Persons Unknown

  • Креатор на темата Креатор на темата Bibo
  • Време на започнување Време на започнување

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.157
Поени од реакции
4.040
Возраст
35
Денес еден другар ми кажа за серијава (нова е, само 11 епизоди има до сега). Само што ја гледав првата и изгледа ЗАКОН!!!!! Морате да го пробате ;)

Се работи за група киднапирани луѓе кои се однесени на едно запустено место (никој од нив незнае каде се наоѓаат и кој и зошто ги однел таму) и се обидуваат да најдат излез и да откријат како и зошто завршиле таму.... Вака по описов може не звучи многу интересно, туку на нешто веќе видено, ама мислам дека вреди да се види серијава ;)

ЕДИТ: не ми се верува што напишав... Филмот се вика Persons Unknown, незнам од кај го извадив Destination... Има шанси некој модератор да го корегира насловот?
 
мене ми звучи на бледа копија на серијата LOST.
 
мене ми звучи на бледа копија на серијата LOST.
Како може добра и интересна серија да биде бледа копија на некоја лоша серија? :baeh:

Гледај го филмот па после кажи... Ја лично мислам дека нема врска со Лост, и дека е 10 класи подобра од него... Барем не е се фантазија и не се базира се на духови и острови што патуваат низ времето или незнам си што се не...
 
на ова се мисли?

http://www.imdb.com/title/tt1333050/

рано е за давање било какви коментари, додека се на првата сезона
Season 1, Episode 3: The Way Through
Original Air Date—21 June 2010

и после ова, ништо :toe:

ако снимаат, ќе гледаме. :)
 
Како може добра и интересна серија да биде бледа копија на некоја лоша серија? :baeh:

Гледај го филмот па после кажи... Ја лично мислам дека нема врска со Лост, и дека е 10 класи подобра од него... Барем не е се фантазија и не се базира се на духови и острови што патуваат низ времето или незнам си што се не...
Мал совет. Голем процент од членовите на форумов ја сметаат Lost за најдобра серија на сите времиња (me included). Фактот што темата за Lost има 5.538 постови и 177.970 прегледи го потврдува тоа. Затоа подобро внимавај што збориш за (против) неа, а особено не се потребни испади од типот дека таа твојата серија е 10 класи подобра од Lost. Have a nice day :smir:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Не го мислев тоа озбилно, затоа и го употребив то смајли... Тоа ти е ствара на вкус, али у секој случај затоа објаснив дека пред се, предност на оваа серија во однос на Лост е што се базира на логика и реалност, а не на духови и разни си фантазии... Тоа ти е веќе објективен факт, и според мене, предност...
 
Како може добра и интересна серија да биде бледа копија на некоја лоша серија? :baeh:

Гледај го филмот па после кажи... Ја лично мислам дека нема врска со Лост, и дека е 10 класи подобра од него... Барем не е се фантазија и не се базира се на духови и острови што патуваат низ времето или незнам си што се не...

Ауу а ти демек лост цела си ја изглеал па сеа тука продаваш муда за бубрези... ај бе олади, ако не ти се свиѓа лост као концепт не мораш да ја напаѓаш. Серијата беше една од најдобрите што некогаш се прикажувала.
 
О бог да чува, кој ја напаѓа, реков дека според мене ова е далеку подобра серија отколку Lost. Едино што искоментирав за Лост е дека серијата се базира на фантазија, а не на логика или рационалност (што е точно), така да не само одма напаѓај зашто сум рекол нешто негативно за неа. Ако ти не се согласуваш, тоа си е твое мислење, не мора одма да правиш конфликти како сум смеел нешто да прокоментирам против Лост пфффф
И ДА, ја иам изглеано цела серија, на почетокот ми беше многу интересна ама од 5та ли 6та сезона веќе незнам која беше искрено филмот ми отиде у крајност и изгуби смисла...
 
Ок. Серијата Person Unknown е доста добра. Ми се допаѓа тоа што дејствијата и мистериите се одвиваат брзо, имадоста интересна приказна и напната атмосфера.

Што се однесува до споредбата со Лост тука нема логика да се споредуваат бидејќи немаат допирни точки. Единствено што имаат заедничко е што не се од епизоден карактер и што се придвижени од мистерија. Но такво е секое второ шоу што испаѓа во последно време.
 
Добро почна серијава, до кај 6-7 епизода беше одлична. Последниве епизоди некако падна. Се испомешаа. Ај ваљда ќе се вратат во колосек.
 
:pos2:

Edit: секое извинение до серијата, ама не заслужува коментар авторот..
ЛОСТ, 6 сезони и 6 години, ми споредува со one hit wonder-че, како што беше пример рецимо, FlashForward, т.е не споредува, величи над истата базирано на повеќе логика и смисла имала..
 
Слабо серијава, клише да не речам. Имаше една серија The Prisoner со слична тематика, ја прекинав после 2-3 епизоди, а вкупно беа 5-6, а и оваа е исто досадна, ама ќе ја изгледам цела сезона, плус утре е финалето 12+13 епизода. Изгледа само оваа сезона ќе биде, како што беше случајот со Harper's Island.
 
Па не е лоша серијата, ама дефинитивно не може да се споредува со LOST, посебно не со првите две-три сезони кога серијата растураше. И како што кажа kiksuperman утре ќе биде финалето на сезоната (веројатно и последна епизода од серијата).
 
Не ја следам серијава, ама колку што знам 11-та епизода ја има само он-лајн на сајтот на NBC (и тоа е достапно само за во САД) и не знам дали ќе се протне (или се протнала веќе) низ торенти, проверете.
 
Веќе се протнала, бар јас ја симнав пред една недела ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom