26 убиени при напад на основно училиште во САД

  • Креатор на темата Креатор на темата white_eagle
  • Време на започнување Време на започнување
Поради што секоја будала има огнено оружје ќе мора секој да се вози во оклопно возило на улица а поради тоа што секој ќе има оклопно возило ќе мора секој да купи против тенковско оружје...:D
--- надополнето: 15 декември 2012 во 15:59 ---

Поради што секоја будала има огнено оружје ќе мора секоја да се вози во оклопно возило на улица а поради тоа што секој ќе има оклопно возило ќе мора секој да купи против тенковско оружје...:D
ХАХАХАХААХАХА
ме изнасмеа еј...
 
Ваквите случки стануваат се почести во САД, па би требало да воведат поголема безбедност во училиштата, како во основните така и во средните .......
 
TURN OFF THE NEWS.......

Morgan Freeman's brilliant take on what happened yesterday :

"You want to know why. This may sound cynical, but here's why.

It's because of the way the media reports it. Flip on the news and watch how we treat the Batman theater shooter and the Oregon mall shooter like celebrities. Dylan Klebold and Eric Harris are household names, but do you know the name of a single *victim* of Columbine? Disturbed
people who would otherwise just off themselves in their basements see the news and want to top it by doing something worse, and going out in a memorable way. Why a grade school? Why children? Because he'll be remembered as a horrible monster, instead of a sad nobody.
CNN's article says that if the body count "holds up", this will rank as the second deadliest shooting behind Virginia Tech, as if statistics somehow make one shooting worse than another. Then they post a video interview of third-graders for all the details of what they saw and heard while the shootings were happening. Fox News has plastered the killer's face on all their reports for hours. Any articles or news stories yet that focus on the victims and ignore the killer's identity? None that I've seen yet. Because they don't sell. So congratulations, sensationalist media, you've just lit the fire for someone to top this and knock off a day care center or a maternity ward next.
You can help by forgetting you ever read this man's name, and remembering the name of at least one victim. You can help by donating to mental health research instead of pointing to gun control as the problem. You can help by turning off the news."
Making a Killing - The Untold Story of Psychotropic Drugging
http://healthfreedoms.org/making-a-killing-the-untold-story-of-psychotropic-drugging/
RIP :'(
Charlotte Bacon, 6
Daniel Barden, 7
Rachel Davino, 29
Olivia Engel, 6
Josephine Gay, 7
Ana Marquez-Greene, 6
Dylan Hockley, 6
Dawn Hochsprung, 47
Madeleine Hsu, 6
Catherine Hubbard, 6
Chase Kowalski, 7
Jesse Lewis, 6
James Mattioli, 6
Grace McDonnell, 7
Anne Marie Murphy, 52
Emilie Parker, 6
Jack Pinto, 6
Noah Pozner, 6
Caroline Previdi, 6
Jessica Rekos, 6
Avielle Richman, 6
Lauren Rousseau, 30
Mary Sherlach, 56
Victoria Soto,27
Benjamin Wheeler, 6
Allison Wyatt, 6
--- надополнето: 16 декември 2012 во 10:13 ---
Меѓу другото, затоа ние не сме „интересни“ или „значајни“ - не правиме масакри и се обидуваме да се пробиеме со културен натпревар меѓу народите. А светот воопшто тие работи не ги цени, туку ги цени крвниците.

Можеби ова е момент да се свестат малку што е она што е вистински вредно.
 
Малата Емили Паркер е една од жртвите на масакрот во Конектикан каде Адам Ленс уби 26 лица

607319uyktuyktyktuykt52-500x250.jpg

Таткото на шестгодишната Емили беше еден од ретките кои едвај собраа сили да изразат сочуство и да прозборат за трагедијата во САД.
Роберт Паркер се потсети на своето дете, нејзината насмевка, коса....и се заблагодари на сите кои активно работат на овој случај кој не само Америка, туку и цел свет го зави во црно.
-Би изразил сочуство и до семејството на Адам Ланс. Ова е голема трагедија за сите нас. Трагедија е и за семејството на убиецот. Веројатно и ме многу тешко и на овие луѓе, изјави таткото на убиената Емили.
Емили имала само шест години,а за жал е една од жртвите на Адам Ленс кој изврши масакр.
ИЗВОР
 
Цивилизацијата која ги јаде нејзините деца
„Јас сум мајката на Адам Ланза"
„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.
off.net.mk-27881.jpg

Теодор Адорно, германскиот социолог, изјавил дека да се пишува поезија по Аушвиц е варварски. Едноставно, истата таа култура која создава поезија, создала и такво зло, како што е масовно уништување на човечки суштества. Масакри како оној од основното училиште во Њутаун го актуелизираат ова прашање, со сета нивна жестина.

Што е по ѓаволите тргнато толку наопаку со американската, но и со глобалната култура која е под нејзино директно влијание, што поттикнува вакви трагедии? Да, достапноста на оружјето е еден од проблемите. Но многу поголем е како општеството се справува со агресијата, гневот и менталните растројства на неговите членови, истите оние кои неколку сцени подоцна посегнуваат по оружјето и го празнат директно во телото на заедницата, коe крвари после секој ваков инцидент. Кога работата почнала да оди наопаку? Кој и каде згрешил? Како работата да се оправи, и дали е тоа воопшто можно?

Ако мислите дека ова е далеку од македонски проблем, прочитајте го следниот текст. Една мајка потресно најавува дека нејзиниот 13-годишен син е можеби следниот масовен убиец, и повикува на помош, некого кој или е глув, или и самиот не знае како да помогне. Како би се справиле со вакво дете Ескимите, некоја мајка од Виетнам, родители од некое забаталено село во Македонија? Има ли чаре, или е просто судбина на живеењето во овие времиња, да го испратиш детето на училиште, со сиот ризик дека можеби ќе биде претепано во автобус, или изрешетано во училница? Господ нека ни е на помош. Ако не е мртов.
Три дена пред 20-годишниот Адам Ланза да ја убие мајка си, а потоа да почне да пука во училница полна со првооделенци во Конектикат, мојот 13 годишен син Мајкл (името е сменето) го пропушти школскиот автобус затоа што носеше погрешна боја пантолани.
„Можам да ги носам овие пантолани", рече, со тон кој стануваше сè поагресивен, и зеници кои се закануваа да му ги проголтаат сините очни ириси.
„Тие се морнарско плави", му реков. „Правилата во твоето училиште велат дека се дозволени само црни или темно кафеави".
„Ми рекоа дека можам да ги носам овие", инсистираше тој. „Ти си глупа кучка. Можам да си носам какви пантолани сакам. Ова е Америка. Имам права!"
„Не можеш", реков со мојот смирувачки, разумен тон. „А дефинитивно не смееш да ме нарекуваш глупава кучка. Ти забранувам да играш видео игри цел ден. Сега влегувај во колата, те носам во школо".
Живеам со син кој е ментално болен. Го сакам син ми. Но тој ме плаши.
Пред неколку недели Мајкл ми извади нож и се закани дека ќе ме убие, а потоа и самиот себеси кога му реков дека треба да ги врати позајмените книги од библиотека. Неговите браќа и сестри (7 и 9 години) го знаеjа безбедносниот план - истрчаа кон колата и ги заклучија вратите пред и да им го кажам тоа. Успеав да му го земам ножот, потоа систематски ги собрав сите остри предмети oд куќата во кутија која сега е постојано со мене. Во текот на сето тоа тој продожи да вреска и да ме навредува и да се заканува дека ќе ме убие или повреди.
Конфликтот заврши кога тројца стасити полицајци и медицинско лице се изборија со син ми за да го внесат во кола на брза помош, и за многу пари да го однесат до локалната болница. Во онаа за ментални болести немаа кревети тој ден. па Мајкл фино се смири во собата за итни интервенции, по што нè испратија дома со рецепт за Zyprexa и препорака за контрола кај локалниот педијатар-психијатар.
Сè уште не знаеме што не е во ред со Мајкл. Нешто од спектарот на АDHD (Нарушување на концентрација и хиперактивност), друг вид на нарушување на однесувањето кое се манифестира со агресија и гнев (Oppositional Defiant, Intermittent Explosive Disorder), сите овие дијагнози се вртеа на различните средби со полицајците, социјалните работници и советниците и наставниците и училишните администратори. Тој има примано големи количества антипсихотици и лекарства за менување на расположението, метод за лекување излезен од руските романи. Изгледа дека ништо од тоа не му помага.
На почетокот на седмо одделение, Мајкл беше прифатен во програма за високо талентирани ученици за наука и математика. Неговиот коефициент на интелигенција е вон постоечките табели. Кога е добро расположен не престанува да зборува за теми од грчка митологија до разлики помеѓу Ајнштајновата и Њутновата физика и Доктор Ху. Поголемиот дел од времето е добро расположен. Но кога не е, внимавајте. И не е можно да се предвиди што би можело да го предизвика.
Неколку недели откако почна да оди во средно, Мајкл почна сè почесто да покажува знаци на чудно и заканувачко однесување. Одлучивме да го преместиме во најрестриктивната програма во регионот, изолирана училишна средина каде децата кои не можат да функционираат во нормални училница можат сепак да добијат право на бесплатно јавно чување од 7:30-1:50 од понеделник до петок додека наполнат 18.
Утрото по инцидентот со пантоланите, Мајјк продолжи да се расправа со мене во кола. На моменти се извинуваше и изгледаше дека се кае. Само што стигнавме на училишниот паркинг рече: „Види мамо. Стварно ми е жал. Може да играм видео игри денес?"
„Нема шанси", му реков. „Не може да се однесуваш како утрово и да мислиш дека толку бргу ќе го сменам мислењето".
Неговото лице стана студено, а очите му се наполнија со пресметан гнев. „Тогаш ќе се убијам", рече. „Ќе скокнам од колава во моментов и ќе се убијам".
Тоа беше тоа. По инцидентот со ножот му реков дека ако уште еднаш ги изговори овие зборови ќе го однесам право во ментална болница, без ако, и, меѓутоа. Не одговорив, но ја свртев колата, на лево наместо на десно.
„Каде ме носиш?", рече, и одеднаш се загрижи. „Каде одиш?"
„Знаеш каде одам", одговорив.
„Не! Не можеш да ми го сториш тоа! Ме праќаш право во пеколот!"
Застанав пред болницата, френетично мафтајќи на еден од болничарите кои случајно стоеше надвор. „Викнете полиција", реков. „Побргу".
Мајкл веќе доби напад, врескаше и удираше. Го гушнав толку силно што да не може да избега од колата. Ме удри неколку пати и ми ги зари лактите во ребрата. Сè уште сум посилна од него, но нема да бидам уште долго.
Полицијата дојде и го однесе син ми кој врескаше и удираше. Почнав да се тресам, и со солзи ги пополнив формуларите - „Дали имало претходно тешкотии...на која возраст вашето дете..дали имало проблеми со...дали некогаш вашето дете искусило...дали вашето дете има..."
Барем во моментов имаме здравствено осигурување. Неодамна прифатив работно место во локалниот колеџ, одрекувајќи се од кариерата на фриленсер бидејќи кога имате дете како ова ви требаат бенефиции. Ќе сторите сè за бенефиции. Ниту еден поединечен план за осигурување нема да ви покрие нешто вакво.
Неколку дека син ми инсистираше дека лажам - дека сè сум измислила за да се ослободам од неего. Првиот ден кога се јавив за да проверам како ми рече: „Те мразам и ќе ти се одмаздам веднаш штом излезам од тука."
Веќе третиот ден беше спокојното, слатко дете, со сите извинувања и ветувања дека ќе биде подобро. Сум чула многу такви во текот на годините. Веќе не им верувам.
На формуларот под „Кои се вашите очекувања од третманот?" напишав, „Ми треба помош."
И навистина е така. Проблемот е преголем за да излезам на крај со него самата. Некогаш едноставно нема добри опции. Па само се молите за илост и верувате дека долгорочно се' ќе има некаква смисла.
Ја споделувам оваа приказна затоа што јас сум му мајка на Адам Ланза. Јас сум мајка на Дилан Клеболд и Ерик Харис. Јас сум мајка на Џејсон Холмс. Јас сум мајка на Џеред Лоуфнер. Јас сум мајка на Сенг-Хуи Чо. И на сите овие момчиња - и на нивните мајки - им треба помош. Во зората на уште една национална трагедија лесно е да се зборува за оружјето. Но време е да се зборува за менталните болести.
Според Mother Jones, oд 1982 се случиле 61 масовни убиства со огнено оружје во земјата. Од нив, 43 од убијците биле бели мажи, а само една жена. Повеќето од убијците легално го набавиле оружјето. Но овој видлив знак на ментална болест треба да нè натера да размислиме колку луѓе живеат во САД со ваков страв, со каков што живеам јас.
Кога го прашав социјалниот работник на син ми кои се моите опции, тој рече дека единственото нешто кое можам да го сторам е да направам Мајкл да биде обвинет за кривично дело. „Ако се врати во системот така ќе има документација за него", рече тој. „Тоа е единствениот начин. Никој нема да обрне внимание на него ако не го обвините".
Не верувам дека син ми треба да оди во затвор. Хаотичната околина уште повеќе го стимулира и не прави ништо во врска со патологијата која е во основата на неговото однесување. Но изгледа дека Америка го користи затворот како решение за ментално болните. Внимавајте, бројот на ментално болни затвореници во затворите во САД за четири пати се зголемил од 2000. до 2006., и продожува да расте - всушност, стапката на ментална болест кај нив е пет пати поголема (56%) отколку кај „обичното" население.
Со затворањето на центрите кои пружаат државна помош и затворањето на болниците, затворите сега се последно уточиште за ментално болните - во Rikers Island, најголемиот затвор во Лос Анѓелес и Cook Country Jail во Илиноис од 2011. се наоѓаат најголемите центри за третман на национално ниво.
Никој не сака да го испрати својот 13-годишен генијалец кој го сака Хари Потер сосе неговата збирка животни за гушкање во затвор. Но во нашето општество, со неговата стигма во врска со менталните болести и неговиот разрушен здравствен систем не ни дава други опции. Потоа некоја друга измачена душа ќе извади оружје среде фаст фуд ресторан. Трговски центар. Училница. И ние кршиме прсти и велиме: „Нешто мора да се стори".
Се согласувам дека мора нешто да се стори. Време е за промислен, национален разговор во врска со менталното здравје. Тоа е единствениот начин на кој нашата нација може навистина да зацели.
Господ нека ми помогне. Господ нека му помогне на Мајкл. Господ нека ни помогне на сите.
Лиза Лонг
(на фотографијата - „Мајкл“ со пеперутка)
 
Да, да и јас го прочитав ова. Тотално е точно. Психијатарска помош е круцијална, а голема стигма ја опкружува. Државата треба да стори нешто овие индивидуи да имаат како жиг на личните карти и на возачките. Плус, повторно, домашната средина е најбитна. Ако приметуваш, мајкиве се све самохрани мајки без присуство на таткова фигура.
 
И фактот дека не игра каиш доволно е голем проблем.

Детето и користи класични финти за да си добие што сака ( зошто знае дека ќе попушти ако притисне некој копчиња ),проблемот е многу едноставен место они да го воспитуваат него он ги тренира нив.

Не исклучувам дека детево е болно али знаејќи како во Америка секое второ дете го клукаат со апчиња дека имал растројство на внимание,што кај нас се вика "не му се учи" не би оценувал толку брзо дали детево има вистински проблеми посебно кога има полни ментални и физички способности а главниот проблем му е однесување.

И што ќе направат сега тие од менталната болница ќе го наклукаат на апчиња за смирување да биде како билка и што ќе прави до крај на животот,ќе вегетира по болници додека мајка му има осигурување?

Ова го гледам кај луѓе кој се толку опседнати со своите кучиња ( иако не споредувам дете и куче ) што наместо они да ги дресираат нив,кучињава ги имаат издресирано нив.Кучево му замавнува за каснување кога сака да му ја земе чинијата со храна да му дотури и овој уште вика остај го ќе се смири.:confused: Јас не знам кој кого чува како милениче во таква ситуација.

Кај детево не знам кој е родителот.Место она да му вика дека ќе го тепа ако не прекине овој и вика дека ќе ја тепа ( и ја тепа ) ако не му даде што сака.

.
 
Најдобро би било прво родителот да увиди какво дете расте. Ако секој родител е свесен за своето дете шансите да се случат вакви масакри ќе се намалат. Нема никаква врска самохран родител или не, овие мали монструми имаат ментален проблем, сите се надпросечно интелегентни и не се социјализирани со изразита агресија. Ако секој родител си го детектира сопственото дете, ќе заштити многу други.
Сепак Америка е од милиони и милиони составена, шансите да има вакви појави се големи.
 
Така е....ама до некаде и има врска дали е самохрана мајка. Овде, во САД, жената има да работи и 3 работи за да може да се прехрани себе и децата. Мажите некогаш ги снемува во воздух, работат на црно да не плаќаат за децата итн итн. Ситуацииве се страшни.

Исто така, некој рече зошо белци само вакви стануваат во САД.....па мое мислење би било дека жени црнкињи многу строго ги држат децата и не ги распрдуваат.
 
Цивилизацијата која ги јаде нејзините деца
„Јас сум мајката на Адам Ланза"
„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.
off.net.mk-27881.jpg

Теодор Адорно, германскиот социолог, изјавил дека да се пишува поезија по Аушвиц е варварски. Едноставно, истата таа култура која создава поезија, создала и такво зло, како што е масовно уништување на човечки суштества. Масакри како оној од основното училиште во Њутаун го актуелизираат ова прашање, со сета нивна жестина.

Што е по ѓаволите тргнато толку наопаку со американската, но и со глобалната култура која е под нејзино директно влијание, што поттикнува вакви трагедии? Да, достапноста на оружјето е еден од проблемите. Но многу поголем е како општеството се справува со агресијата, гневот и менталните растројства на неговите членови, истите оние кои неколку сцени подоцна посегнуваат по оружјето и го празнат директно во телото на заедницата, коe крвари после секој ваков инцидент. Кога работата почнала да оди наопаку? Кој и каде згрешил? Како работата да се оправи, и дали е тоа воопшто можно?

Ако мислите дека ова е далеку од македонски проблем, прочитајте го следниот текст. Една мајка потресно најавува дека нејзиниот 13-годишен син е можеби следниот масовен убиец, и повикува на помош, некого кој или е глув, или и самиот не знае како да помогне. Како би се справиле со вакво дете Ескимите, некоја мајка од Виетнам, родители од некое забаталено село во Македонија? Има ли чаре, или е просто судбина на живеењето во овие времиња, да го испратиш детето на училиште, со сиот ризик дека можеби ќе биде претепано во автобус, или изрешетано во училница? Господ нека ни е на помош. Ако не е мртов.
Три дена пред 20-годишниот Адам Ланза да ја убие мајка си, а потоа да почне да пука во училница полна со првооделенци во Конектикат, мојот 13 годишен син Мајкл (името е сменето) го пропушти школскиот автобус затоа што носеше погрешна боја пантолани.
„Можам да ги носам овие пантолани", рече, со тон кој стануваше сè поагресивен, и зеници кои се закануваа да му ги проголтаат сините очни ириси.
„Тие се морнарско плави", му реков. „Правилата во твоето училиште велат дека се дозволени само црни или темно кафеави".
„Ми рекоа дека можам да ги носам овие", инсистираше тој. „Ти си глупа кучка. Можам да си носам какви пантолани сакам. Ова е Америка. Имам права!"
„Не можеш", реков со мојот смирувачки, разумен тон. „А дефинитивно не смееш да ме нарекуваш глупава кучка. Ти забранувам да играш видео игри цел ден. Сега влегувај во колата, те носам во школо".
Живеам со син кој е ментално болен. Го сакам син ми. Но тој ме плаши.
Пред неколку недели Мајкл ми извади нож и се закани дека ќе ме убие, а потоа и самиот себеси кога му реков дека треба да ги врати позајмените книги од библиотека. Неговите браќа и сестри (7 и 9 години) го знаеjа безбедносниот план - истрчаа кон колата и ги заклучија вратите пред и да им го кажам тоа. Успеав да му го земам ножот, потоа систематски ги собрав сите остри предмети oд куќата во кутија која сега е постојано со мене. Во текот на сето тоа тој продожи да вреска и да ме навредува и да се заканува дека ќе ме убие или повреди.
Конфликтот заврши кога тројца стасити полицајци и медицинско лице се изборија со син ми за да го внесат во кола на брза помош, и за многу пари да го однесат до локалната болница. Во онаа за ментални болести немаа кревети тој ден. па Мајкл фино се смири во собата за итни интервенции, по што нè испратија дома со рецепт за Zyprexa и препорака за контрола кај локалниот педијатар-психијатар.
Сè уште не знаеме што не е во ред со Мајкл. Нешто од спектарот на АDHD (Нарушување на концентрација и хиперактивност), друг вид на нарушување на однесувањето кое се манифестира со агресија и гнев (Oppositional Defiant, Intermittent Explosive Disorder), сите овие дијагнози се вртеа на различните средби со полицајците, социјалните работници и советниците и наставниците и училишните администратори. Тој има примано големи количества антипсихотици и лекарства за менување на расположението, метод за лекување излезен од руските романи. Изгледа дека ништо од тоа не му помага.
На почетокот на седмо одделение, Мајкл беше прифатен во програма за високо талентирани ученици за наука и математика. Неговиот коефициент на интелигенција е вон постоечките табели. Кога е добро расположен не престанува да зборува за теми од грчка митологија до разлики помеѓу Ајнштајновата и Њутновата физика и Доктор Ху. Поголемиот дел од времето е добро расположен. Но кога не е, внимавајте. И не е можно да се предвиди што би можело да го предизвика.
Неколку недели откако почна да оди во средно, Мајкл почна сè почесто да покажува знаци на чудно и заканувачко однесување. Одлучивме да го преместиме во најрестриктивната програма во регионот, изолирана училишна средина каде децата кои не можат да функционираат во нормални училница можат сепак да добијат право на бесплатно јавно чување од 7:30-1:50 од понеделник до петок додека наполнат 18.
Утрото по инцидентот со пантоланите, Мајјк продолжи да се расправа со мене во кола. На моменти се извинуваше и изгледаше дека се кае. Само што стигнавме на училишниот паркинг рече: „Види мамо. Стварно ми е жал. Може да играм видео игри денес?"
„Нема шанси", му реков. „Не може да се однесуваш како утрово и да мислиш дека толку бргу ќе го сменам мислењето".
Неговото лице стана студено, а очите му се наполнија со пресметан гнев. „Тогаш ќе се убијам", рече. „Ќе скокнам од колава во моментов и ќе се убијам".
Тоа беше тоа. По инцидентот со ножот му реков дека ако уште еднаш ги изговори овие зборови ќе го однесам право во ментална болница, без ако, и, меѓутоа. Не одговорив, но ја свртев колата, на лево наместо на десно.
„Каде ме носиш?", рече, и одеднаш се загрижи. „Каде одиш?"
„Знаеш каде одам", одговорив.
„Не! Не можеш да ми го сториш тоа! Ме праќаш право во пеколот!"
Застанав пред болницата, френетично мафтајќи на еден од болничарите кои случајно стоеше надвор. „Викнете полиција", реков. „Побргу".
