашна култура на шо личи бе на секој чекор има некој отпадок и на секој чекор плукаат али не требаше закон за тоа да се донесе ...али нивно право не им се мешам..:D:D ...со тоа докажуваме каков народ сме..
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Тоа треба да имаш домашна култура на шо личи бе на секој чекор има некој отпадок и на секој чекор плукаат али не требаше закон за тоа да се донесе ...али нивно право не им се мешам..:D:D ...со тоа докажуваме каков народ сме..
Во голем број земји во светот постои закон за јавна чистота нема ништо чудно тука. Време беше и во Македонија да се активира законов.

Домашната култура е едно но санкции секаде мора да постојат.
Мора да постојат норми и прописи покрај кои луѓето ќе се ориентираат и ќе знаат што е дозволено а што не е.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Во голем број земји во светот постои закон за јавна чистота нема ништо чудно тука. Време беше и во Македонија да се активира законов.

Домашната култура е едно но санкции секаде мора да постојат.
Мора да постојат норми и прописи покрај кои луѓето ќе се ориентираат и ќе знаат што е дозволено а што не е.

......но и доволно места каде ќе можеш да го фрлиш ѓубрето/отпушокот од цигарата.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Одамна е пројдено времето за активирање на многу побитни закони за овој народ, ама ете ни трага од нив, важно е дека улиците ќе ни се исчистат исто како што ни ги исчистија новчаниците.
Без гајле, ако вака продолжи економијата ќе се нема потреба од вакви закони......едноставно ќе немаме ништо за фрлање.

Како бе тоа се носат под итно само рестриктивни закони за граѓаните?

Културата??????........зар на 400 000 невработени и вработени со едвај 100 евра плата им дошло до тоа да бидат културни?!?
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Абе мене шо ми се деси...
Идам ја по улица и се закашлав нешо тоа деновиве беше..и ми дое шлајм морав негде да го исфрлам и тука кај холидеј ин исфрлив бајаги плунка која со својата големина тежеше 200 евра...оп скокна џандар у цивилка ми направи ФБИ потег со значката..и ми вика..дечкоо 50 евра...ја среќа у мене имав 100 евра...му ги давам и очекувам кусур...Полицаецов ми вика:...дечки извини вака малку незгодно...ама неам да ти вратам..ај ако може плукни уште еднаш...
и јебига плукнав немаше човекот да ми врати...по пат размислував и си реков...Браво за полицијава...стварно е ко ФБИ
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
......но и доволно места каде ќе можеш да го фрлиш ѓубрето/отпушокот од цигарата.
Точно така, но и таму има места кај што нема канта па како што во странство сум го држела отпадокот во рака неколку метра додека да најдам канта ќе можам и во Скопје и во Македонија така да правам.
Треба да се постават повеќе канти, но сепак не треба тоа биде изрека и оправдание зашто ѓубрето сме го фрлиле на јавна површина. Не може да очекуваме на секој метар канта да има.

Одамна е пројдено времето за активирање на многу побитни закони за овој народ, ама ете ни трага од нив, важно е дека улиците ќе ни се исчистат исто како што ни ги исчистија новчаниците.
Без гајле, ако вака продолжи економијата ќе се нема потреба од вакви закони......едноставно ќе немаме ништо за фрлање.

Како бе тоа се носат под итно само рестриктивни закони за граѓаните?

Културата??????........зар на 400 000 невработени и вработени со едвај 100 евра плата им дошло до тоа да бидат културни?!?
Тоа што сме сиромашна држава, со многу невработени и ниски плати не треба да значи и дека мора да живееме во џунгла и да не внимаваме на хигиената и чистотата.
Навистина 50 евра за да плукнеш, за да фрлиш отпушок, за да фрлиш мастика е премногу ама со тоа треба да не научи да не фрламе отпадоци на јавни места и да не си дозволиме да платиме 50 евра кои и онака ги немаме.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.828
Поени од реакции
5.640
коа плука Чак Норис, полицијата му плаќа 50 евра него :pos: :pos: :pos:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Сите сте стока, мора драстични закони за да станете културен свет.
Значи како велеа, можеш да го извадиш човек од село, но не можеш селото од човекот.
Па пљукаат, пушат, мочаат.. абе се тоа апсана, не само казни.

Овој плукал, друг пушел, трет дркал.
Смејте си се сега и пишете си што сакате, кога ќе ве репнат по џеб, нема да ви текне нешто слично да сторите (освен ако не сте Бајруш).

Дома правете си што ви е по кеиф, кога сте на јавна, т.н.р заедничка, колективна, социјална, комунистичка, површина, не можете што сакате.
Се додека постои држава и постојат закони кои таа ги спроведува, ќе треба да се повините и да ги прифатите.
Ајде натртете се.
 
Член од
26 јуни 2008
Мислења
30
Поени од реакции
5
Koga bi rabotela svesta, ne bi imalo potreba od zakon.
Ne deka drugite drzhavi imaat nekakva svest, tie se ragjaat vo izgraden sistem na vrednosti (reguliran so ogranicuvanja),
koj prechekoruva - plakja kazna. Istoto treba da e i kaj nas.
Ne sfakjam kako mozhe da vi prechi zakonov? (pod pretpostavka deka ne ste dikel koj pluka/urinira/se olesnuva/seksualno opshti po ulici)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Џабе се сите дискусииве на темава кога секој од нас дури не осети на сопствениот грб како боли нема да се поправи. Македончето си е научено да си тера по свое дури не сети стап како мава. Па ко што се вели: еднаш ко ќе се изгориш со млекото и на ладна маштеница ќе дуваш. Секоја чест на исклучоците.
 
Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
За нас не 50, 500 треба да се :) Охрид гледам се множат тие шо чистат, малку по малку, а и да, си се пазиме и ние да не фрламе и плукаме иначе пеевче:vozbud:
Немаме никаков менталитет? Ќе го стекниме со ова.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom