Само да ви кажам филмот многу ме разочара, можеби затоа што имав и преголеми очекувања, не знам....И нека не лажат дека немал врска со Алиенс, пошто цел филм уствари служи за да се поврзат алиените, како дошле до контакт со човекот. Еден куп пре идеализирани работи, како: идејата за робот на бродот исто како на Алиен 1/2, тој го заразува едниот доктор, тој одма легнува со женска му, таја одма бремена, одма алиен се раѓа, абе ајде
Па на крај до толку се зголеми, што стана октоподиште огромно, па му се закачи на еден од тие Градителите, па после од него се изведе оној алиенот што го знаеме, црниот, со долгата глава. Па пред да полета тој големиот брод овие се судруваат со Прометеј во него, па има огромна експлозија, паѓаат на земја и докторкава пак се дограбува да влезе во Прометеј и после падот, а него ништо не му фали, нов, чист, сите системи работат
. Имавме впечаток дека стварно филмов е за Градителите и дека ќе се дознаат некакви прашања, одговори. Тие испаднаја никој и ништо. Дали и тие биле нападнати од алиените или пак се и нивни создатели кои заебале некои експерименти, не се дозна
Па и Питер Вејланд требаше подобра улога да има. Џабе го влечкаја на бродот и место да н
апраат муабет со тие Градителите, овај ко се разбуди ги истепа сите, абе
Не знам за вас, мене ми се виде многу замешан филмов. Добро почна, лошо заврши. Си зел Ридли Скот делови, шеми од стариот филм за да си направи нов во 3Д. Филм на годината, my ass