Max Legend
The black swordsman
- Член од
- 27 септември 2010
- Мислења
- 4.339
- Поени од реакции
- 6.479
- Возраст
- 41
- Локација
- Somewhere in Midland
До бројот на жители ли е???
Индија и Кина се држави со четирипати поголем број на жители од САД. Индонезија е скоро колку САД. Па кога се дешавале таму вакви масакри???
Во Кина за жал има слични масакри. На пример човекот кој убивал деца во градинка. Патем, не се само школски масакри проблем таму, има и други негативни психички феномени кои земаат се поголем замав, како на пример апатијата кај луѓето да не им помагаат на жртви (случајот со детето прегазено од 2 коли, никој не помага, освен еден случаен минувач, ама веќе е предоцна).
Од Индонезија повеќе доаѓа до израз верско насилство.
--- надополнето: 15 декември 2012 во 18:13 ---
Најголем фактор е тоа што американците уште од раѓање се психопати, душевно болни, монструми и за таа болест лек нема...
Сериските убијци во САД се најповеќе Белците. Додека Црнци - сериски убијци се во многу помал процент од нив...
Што ги тера да бидат психоси од раѓање? До гените ли е или нешто друго?
Сериски убијци не се САД ексклузива. И ние можеме да се "пофалиме" со такви. Како кичевскиот убиец кој не играл компјутерски игри, не слушал хеви метал, не се дрогирал, па пак станал психо.