Мајкл веќе доби напад, врескаше и удираше. Го гушнав толку силно што да не може да избега од колата. Ме удри неколку пати и ми ги зари лактите во ребрата. Сè уште сум посилна од него, но нема да бидам уште долго.
Полицијата дојде и го однесе син ми кој врескаше и удираше. Почнав да се тресам, и со солзи ги пополнив формуларите - „Дали имало претходно тешкотии...на која возраст вашето дете..дали имало проблеми со...дали некогаш вашето дете искусило...дали вашето дете има..."
Барем во моментов имаме здравствено осигурување. Неодамна прифатив работно место во локалниот колеџ, одрекувајќи се од кариерата на фриленсер бидејќи кога имате дете како ова ви требаат бенефиции. Ќе сторите сè за бенефиции. Ниту еден поединечен план за осигурување нема да ви покрие нешто вакво.
Неколку дека син ми инсистираше дека лажам - дека сè сум измислила за да се ослободам од неего. Првиот ден кога се јавив за да проверам како ми рече: „Те мразам и ќе ти се одмаздам веднаш штом излезам од тука."
Веќе третиот ден беше спокојното, слатко дете, со сите извинувања и ветувања дека ќе биде подобро. Сум чула многу такви во текот на годините. Веќе не им верувам.
На формуларот под „Кои се вашите очекувања од третманот?" напишав, „Ми треба помош."
И навистина е така. Проблемот е преголем за да излезам на крај со него самата. Некогаш едноставно нема добри опции. Па само се молите за илост и верувате дека долгорочно се' ќе има некаква смисла.
Ја споделувам оваа приказна затоа што јас сум му мајка на Адам Ланза. Јас сум мајка на Дилан Клеболд и Ерик Харис. Јас сум мајка на Џејсон Холмс. Јас сум мајка на Џеред Лоуфнер. Јас сум мајка на Сенг-Хуи Чо. И на сите овие момчиња - и на нивните мајки - им треба помош. Во зората на уште една национална трагедија лесно е да се зборува за оружјето. Но време е да се зборува за менталните болести.
Според Mother Jones, oд 1982 се случиле 61 масовни убиства со огнено оружје во земјата. Од нив, 43 од убијците биле бели мажи, а само една жена. Повеќето од убијците легално го набавиле оружјето. Но овој видлив знак на ментална болест треба да нè натера да размислиме колку луѓе живеат во САД со ваков страв, со каков што живеам јас.
Кога го прашав социјалниот работник на син ми кои се моите опции, тој рече дека единственото нешто кое можам да го сторам е да направам Мајкл да биде обвинет за кривично дело. „Ако се врати во системот така ќе има документација за него", рече тој. „Тоа е единствениот начин. Никој нема да обрне внимание на него ако не го обвините".
Не верувам дека син ми треба да оди во затвор. Хаотичната околина уште повеќе го стимулира и не прави ништо во врска со патологијата која е во основата на неговото однесување. Но изгледа дека Америка го користи затворот како решение за ментално болните. Внимавајте, бројот на ментално болни затвореници во затворите во САД за четири пати се зголемил од 2000. до 2006., и продожува да расте - всушност, стапката на ментална болест кај нив е пет пати поголема (56%) отколку кај „обичното" население.
Со затворањето на центрите кои пружаат државна помош и затворањето на болниците, затворите сега се последно уточиште за ментално болните - во Rikers Island, најголемиот затвор во Лос Анѓелес и Cook Country Jail во Илиноис од 2011. се наоѓаат најголемите центри за третман на национално ниво.
Никој не сака да го испрати својот 13-годишен генијалец кој го сака Хари Потер сосе неговата збирка животни за гушкање во затвор. Но во нашето општество, со неговата стигма во врска со менталните болести и неговиот разрушен здравствен систем не ни дава други опции. Потоа некоја друга измачена душа ќе извади оружје среде фаст фуд ресторан. Трговски центар. Училница. И ние кршиме прсти и велиме: „Нешто мора да се стори".
Се согласувам дека мора нешто да се стори. Време е за промислен, национален разговор во врска со менталното здравје. Тоа е единствениот начин на кој нашата нација може навистина да зацели.
Господ нека ми помогне. Господ нека му помогне на Мајкл. Господ нека ни помогне на сите.
Лиза Лонг
(на фотографијата - „Мајкл“ со пеперутка)

odnesi go u manastir i ostaj go....neka cuka kambani cel zivot...
 
Американците си имаат проблем со претераната контрола на родителите и со тоа ги прават децата царови во куќата.И ете ќе се погоди натпросечно интелегентно несоцијализирано дете и користи ситуација за да ќари.Ко што глеам низ емисии за ситуацијата во фамилијата кај нив,и претерано ги галат децава.Сеа детево може да не е болно само да си пробало да ја искористи мајкаму,а од ментална болница не верувам здраво да искочи.Друго и кај нас има разни психопати,има и оружје колку сакаш ама ретардоси што ги има во секоја населба се на маргините во опшеството и се шекнуваат,жално за нив али барем не убиваат 20 деца.
 
Америка е бр. еден у свет по оружје по глава на жител (тука, не зборуваме за оружјето во сопственост на војската).
Коа на реднеците и хилбилиевците ќе им го соберат оружјето од по дома (пред се поради вакви случаи), е тогаш знајте дека причите со нов светски поредок и тајни заговори, ќе почнат да се обистинуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom