ден 9: филм со кој се поврзуваш лично
Amélie (2001)
Without you, today's emotions would be the scurf of yesterday's.
Амели нема што нема, ама тоа што Амели го има а другите го немаат е душа. Филм со душа. Филм што гушка. Покрај тоа што Амели гушка, исто така има и магична кинематографија, естетиката на Амели е на највисоко ниво и скоро секоја сцена е поколиритна и поволшебна од претходната. Но магијата не застанува тука. Хуморот е пресладок, а каде без да спомнеме и за еден од најкултните филмски саундтраци? Амели има се. Но пред и после се, Амели е безнадежен романтичар во најромантичниот град во светот.
Летово имав прилика да го посетам локалот Две Воденици, кафичот каде што работи Амели. Се наоѓа не-толку-збутан на Монмартр и патот дотаму е угорница. Никогаш во животов не сум се чувствувала толку полетно и лесно, како кога ја прелетував калдрмата до Двете Воденици. Да се седи во Двете Воденици за мене беше исто како да сум била на Месечината, па и подобро. Кафичот е автентичен но има и многу тракатанци од филмот, како постери потпишани од Одри Тоту, џуџето што патуваше низ светот и слично. Си ветив дека Двете Воденици ќе ги посетувам при секое одење во Париз. Двете Воденици се мојата Ајфелова Кула, а Гар де Лион мојот Лувр.