30 Day Movie Challenge

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
14: филм од твојот омилен режисер

Love
Не е тажното смајли толку за порничот, колку што е за линкот кон летербокс. Наслов на филм треба да води на имдб. :toe:
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
ден 14: филм од твојот омилен режисер

Stanley Kubrick

Guillermo del Toro

Mel Gibson

Martin Scorsese
ги има премногу,но Shutter мислам му е underrated

И Frank Darabont кој ретко режира но сеуште држи број 1 на имдб со Тhe Shawshank Redemption

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
14. Филм од твојот омилен режисер

Ако сликите се визуелна репрезентација на светот кој го опкружува еден човек и човекот како визуелно суштество е способен да ги разбере сликите, тогаш филмот е јазикот на сликите. Филмовите се дела на многу луѓе и цели тимови, но режисерите се креативната водечка сила при создавањето на еден филм. Филмовите на различни режисери можат да бидат ставени во сопствена група или категорија на филм, бидејќи филмовите на тие различни режисери формираат одредени патерни во однос на различни параметри на филмот како што се: приказна, боја, светлина, движење на камера, специјални ефекти, сценографија, костимографија итн. Нема конкретно да пишувам само за филмовите од моите омилени режисери кои ќе ги предложам тука, туку генерално за патерните кои можат да се сретнат во нивните филмови, кои дури и можат да се наречат артистички белези кои што режисерот и свесно ги потенцира понекогаш. Филмовите кои ги одбрав, не сите ми се омилените филмови од режисерите, туку за некои од нив сметам дека се запоставени или потценети на некој начин од пошироката публика.

1. Mother! - Дарен Аронофски

Во филмовите на Аронофски главните ликови се тие што го завземаат централното место. Неговите филмови можат да бидат наречени дури и дневник на карактерот кој што го развива преку филмот. Преку филмот го гледаш токму тоа што карактерот го гледа. Кога карактерот истражува ново опкружување или искусува нова состојба на свеста, камерата секогаш го следи одблиску од перспектива на тоа што карактерот го има пред себе, пример Mother, Wrestler, Black Swan, Pi. Кога карактерот искусува болка, тага или било каква емоција камерата е фокусирана на неговиот лик и го дава во крупен план односно неговото лице завзема центално симетрично место во кадарот, најдобри примери Реквием за еден сон и Фонтаната. Кога некое важно дејствие се одвива во моментот или карактерот има интеракција со некој предмет камерата наизменично се менува од акцијата/предметот до лицето на карактерот и неговиот израз во моментот. Гледачот ги слуша и најтивките звуци и шушкања кои карактерот ги слуша кога карактерот е сам да речеме, гледачот слуша дури и тоа што карактерот чувствува и мисли, пример Black Swan. Музиката која што гледачот ја слуша во филмовите е буквално звучна интерпретација на главниот лик од филмот, музиката е одбрана или продуцирана по теркот на ликот кој што веќе го има создадено во својата глава Аронофски. Потполно ист е случајот со продукцискиот дизајн или сценографијата која претставува ехо на личноста која се обработува без разлика дали се работи за место на живеење, работно место итн. Инаку кога сме кај продукциски дизајн, она што го направи со Мајка, односно како ја зема куќата како дом за човекот метафорички гледано, создаден од Бог и Природата, е една од најгенијалните идеи кои сум ги видел на филм.
А какви се ликовите на Аронофски? Неговите ликови се опсесивни личности кои обично имаат некоја цел за исполнување и во таа намера нема да застанат дури и по цена на сопствениот живот. Оваа особина кај неговите ликови буквално се провлекува во сите негови филмови, почнувајќи од Пи, завршувајќи со Мајка.

2. Barry Lyndon - Стенли Кјубрик

Објективно земено, можеби најголемиот режисер кој некогаш снимал филмови. Неговите филмови се често завиени во вел од нејаснотија и се енигматични за крајниот гледач. Дијалогот помеѓу личностите никогаш не бил главниот медиум преку кој Кјубрик сакал да ја испрати својата порака до публиката. Неговите идеи околу некои општестевни појави тој ги преточува во филм на не толку очигледен начин обидувајќи се да креира визуелно искуство за гледачот притоа користејќи се со многу симболизам во целиот процес.
Во филмовите на Кјубрик приказната не ја движат само личностите и нивните интеракции помеѓу себе, приказната е раскажана и од опкружувањето во кое се наоѓаат личностите: облеката која што ја носат, светлината, бојата на светлината, бојата на ѕидовите, бојата на облеката, мебелот и различните реквизити во просторијата, големината на просторијата итн. или јас лично би ја нарекол како композиција која режисерот ја креира иако си има и име - mise en scène. Многу малку од режисерите и денес би можеле да му парираат на Кјубрик кога станува збор за mise en scène, таква опседнатост со детали и ретко се среќава, детали како одредени симболи кои треба да се појават во кадарот или некаков наслов на книга кои од прво гледање и не се очигледни за гледачот но можеби потсвесно му влијаат.
Или да го земеме Eyes Wide Shut, во секоја сцена од филмот, освен сцените од замокот, има новогодишни/божиќни сијалици се со цел за да се креира чувство на место кое е повеќе дел од имагинацијата и соништата отколку реалноста, или сцената каде Том Курз пешачи е всушност снимена во студио, а Том Круз е снимен пред екрани на кои во позадина оди снимка од улицата по која всушност Том Круз оди во филмот, се со цел да гледачот добие чувство на одвоеност на Том Круз од целата околина во позадина. Исто така познат е по тоа што одредени типови на бои користи во одредени случаеви кога сака да индуцира одредено чувство кај гледачот. Па така да речеме црвената боја ја асоцира со опасност, зелената со смрт и раѓање како боја на природата, плавата боја ја асоцира со некаков тип на грев или злодело кое треба да се случи во сцената, виолетовата со искушение, жолтата ја асоцира со состојба на раскош и грандизоност (пример дворецот од Shining и куќата на неговиот богат пациент од Eyes Wide Shut), портокаловата со војна и уништување. Кога го снимал Barry Lyndon, инаку филм за кој можам да кажам дека е искуство еднакво на читање на роман, перфекционизам до најситни детали, од дијалози до костими, филмот е доста живописен со прекрасни бои и си викаш во себе човеков да беше уште жив и да можеше да располага со денешна технологија на снимање ќе креираше невидени ремек дела. Инаку кај застанав, кога го снимал Barry Lyndon има една сцена каде играат карти навечер во замок и во просторијата има само свеќи и никакво друго осветлување поради што лицата на актерите не биле доволно видливи. Човеков побарал од НАСА да му изработат специјален тип на леќи за камера кои ќе можат да ги прикажат лицата на актерите во услови на полумрак. Кога станува збор за звукот, во Одисеја 2001, во вселената и нема никаква музика да речеме, а и генерално музиката е сведена на минимум, освен во сцените со монолитот, додека во Eyes Wide Shut за време на оргијата во замокот оди романска црковна молитва пуштена наназад, како начин да се исмева Господ. Симболизмот владее во неговите филмови.

3. Climax - Гаспар Ное

The twisted mind of Gaspar Noe. :) Приказната на Гаспар Ное е многу едноставна, нема приказна. Неговите филмови се есенција на страст и психоделија, неговите филмови се мрачни, неговите филмови се атмосферични, неговите филмови се трипање навечер под сијалици на пуста улица, неговите филмови се флаша рандом алкохол со конобарката што те служи и секс у вц, неговите филмови се воајерски, неговите филмови можат да бидат садистички, неговите филмови се искуства. Не можам ниту да замислам поинакви да му бидат филмовите ако се знае дека сите му се снимани под дејство. Да видам спот сниман од Гаспар Ное веднаш ќе познаам дека е негов. Неговиот кинематографски стил е преточен во ова едноминутно видео, не знам дали тој го снимал или е трибјут кон него, но видеото вришти со Гаспар Ное

Климакс е доста атмосферичен филм, буквално во првиот саат од филмот се осеќаш ко да си излегол на некоја дешавка со друштво. Се е толку спонтано и толку природно што чувството е далеку од тоа кога гледаш конвенционален филм. Актерите во филмот и не се актери, туку танчери, и ми е чудно како однесувањето им е толку природно пред камера. Билдапот е страшен, го чувствуваш набојот во филмот, ко горење на фитиљ пред да пукне. Поистрипан му е и од Enter the void. Зградата во која е снимано, светлината, боите, фактот што мислам дека се е снимано во еден тејк, барем делот со кулминацијата, движењата на камерата кога работите стануваат интересни. Уникатно доживување е.

Ова е ко музичко видео исечено од филмот.

Климакс му го рангираат ко најдобар филм и мислам доби награда на кански фестивал за режија, и е сниман по вистинска случка која се случила во 90 ти години во Франција. Доста сличен на тој му е и последниот Лукс Атерна кој што му го гледав пред некој ден, добра поента на крај, какво хаотично дејствие. Инаку ако му ги рангирам филмовите јас лично

1. Enter the void
2. Love
3. Climax
4. Irreversible
5. I stand alone

Lux Aterna не е долгометражен и заради тоа не го ставам во листа, трае 55 минути и е со предупредување да не го гледаат епилптичари ради визуелните ефекти и трепкачката светлина.

4. Aliens - Џејмс Камерон

Можеби не е најсуптилниот и најартистичкиот режисер, но е режисер кој ги има направено двата најуспешни филмови во историјата. Дали тоа значи дека Камерон знае како да прави пари? Не, Камерон знае како да прави возбудливи филмови, остатокот си доаѓа сам по себе. Неговите филмови се големи и скапи, неговите филмови вклучуваат огромни продукциски сетови, неговите филмови имаат приказна која му е јасна на гледачот и гледачот знае што секој од ликовите прави во филмот. Сега читам дека ќе правел револуција на CGI во вода, недоволно истражена територија до сега. Има неверојатна способност да гради цели светови кои делуваат грандиозно, па дури и еден Титаник ако го гледаш, без разлика колку и да делува приказната чизи, сцените каде се прикажува тонењето на бродот со толку многу луѓе на него, едноставно ти го одземаат здивот. Барем јас не бев видел такво нешто до тогаш. Друг пример е Aliens, можеби најдобриот сај фај хорор снимен било когаш. Човеков како ја изгради колонијата од рудари на планетата Ахерон и како ја претстави планетата, како влажно, студено и токсично место на кое по одреден несреќен настан ксеноморфи почнуваат да ги превземаат колониите, да ги претвораат во гнезда и да ги убиваат луѓето, што беше предуслов за лансирање на нова линија на стрипови на Дарк Хорс на кои сум голем фан и кои се надевам дека ќе бидат екранизирани наскоро. Тоа е убавината во неговите филмови, покрај тоа што изгледаат многу добро, неговите херои преживуваат, не победуваат ко во Мервел филмовите, тоа е таа нишка на возбуда и неизвесност кои ги прават неговите филмови доживување. Иако човеков е фокусиран на Аватар веќе догледно време и на тоа и ќе остане веројатно, па и 90% од ефектите кај Аватар се CGI, сеуште мислам дека е цар кога станува збор за практични ефекти и мислам дека е најдобриот режисер на акциони филмови, како и филмови кои вклучуваат акциони сцени. Човек кој не само што има намера да направи успешни филмови, туку со неговите филмови и ја менува кинематографијата, неговите филмови се авантгарда и се револуционерни.

5. Blade Runner 2049 - Денис Вилнев

Мојот најнов додаток во листата на омилени режисери, доколку не беше тој осеќам ќе беше или Триер или Дамијан Шазел. Приказната во неговите филмови скоро секогаш е барање на одговори, ликови кои трагаат по одговори, ликови кои трагаат по својот идентитет, ликови кои одат во непознатото (Arrival, Sicario, Prisoners, Blade Runner, Incendies). Стилски е доста версатилен режисер во споредба со претходниците за кои пишував. Она што заприметив е тоа што за да долови некаков амбиент во некоја сцена или на некоја локација, кај него во таа сцена пребвладува една боја. Така е и во Блејд Ранер, жолтата боја и сцените со Харисон Форд., потоа дистопискиот ЛА мислам и сината боја, маглата и снегот. Многумина се жалеа на недостаток на експозиција во Дјун и Блејд Ранер, но Вилнев тоа го надополнува со тоа што ни ги покажува световите кои ги изградил. Кога гледаме панорама на ЛА од неговото летало гледаш огромни полиња со сончеви колектори и сфаќаш дека сончевата светлина станала главен извор на енергија и такви слични слики кои го доловуваат животот на човекот во иднината. Што се однесува до звукот во неговите филмови, често насоката на расположението кај гледачот ја диригираат разни амбиентални, атмосферични звуци кои обично ги спојува со саундтракот кој оди во сцената, се со цел да го потопи гледачот со светот кој ни го прикажува. Во моментов ми е најдобар мејнстрим режисер и се надевам дека ќе сними уште доста sci fi филмови кои ќе претставуваат гозба за очите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
ден 14: филм од твојот омилен режисер

Немам поим кој ми е омилен режисер. Барав начин на IMDB или LB или некој друг сајт, преку оценките за филмовите да откријам кој ми е најдобро оценет - без успех. Ако некој знае некој начин, нека каже. До тогаш, ете, прв на кој ми текнува а не памтам дека сум гледал негов лош филм: Дарен Аронофски, и секако, ремек делото:

1642272053495.png

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.669
Поени од реакции
10.062

Браво!
Благодарам за деталната рецензија и запознавањето со работата на овие, за мене, помалку познати режисери.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Ден 14: филм од твојот омилен режисер

Ни јас не знам кој е мојот омилен режисер, ни дали воопшто имам. Но многу ми се допаѓаат филмовите на Теренс Малик. Неговите филмови не ги гледаш, туку ги искусуваш, естетско ги задоволуваат визуелните и аудитивните сетила. Темите што ги обработува се претежно егзистенцијалистични; тематики од типот на раѓањето, смртта и сета реалност измеѓу па и онкрај реалноста.
После гледањето на The Tree of Life или A Hidden Life не можеш да останеш рамнодушен. Посебно ми се допадна Voyage of Time за кој, не би рекла дека е типичен филм туку претставува баш она од насловот: патување од почетокот на светот, микро и макро прикази на се' што постоело и постои. Knight of Cups те прави да размислуваш за својот живот, за своите постапки, за постапките што си ги направил и за оние што допрва треба да ги направиш. Сите филмови на Малик се зачинети со мелахолија, со некаква носталгија по нешто неконкретно, нешто апстрактно. И кога на тоа ќе ја додадеш неговата прекрасна кинематографија добиваш нешто длабоко. Нешто што - како што убаво кажа еден човек за Малик и неговите филмови - или ќе допре до тебе или ќе те натера да заспиеш. Помеѓу нема.

Последно го гледав Another Earth (2011) од режисерот на I Origins и иако овие два се единствените филмови што му ги имам изгледано (од вкупно 4), чувствувам дека ќе ми се допаднат и останатите два, со оглед на тоа дека обработува прилично иста шема како што обработува во оние погоре. И самиот во едно интервју си кажа дека е голем ентузијаст за науката и инспириран од неа ги пишува своите филмови. Тематиката во Another Earth е веројатноста на постоење на паралелен универзум и сите наши прашања што доаѓаат следствено со тоа.

The last but not the least, филмовите на Фелини! Тој ти е како Микеланџело во ренесансната архитектура! Класика!

Веќе сте ги спомнале но да не останам без нив - тука ги вбројувам и Тарантино и Спилберг.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
ден 14: филм од твојот омилен режисер

Sleepy Hollow (1999)

Кристина Ричи е маченце во филмов. И Џони Деп исто. Визуелно е многу убав како и останатите филмови на Бартон, нели класичен Burtonesque филм. Дени Елфман е композитор како и во сите други, и мене лично многу ми се допаѓа звукот што му го дава на универзумот.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.390
Ден #15 филм кој толку е лош што е смешен

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
ден 15: филм кој толку е лош што е смешен

Manos: The Hands of Fate - со другар специјално глеавме 3-4 најлошо оценети филмови за да се смееме, ама само Манос успеа да насмее

И нормално The Room, го гледав после Disaster Artist

Kajgana Shop

На врв Bottom